Македонија
Партијата на пензионери се откажува од државните финансиски средства
Партијата на пензионери соопшти дека доброволно се откажува од финансиските средства, кои треба да ги добие од државниот буџет до крајот на оваа година.
Со овој гест, Партијата сака со личен пример да даде свој скромен придонес во надминување на претстоечката тешка финансиска положба на Фондот за здравство.
„Партијата на пензионери цени дека, во време на непредвидливо ширење на коронавирусот Ковид-19, врвен приоритет на државата е заштита на животот и здравјето на луѓето. Имајќи предвид дека пензионерите и другите маргинализирани општествени групи се најзагрозени од епидемијата на коронавирусот, Партијата на пензионери апелира до сите општествени чинители, кои се во можност, да искажат свој гест на хуманост и солидарност и да помогнат на најзагрозените лица во државата“, велат од ПП.
Партијата на пензионери, во оваа пригода, ги информира граѓаните и своето членство дека партиските функционери и членовите на раководните органи во ПП, уште од основањето на партијата, не примале и не примаат никави финансиски средства како надомест за извршување на своите функции, или извршување на партиски активности, односно сите активности во ПП се волонтерски и самофинансирани со лични средства.
Партијата упати апел до сите граѓани, политички партии, невладини организации, медиуми и други субјекти во овој тежот период да престанат со дефетистичко однесување и ширење лажни вести, бидејќи само на тој начин можат да придонесат во надминување на кризата.
„Во тој контекст, повикуваме да ги следиме и почитуваме мерките и активностите што ги презема Владата и другите државни органи, а партиските кампањи да ги оставиме за други времиња“, додава партијата.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Региони
Поради магла и загаден воздух откажани летовите на аеродромот во Сараево
Поради лошите временски услови предизвикани од магла синоќа и утринава откажани се некои летови на меѓународниот аеродром во Сараево.
Од меѓународниот аеродром во Сараево откажани се летовите кои пристигнуваат од Виена, Истанбул и Загреб, а со тоа и појдовните летови од Сараево.
„Останатите летови засега се на распоред и очекуваме наскоро да се подобрат временските услови на меѓународниот аеродром во Сараево“, велат од аеродромот за сараевската телевизија N1.
Македонија
„Планот за враќање на Груевски, оркестриран од високи експоненти на ДУИ, е нож во грб на Албанците“, велат од ВЛЕН
„Поминаа четири дена откако јавноста беше потресена од шокантните откритија за ДУИ и нејзината разбиена клика. Што прават тие? Mолчат!“, велат од ВЛЕН.
„Планот за враќање на Никола Груевски, оркестриран од високи експоненти на ДУИ, е нож во грб на Албанците. Вас, на кого Албанците му веруваа, работевте скришно да го вратите нивниот најголем непријател. Зошто? За да ја зачувате вашата скапана моќ!
За враќање на Груевски и амнестија беа искористени тајните средби, притисокот врз институциите и вмешаноста на високи функционери. Но, овој срамен план пропадна и сега Албанците бараат одговори.
ВЛЕН нема да молчи. Од Скопје му велиме на Али Ахмети, немој да се криеш во Швајцарија, туку врати се и дај отчет. Зошто сета оваа љубов кон Груевски? Што имаш ти со тоа? Какви пазарења направивте и што се обидувате да скриете од Албанците?
Албанскиот народ повеќе нема да се изманипулира. Правдата доаѓа, а вашите игри завршија. Ќе се разоткријат лаги, манипулации и тајни зделки. Албанците ја заслужуваат вистината и ќе ја добијат“, соопштуваат од ВЛЕН.
Македонија
„Каранфилова Пановска работеше да го донесе Заев на власт, кој на Македонија и ги направи најголемите национални предавства“, велат од ВМРО-ДПМНЕ
„Со партиската игранка од пред некој ден, СДС само потврди дека со неа сè уште раководи Зоран Заев. Заев ја води СДС преку неговиот неврохирург, Венко Филипче, кој е негова продолжена рака и преку избраните 40 потрчковци“, вели ВМРО-ДПМНЕ.
„Неврохирургот на Заев, Филипче, на кој живи му изгореа 14 луѓе во модуларната болница во Тетово и кој без трошка срам и грижа на совест не понесе никаква одговорност, сега се продава како ново лице во политичката сцена.
Но секако, освен неговите 40 потрчковци желни за власт и позиции, никој друг не им верува, дури ни нивните членови, а најмалку македонските граѓани.
Неврохирургот на Заев, Венко Филипче освен што нема никаква грижа на совест и чувство за одговорност, очигледно е опериран и од срам, па така на партиската игранка за негова заменичка ја избрал поранешната претседателка на Сорос во Македонија.
За Фани Каранфилова Пановска, неврохирургот на Заев, Филипче рече дека во себе ги имала социјалдемократските вредности, а истата таа во Сорос земала плата од 3.400 евра.
Од јавно достапните информации од Фондацијата Сорос Македонија, можеме да видиме дека за 2014-та година земала бруто во износ од 2.030,118 денари. А на просечен македонски граѓанин, па и чесен член на СДС им треба пет години да работи за да стигне до оваа баснословна сума која, Каранфилова Пановска ја земала во една година.
Како со ваквите астрономски месечни хонорари и скапи журки по елитни хотели во Дубаи, неврохирургот на Заев, Филипче и потрчкото Каранфилова Пановска ќе им објаснат на јавноста дека се грижат за потребите на граѓаните и дека ќе креираат политики за доброто на државата.
Освен ова, Каранфилова Пановска не може да биде ново лице, затоа што таа е дел од луѓето коишто работеа да го донесат Зоран Заев на власт, кој пак е причината за катастрофалниот пад на СДС, но и за назадувањето на Македонија.
Каранфилова Пановска е уште една продолжена рака на Заев во СДС и дел од 40-те потрчковци на чело со неговиот неврохирург, Венко Филипче.
Сите лица во сегашното раководство на СДС се продолжение на партијата од периодот на владеење на Заев, кога на Македонија и донесе многу национални порази. Во СДС ништо не е сменето, а најмалку Заев“, соопшти ВМРО-ДПМНЕ.