Македонија
Измена на возниот ред на јавниот превоз за викендот
Ве информираме дека во согласностс со одлуката на Владата на РСМ за забрана за движење на населението за време на викендот во периодот од 16 до 5 часот, ќе има измени во возниот ред на јавниот превоз, а изменето работно време ќе имаат и билетарниците и центрите за персонализација.
Од 7.30 до 13 часот в сабота ќе работат билетарниците во Бутел (кај поранешното кино), Кисела Вода, Лисиче и билетарницата во населбата Даме Груев.
Од 7.30 до 14 в сабота ќе работат билетарниците во ГТЦ, Аеродром, Ѓорче Петров, Ново Лисиче, Буњаковец, Зелен пазар, Бутел (кај пазарот), а истото работно време ќе важи и за билетарниците во Маџари, Драчево, кај дирекција на ЈСП „Скопје“, Сарај и Дом на печатот.
В недела, од 7.30 до 13 часот, ќе работат билетарниците во Ѓорче Петров, кај Зелениот пазар и таа на излезот кај Транспортен центар.
*Од 7.30 до 14 часот в сабота ќе работат центрите во Карпош 2, на Бит-пазар и Транспортен центар.
В недела ќе бидат затворени.
Билети може да се купат и во над сто маркети и трафики.
Последните термини на поаѓање на линиите 4, 4А, 8, 16, 21, 27, 28 и 59 се исти како и во сабота.
Линиите 13, 17, 21А и 42 не сообраќаат.
Линија 2 14.35 ч од Автокоманда 14.45 ч од Сарај
Линија 2А 13.11 ч од Железара 14.05 ч од Сарај
Линија 3 15 ч од Панорама 15 ч од Спортска сала „Јане Сандански“
Линија 3Б 13.18 ч од Кванташки пазар 14 ч од Панорама
Линија 5 15.07 ч од Н. Лисиче 14.49 ч од Дексион
Линија 7 14.42 ч од Г. Лисиче 14.59 ч од Карпош 3
Линија 8 15 ч од Љуботенски Пат 15 ч од Влае
Линија 9 15.06 од Клинички центар 14.31 ч од Скопје Север
Линија 15 14.55 ч од Н. Лисиче 14.15 ч од Карпош 4
Линија 15а 14.20 ч од Н. Лисиче 15 ч од Карпош 4
Линија 19 14.20 ч од Карпош 4 14.12 ч од Шуто Оризари
Линија 22 15.05 ч од Трговски центар 14.55 ч од Лепенец
Линија 22А 15.03 ч од Клинички центар 13.50 ч од Лепенец
Линија 24 15.10 ч од Припор 15.10 ч од Тафталиџе 2
Линија 41 15.12 ч од Трговски центар 14.52 ч од Драчево „Типо“
Линија 50 15.08 ч од Хиподром 15.20 ч од Клинички центар
Линија 57 15.11 ч од Радишани 14.54 ч од Козле
Линија 65В 14.53 ч од Транспортен центар 15.06 ч од Стајковци Бр. пат
Линии на приватни превозници:
Сабота (28.3.2020 година)
Линија 9 14.52 ч од Клинички центар 14.59 ч од Скопје Север
Линија 11 14.25 ч од Трговски центар 14.25 ч од Рашче
Линија 11а 14 ч од Трговски центар 13 ч Свиларе
Линија 12 14.40 ч од Шишево 15.05 ч од Скопски саем
Линија 19 14.45 ч од Карпош 4 15 ч од Шуто Оризари
Линија 20 15 ч од Трговски центар 15 ч од Шуто Оризари
Линија 22 14.53 ч од Трговски центар 14.26 ч од Лепенец
Линија 23 14.54 ч од Ченто 14.54 ч од Дом на печат
Линија 45 15 ч од Трговски центар 15 ч од Ченто
Линија 47а 13.30 ч од Трговски центар 14.15 ч од Љуботен
Линија 52 13.20 ч од Трговски центар 14.20 ч од Ржаничино
Линија 55 14.50 ч од Арачиново 14.50 ч од Тр.центар
Линија 61 15.30 ч од Трговски центар 14.45 ч од Побожје
Линија 63 14.10 ч од Трговски центар 13.20 ч од Мралино
Линија 73 14.20 ч од Усје 15 ч од Скопски саем
Недела (29.3.2020 год)
Последните поаѓања на возилата на линиите 9, 11, 11а, 12, 20, 45, 47а и 63 ќе бидат во истиот термин како и во сабота.
Линијата 73 нема да сообраќа.
Линија 19 14.40 од Карпош 4 15 ч од Шуто Оризари
Линија 22 14.45 ч од Трговски центар 14.35 ч од Лепенец
Линија 23 14.55 ч од Ченто 14.55 од Ченто
Линија 52 13.10 ч од Трговски центар 14.20 ч од ‘Ржаничино
Линија 55 13.55 ч од Трговски центар 14.30 од Арачиново
Линија 61 13.50 ч од Трговски центар 14.45 ч од Побожје
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Променливо облачно време со врнежи од дожд и снег
Времето денеска ќе биде променливо облачно со слаби локални врнежи од дожд и снег, а на повисоките места и на планините од слаб снег. Ќе дува слаб до умерен ветер претежно од североисточен правец.
Максималната температура ќе биде во интервал од 1 до 7 степени, јавува УХМР.
Во Скопје, променливо облачно со слаб ветер од североисточен правец. Максималната температура ќе достигне до 6 степени.
Македонија
Намалена видливост поради магла кај Плетвар, Крушево, Стража
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено по претежно влажни коловози. Врнежи од снег на планинските премини Ѓавато и Буково без задржување на коловоз.
Намалена видливост до 50 метри и појава на магла на планинскиот премин Плетвар, Крушево до 50 м. Стража до 80м. и на патниот правец Тетово – с.Лисец до 80 м, јавува АМСМ во утринскиот извештај за состојбата на патиштата.
Од 15.11.2025 година започна законската обврска за задолжително поседување на зимска опрема во возилата, без оглед на моменталната временска состојба. Оваа обврска ќе трае до 15.03.2026 година.
Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата.
АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.
Патниот правец Охрид – Ресен преку националниот парк Галичица од 21 ноември е затворен за сообраќај за сите видови возила.
Македонија
Променливо облачно време во Македонија – утре дожд и снег, нов бран врнежи од вторник
Времето утре променливо облачно со слаби локални врнежи од дожд и снег, а на некои повисоки места и на планини од слаб снег. Ќе дува слаб до умерен ветер претежно од североисточен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од -6 до 1, а максималната ќе достигне од 2 до 7 степени.
Во Скопје, променливо облачно со слаб ветер од североисточен правец. Минималната температура ќе се спушти до -3, а максималната ќе достигне до 5 степени, јавува УХМР.
Во следните денови ќе преовладува променливо облачно време. Во понеделник и во вторник преку денот времето ќе биде стабилно и суво. Во вторник кон крајот на денот, во текот на ноќта и во среда се очекуваат нови врнежи претежно од снег.

