Спорт
„Џезерите“ Гобер и Мичел го победија коронавирусот!

Првите заразени кошаркари во НБА-лигата, Французинот Руди Гобер и Американецот Донован Мичел, играчи на тимот на Јута Џез, потполно оздравеле од опасниот вирус, соопштија од клубот.
„Играчите веќе не претставуваат дел од инфекцијата“, соопштија од Јута Џез.
Потврдено е дека нема нови заразени во екипата, иако Гобер прилично невнимателно се однесуваше со колегите од екипата и со новинарите пред да биде откриено дека е позитивен на вирусот Ковид-19.
Впрочем, непосредно по информацијата дека Гобер, а подоцна и неговиот клупски колега Донован Мичел, се заразени со корона, НБА-лигата донесе одлука за прекин на натпреварувањето.
Бројот на заразени во САД рапидно расте, а информациите се дека околу 100.000 луѓе во земјата се позитивни на опасниот вирус.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Спорт
Жестока казна за Жозе Мурињо

Тренерот на Фенербахче, Жозе Мурињо доби жестока казна поради инцидентот по крајот на турското дерби против Галатасарај.
Во понеделникот, по ремито 0-0 во големата пресметка во Истанбул, португалскиот стручњак имитираше мајмунски движења по реакциите на клупата на Галатасарај.
Потоа отиде во судиската соблекувална каде сакаше да разговара со главниот судија Славко Винчиќ од Словенија.
Поради сето ова ќе биде суспендиран на четири натпревари и ќе мора да плати парична казна од 35.194 фунти.
Однесувањето на Мурињо беше окарактеризирано како „чин против „спортскиот дух“ и „спротивно на етиката на спортот и концептот на фер-плеј“.
Фенербахче и официјално потврди дека ќе се жали на казната која му е изречена на Мурињо.
Спорт
Убедлив пораз на пелистер во Берлин

Еурофарм Пелистер доживеа убедлив пораз во Берлин од Фуксе (39:29) во претпоследното коло од фазата по групи во Лигата на шампионите. Со овој пораз македонскиот шампион остана без шанси за пласман во нокаут фазата.
Фуксе ја оправда улогата на апослутен фаворит. Во која насока ќе се движи натпреварот беше јасно по само десет минути игра кога домашниот тим дојде до водство 7:1. Пелистер до крајот на првиот дел успеа да истопи дел од предноста, но во вториот дел немаше сили да одговори на ритамот на Фуксе.
Филип Кузмановски со седум голови беше најефикасен во составот на Пелистер, Шебиб постигна шест. Кај Фуксе Ландоф и Гидсел дадоа по девет.
Пелистер во последното коло го пречекува ПСЖ.
Спорт
Барселона и Бетис се договорија, Витор Роке се сели во Палмеирас

Барселона и Бетис постигнаа договор околу Витор Роке. Младиот Бразилец се враќа во татковината, кариерата ќе ја продолжи во Палмеирас.
Барселона за Роке плати речиси 40 милиони евра. Бразилецот беше најавен како нова голема ѕвезда, но ниту доби вистинска шанса најпрвин кај Чави, а потоа и кај Флик, ниту ги оправда очекувањата кога ќе добиеше шанса.
Минатото лето Барселона го испрати на позајмица во Бетис. Не блескаше ниту кај Мануел Пелегри. Пред еден месец Барселона доби понуда од Палмеирас од 25 милиони евра и Барса да задржи 20 отсто од следната продажба.
Џоан Лапорта ја прифати понудата но мораше да го убеди Бетис да ја раскине позјмицата.
Тоа се случи откако Барселона се откажа од 30 отсто од правата што ги имаше врз Ез Абде. Барселона за крилниот напаѓач од Бетис доби 7,5 милиони евра и задржа 50 отсто од правата од наредната продажба. Со новиот договор Барселона од евентуалниот наводен трансфер на Ез Абде ќе добие 20 отсто.
Исто така Бетис од Палмеирас ќе добие компензација од 6 милиони евра.