Црна хроника
Искрење на далековод поради невремето предизвика пожар во Арачиново

Стрниште со површина од 4,5 декари и 100 бали слама изгореа во пожар што во вторникот околу 20:30 часот избувна на нива кај скопско Арачиново, информираат од Министерството за внатрешни работи.
Според кажувањето на сопственикот на нивата, пожарот избувнал откако, поради силен ветер, каблите од далеководот се споиле и исфрлиле искри што паднале на стрништето и настанал пожарот.
По интервенција на Бригадата за противпожарна заштита – Скопје огнот е изгаснат. /крај/со/ач
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Црна хроника
Тешко повреден работник додека демонтирал скеле во Драчево

Педесет и двегодишен работник од Скопје бил со тешки повреди донесен вчера на Комплексот клиники.
Тој се здобил со повреди при демонтирање на скеле на улицата Партизански пат во Драчево, Скопје.
Се работи на расчистување на случајот.
Црна хроника
Ужас наместо одмор: скопјанка нападната од партнерот во Грција

Триесет и четиригодишна жена од Скопје во МВР пријавила дека била нападната од страна на партнерот Д. Т. (36).
Нападот, според пријавеното, се случил вчера во апартман во Република Грција.
Се преземаат мерки за расчистување на случајот.
Црна хроника
Велешанец со четирицикл излета од патoт кај Чашка, тешко повреден

Четирицикл управуван од Д.Н.(40) од Велес, излетал надвор од коловозот на регионалниот пат село Извор,општина Чашка
Во несреќата велешанецот се здобил со тешки телесни повреди, а со телесни повреди се здобила неговата сопатничка Ј.Н.(37) од Велес констатирани во Општата болница Велес.
Извршен бил увид.