Македонија
Арсовски: Воено профитерство во време на криза, хуманоста на Владата граѓаните ја плаќаат стотици евра

Владата се обидува да се амнестира за целиот сомнеж за криминал кој го прави, пропратен со лажни грижи за граѓаните. Нема хуманитарна акција каде што граѓаните сами си плаќаат, изјави портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ, Димче Арсовски за време на прес-конференција, откако Владата преку официјално соопштение објави приватни разговори помеѓу претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски и Генералниот секретар на Владата, Драги Рашковски.
Арсовски кажа дека Мицкоски нема да го тужи Рашкоски, поради незаконското објавување на приватни разговори, затоа што, како што рече Арсовски, добро е граѓаните да знаат дека ВМРО-ДПМНЕ се против печалењето пари на грбот на граѓаните кои се враќаат од странство.
„Она кое што сакаме да го потенцираме во јавноста од изнесените пораки е дека постои сериозен сомнеж за криминал, аванта и воено профитерство, дури и во кризни моменти кога се работи за здравјето и безбедноста на нашите граѓани кои се враќаат од секаде од светот во Република Макединија. И да, мораме јавно да потврдиме, секогаш кога ќе има сериозни сомнежи за криминал од страна на Владата, бидејќи се работи за граѓаните и државата, ќе вршиме притисок во рамките на можностите да не се врши грабеж на маката на граѓаните“, рече Арсовски.
Додаде дека изминативе 2 дена имало стотици сведоштва од граѓани со докази, кои се вратиле во државава со превоз организиран од Владата, кој се нарекува хуманитарeн, но не е таков, бидејќи граѓаните сами си го плаќаат превозот и враќањето во државата.
„Сите сведоштва, дел од нив и јавни лица од јавниот живот познати на целата држава кои сведочеа за нечовечките услови со кои се третираат граѓаните на патот од аеродром или од граница до карантин. Со часови чекаат во автобуси, никој не ги пушта во тоалет, не им се носи храна и вода.
Други сведоштва велат дека на патниците им било кажувано дека превозот ќе чини многу помалку од што им се наплатил, а им се наплатил многу повеќе од што им било кажано 100тина евра повеќе, по што дел од патниците јавно се побунија на социјалните медиуми“, рече Арсовски.
Тој додаде дека еден ден се ќе излезе на виделина – криминалот на маката на граѓаните и авантите кои се земаат со одредени фирми и се што трпат граѓаните на нивниот грб, а тогаш ќе се сноси одговорност.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија
Таравари од човек со став, стана потрчко на Ахмети, велат од ВМРО-ДПМНЕ

ДУИ и нивните сателити реагираа. А и како не би врескале, кога Таравари конечно го положи испитот на максимална послушност, велат од ВМРО-ДПМНЕ.
„Од АА на Таравари сега слушаме апсурдна логика: ако ВМРО-ДПМНЕ ги критикува, значи се на вистинскиот пат. Не, не сте!
Вие сте на патот на ДУИ. А тоа значи: пат на корупција, клиентелизам и лични договори зад грбот на народот. Кога ДУИ ќе ви аплаудира, кога нивните портали ќе ве бранат, кога поранешни противници ќе ве фалат, знаете дека сте направиле нешто многу погрешно“.
Во соопштението од владејачката партија велат дека Арбен Таравари не е нападнат затоа што некој се плаши од него. Напротив, додаваат од ВМРО-ДПМНЕ, жално е да се гледа како еден лекар, некогаш со кредибилитет, сега мора да се правда преку соопштенија на ДУИ и да се радува кога тие го „тапкаат“ по рамото.
Од ВМРО-ДПМНЕ оценуваат дека партијата е „нападната затоа што е пречка за криминалот на ДУИ и нивните нови соработници.
И тоа е вистинската причина за нервозата. А Таравари, колку и да се труди, нема да може да ја избрише вистината: од човек со став, стана човек со валкани домашни задачи. Да потпишува партиски соопштенија напишани во Мала Речица.
Дали е на „вистинскиот пат“, најдобро покажуваат анкетите. Од 2,7% поддршка, падна на 1%, а според некои и под 1%. Ако тоа значи да си на вистинскиот пат, да станеш потрчко на Ахмети, и да ти се сруши рејтингот тројно, тогаш навистина „добар пат“ има фатено.
На добар пат е Таравари да ја доживее целосната НДП-изација и ДПА-изација на својата структура. Да се сведе на 3–4 илјади клиентелисти што ќе чекаат Ахмети да им додели некоја функција или тендерче, со некоја идна влада на СДС, ако некогаш таква се случи. Таков е нивниот „пат“, таква им е стратегијата – и тоа е нивно право“.
Наше право и обврска како ВМРО-ДПМНЕ, велат од партијата на Мицкоски, е да внимаваме во иднина, во која било идна коалиција, никогаш да нема Таравари или некој сличен по „интегритет“.
Му порачуваат на Таравари да си ги обнови релациите со Филипче и со Заев и нека остане, како што велат, во друштво во кое најдобро се пронаоѓа.
„Ахмети ќе му најде место. А народот, ќе си пресуди. Како што знае“.
Македонија
Пороен дожд, град, ветер и грмежи попладнево во делови од Скопскиот, Кумановскиот и Кривопаланечкиот регион

Од пладневните часови во северните делови (Скопскиот, Кумановскиот и Кривопаланечкиот регион) имаше локален развој на нестабилна облачност проследена со пообилен пороен дожд, грмежи, силен ветер и изолирана појава на град, соопшти УХМР.
„Во овие попладневни часови нестабилно е во западниот дел од Скопската Котлина со пороен дожд и појава на град, во околината на Крива Паланка, Штип и Пробиштип, а силна нестабилна облачна маса се приближува кон Велес проследена со интензивни поројни врнежи од дожд, силни и чести електрични празнења, силен ветер и појава на град.
Времето до крајот на денто: променливо облачно и нестабилно со локален пороен дожд и грмежи. Наместа ќе има поинтензивни процеси во форма на невреме со пообилен пороен дожд, грмежи, засилен ветер и изолирана појава на град“.
Македонија
Почувствуван земјотрес во Македонија

Телеметриската сеизмолошка мрежа на Република Северна Македонија, на сеизмолошките станици инсталирани ширум нашата територија, одржувани од Сеизмолошката опсерваторија при Природно-математичкиот факултет во Скопје, попладнево во 16 часот и 14 минути регистрираше земјотрес чиј епицентар потекнува од епицентралното подрачје Тетово-Гостивар, 39 км западно од Скопје, со Рихтерова локална магнитуда, ML2.7.
Според досегашните податоци со кои располага опсерваторијата, земјотресот е почувствуван во Тетово, Гостивар и блиската околина со интензитет од III степени според Европската макросеизмичка скала.