Контакт

Европа

Меркел се јавила да се заблагодари, пожарникар ѝ ја спуштил слушалката

Објавено пред

Германската канцеларка Ангела Меркел сакала во телефонски разговор да им се заблагодари на пожарникарите за нивниот придонес во кризата за време на коронавирусот, но командант на противпожарна служба ѝ ја спуштил слушалката, пренесува агенцијата „Танјуг“ повикувајќи се на германските медиуми.

dobivaj vesti na viber

Канцеларката ја повикала противпожарната служба во Берген, но шефот на таа единица, Андре Мусвик, кој одговорил на повикот, помислил дека станува збор за шега од една локална радиостаница.

За да не биде предмет на исмевање, раководителот на противпожарната единицата веднаш го прекинал разговорот, пишува германскиот весник „Нордкурир“.

Сепак, малку подоцна телефонот повторно заѕвонел и се јавила прес-службата на канцеларката објаснувајќи дека тоа е навистина повик од Ангела Меркел.

Потоа, Меркел повторно се јавила и им се заблагодарила на пожарникарите за нивната работа.

Таа преку медиумите дознала дека пожарникарите во Берген по тестирањата на коронавирус, кои биле негативни, решиле доброволно да се стават во карантин за да останат здрави и да може да им служат на граѓаните.

Европа

(Видео) Балон на топол воздух се урна во Холандија: еден загинат, петмина повредени

Објавено пред

Едно лице загина, а петмина се повредени откако балон на топол воздух се урна на ливада во северната холандска покраина Фрисланд доцна синоќа, соопштија локалните власти. Балонот превезувал 34 патници

dobivaj vesti na viber

„Балонот на топол воздух одеднаш падна околу 21 часот и силно удри во земјата“, соопштија властите на Фрисланд, додавајќи дека полицијата започнала истрага за несреќата.

Портпаролот на Кралското холандско воздухопловно здружение изјави за локалните медиуми дека ненадеен налет на ветер предизвикал балонот силно да удри во земјата, предизвикувајќи корпата да отскокне, исфрлајќи пет лица од него.

Прикажи повеќе...

Европа

(Видео) Силна експлозија во центарот на руски град, има повредени

Објавено пред

Снимки од експлозиите во Ростов на Дон, град во јужна Русија, денес се шират на социјалните мрежи.

dobivaj vesti na viber

Според првичните извештаи, дел од покривот на станбена зграда наводно бил погоден од дрон, а експлозијата оштетила неколку балкони на горните катови.

Локалните медиуми објавија дека пет лица се повредени – тројца жители на зградата и двајца минувачи. Во градот на сила е тревога за воздушен напад.

фото: принтскрин

Прикажи повеќе...

Европа

ОН: Рекорден број цивили убиени во Украина во јули

Објавено пред

Обединетите нации објавија дека бројот на цивили убиени и повредени во руските напади врз Украина во јули е највисок од мај 2022 година.

dobivaj vesti na viber

Во извештајот, објавен вчера од Канцеларијата на високиот комесар за човекови права (OHCHR), се вели дека 283 лица се убиени, а 1.388 повредени.

Бројот на жртви се зголемил за 22,5 проценти во споредба со истиот месец минатата година.

Во извештајот се вели дека речиси 40 проценти од жртвите биле убиени во руски напади со беспилотни летала и ракети врз цели во украинската внатрешност, вклучувајќи ги и големите градови како Киев, Днепар и Харков.

Нападите со беспилотни летала во близина на фронтовските линии предизвикале 24 проценти од жртвите.

Според набљудувачите на ОН, тешкото руско бомбардирање по фронтовските линии резултирало со 67 смртни случаи на цивили и 209 повредени.

Украина се бори против руската инвазија повеќе од три години. Според ОН, повеќе од 13.800 цивили се убиени, а повеќе од 35.500 се повредени од почетокот на војната.

Не сите жртви се вклучени во статистиката на ОН поради недостаток на пристап до руско окупираните области на земјата.

фото: принтскрин

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија3 часа

Активни два пожари на територијата на Македонија, под контрола ставени три

Центарот за управување со кризи извести дека во последното деноноќие, до 7 часот утрово на територијата на Македонија имало вкупно...

Регион3 часа

Вучиќ: Тешка вечер за граѓаните на Србија, со некое чудо успеавме да го зачуваме мирот

Српскиот претседател Александар Вучиќ ги обвини демонстрантите за насилство синоќа, во услови на бран нови антивладини протести, и рече дека...

Европа4 часа

(Видео) Украинците нападнаа рафинерија за нафта во Волгоград, избувна пожар

Во напад со дронови во текот на ноќта беше погодена рафинерија во рускиот град Волгоград, предизвикувајќи излевање на нафта и...

Свет4 часа

Откриено е што Трамп ѝ понуди на Украина во замена за прекин на огнот; Оптимизам во Европа

Американскиот претседател Доналд Трамп им кажал на европските лидери и на украинскиот претседател дека САД се подготвени да обезбедат безбедносни...

Свет4 часа

Каде ќе се одржи самитот Трамп-Путин? Локацијата има големо историско значење

Средбата меѓу американскиот претседател Доналд Трамп и рускиот претседател Владимир Путин в петок ќе се одржи во Елмендорф-Ричардсон, воена база...

Регион4 часа

(Видео) Судир меѓу поддржувачите на СНС и граѓани во Нови Сад, маж извади пиштол

Во близина на просториите на Српската напредна партија во Нови Сад, избувна судир меѓу поддржувачите на СНС и Александар Вучиќ...

Свет15 часа

Британски „Тајмс“: Новиот план на Трамп – Украина ќе ги зачува своите граници, но територијата ќе биде окупирана од Русите?

Русија и САД разговарале за израелската окупација на Западниот Брег како можен модел за завршување на војната во Украина, дознава...

Свет16 часа

Трамп по разговорот со европските лидери и со Зеленски: Русија ќе се соочи со последици ако не се движи кон мировен договор

Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека денешниот разговор со европските лидери и украинскиот претседател Володимир Зеленски бил „многу добар“. „Тој...

Европа18 часа

Зеленски не го промени својот став за територијалните отстапки

На прашањето дали го променил својот став за предавањето на источниот регион Донбас по денешните разговори, украинскиот претседател Володимир Зеленски...

Европа18 часа

Што сакаа да постигнат европските лидери преку разговорот со Трамп?

Можноста, американскиот претседател Доналд Трамп самиот да седне со Владимир Путин, предизвика нервоза кај европските лидери. Иако Трамп јавно покажа...

Македонија19 часа

(Видео) Повторно излезе од контрола пожарот во Јасен

Состојбата со пожарот во ловиштето Јасен е променлива, и во моментот не е воспоставена контрола, информираше директорот на Дирекцијата за...

Македонија19 часа

Според очевидците пожарот кај Јасен бил разгорен од удар на гром, Мицкоски вели се прават натчовечки напори

Премиерот Христијан Мицкоски денеска заедно со директорот на Дирекцијата за заштита и спасување беше во ловиштето „Јасен“, каде што веќе...

Македонија20 часа

Уставен оформи предмет за вториот протокол меѓу Македонија и Бугарија

Уставниот суд оформи предмет по иницијатива на Лилјана Поповска, со која се оспорува протоколот од вториот состанок на Заедничката меѓувладина...

Култура21 час

Почина оперската дива Милка Ефтимова

Почина оперската примадона Милка Ефтимова, доајен на Македонската опера и амбасадор на македонската уметност и култура во светот. Во својата...

Македонија1 ден

(Видео) Мицкоски: Рамковниот договор 24 години потоа донесе мир и стабилност

Рамковниот договор е потсетник на една длабока вистина – дека државата ја имаме само ако ја чуваме заедно, по пат...

Топ1 ден

Уапсен скопјанец, фрлал камења кон полициски хеликоптер додека полнел вода за гаснење пожар

Вчера вечер, во 18:55 часот, полициски службеници од ПС Карпош го лишија од слобода И.А. (55) од Скопје поради сомнение...

Македонија1 ден

ЦУК: Изгаснати 28, активни три пожари

До 08:00 часот, на територијата на Македонија имаше вкупно 33 пожари на отворен простор, од кои активни се три пожари,...

Свет1 ден

Комисијата на СЗО: Топлотните бранови повеќе не се климатска закана, туку здравствена криза

Екстремните временски услови што ги засегаат Европа и Централна Азија повеќе не се само климатска закана, туку и сериозен проблем...

Македонија1 ден

Димова: Повеќе од пет години не сум директорка на несреќната институција, недолично е да се кажуваат лаги

Повеќе од пет години не сум директорка на оваа несреќна институција и сметам дека е недолично да се кажуваат лаги...

Македонија1 ден

Пожарот кај Јасен сè уште активен, патот Македонски Брод – Скопје затворен за сообраќај

Поради пожар во националниот Парк Јасен, регионалниот пат Р1106 Македонски Брод – Скопје затворен е за секаков вид на возила,...