Свет
Новозеландската полициска интернет-страница за пријавување прекршители на изолацијата паднала од популарност
Новозеланѓаните се толку подготвени да ги пријават своите соседи за кршење на правилата за изолација поради коронавирусот што полицијата денеска објави дека веб-страницата посветена на решавање на проблемот паднала веднаш по активирањето, пренесува „Брејтбарт“.
Нов Зеланд е среде четиринеделна блокада поради Ковид-19, а жителите имаат наредба да останат дома или да се држат на растојание од најмалку два метра еден од друг ако мора да излезат надвор.
Полицискиот комесар Мајк Буш изјави дека полициската веб-страница www.police.govt.nz/105support, која била отворена во неделата попладне, добила толку голем сообраќај што привремено паднала.
„Имаме 4.200 извештаи за луѓе што веруваат дека другите не ги почитуваат правилата. Тоа покажува колку се решени Новозеланѓаните да ги почитуваат нашите упатства“, рече тој.
Буш рече дека прекршувањата вклучувале забава од 60-ина лица во хотел за млади туристи во Квинстаун и туристи што продолжуваат да патуваат во земјата во кампери.
Премиерот Jacинда Ардерн ги поддржа информаторите и исто така ја повика јавноста да пријави секакво зголемување на цените во супермаркетите преку посебна електронска адреса.
„Сега не е време да ги заобиколуваме правилата. Ова е време да останеме дома и да спасиме животи“, им рече таа на новинарите.
Нов Зеланд, со население од приближно пет милиони, има 552 потврдени случаја на Ковид-19, од кои едниот бил фатален.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Потона брод во близина на брегот на Црното Море, се трага по исчезнатите членови на екипажот
Романските спасувачки тимови денеска трагаа по тројца исчезнати членови на екипажот на товарен брод што потона во близина на брегот на Црното Море, соопштија поморските власти.
Информациите кои ги добиле се дека рано утрината дека бродот „Мохамад З“ под знаме на Танзанија потонал на 26 наутички милји од дунавското село Сфанту Џорџ.
Во потрагата и спасувањето биле вклучени Морнаричкиот центар за координација на спасување (МРЦЦ), граничната полиција и два блиски комерцијални брода.
Засега не се познати причините поради кои бродот потонал.
Европа
Шолц ја откажа изборната кампања и ги посети поплавените региони во Германија
Германскиот канцелар Олаф Шолц денеска ги посети поплавените региони во западната германска сојузна покраина Сарланд, каде обилните дождови предизвикаа поплави и лизгање на земјиштето, а неколку згради беа евакуирани.
Шолц ја откажа својата изборна кампања во Сар, на границата со Франција, и наместо тоа, го обиколи делумно поплавениот пат во селото Клајнблитерсдорф заедно со регионалниот гувернер Анке Релингер.
Тој ја потврди солидарноста на сојузната влада со Сарланд.
„За жал, не е првпат да треба да се справиме со голема природна катастрофа, па ќе разгледаме што треба да се направи овде и што е неопходно“, им рече Шолц на новинарите.
Службите за итни случаи одговорија на илјадници повици за помош во главниот град на покраината, Сарбрикен.
Регион
Во Будва уловена сина ајкула тешка 200 килограми
Сина ајкула долга повеќе од три метри и тешка 200 килограми е уловена во Будва.
Уловите на сина ајкула од минатите години покажуваат дека овој вид ајкула најчесто се среќава во Јадранското Море на пролет.
Рајко Бојановиќ, член на спортскиот риболов клуб „Ширун“, улови ајкула и рече дека ќе биде препарирана во Природонаучниот музеј на Црна Гора, а изложбата е планирана за септември.