Регион
Борел: ЕУ ниту во криза не ги заборава граѓаните од Западен Балкан

Шефот на европската дипломатија, Жозеп Борел, оценува дека во моментите на борба против невидена криза, како што е пандемијата на коронавирусот, ЕУ не заборава на граѓаните од Западен Балкан.
Жозеп Борел на својот блог пишува дека ЕУ во борбата против кризата со Ковид-19 и нејзините последици мора да покаже што значи европска и глобална солидарност.
„Солидарноста не може да биде збор што не подразбира обврска“, вели тој.
Истакнувајќи дека во време на справување со кризи ЕУ не ги заборава граѓаните на Западен Балкан, Борел потсетува дека Унијата објави пакет-фискална помош од 38 милиони евра за итна помош за набавка на медицинска опрема, нејзин транспорт и за тековни потреби на граѓаните.
„Покрај тоа, ЕУ ќе пренасочи 374 милиони евра за социјално и економско закрепнување на регионот кога ќе заврши кризата, со цел да се зачуваат работните места, деловните активности, социјалните придобивки и да се продолжи животот на луѓето по пандемијата“, објасни тој.
Во однос на Северна Македонија, ЕУ предвиде итна помош од четири милиони евра, а за економско закрепнување од кризата на земјава ќе ѝ бидат доделени дополнителни 62 милиона.
Во споредба со другите земји од Западен Балкан, најголема е паричната помош што ЕУ ја издвојува за Србија – 15 милиони евра како итна помош и 78 милиони евра за економско закрепнување.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Регион
Тројца Хрвати продавале лажно злато на златари во Германија

Тројца Хрвати се осомничени за измама во областа Лудвигсбург и Баден-Баден, пренесува Феникс. Полицијата ги сомничи дека продавале лажно злато и со тоа сториле кривично дело.
Мажите на возраст од 49, 53 и 65 години се во притвор од минатиот петок. Тие се осомничени дека минатата недела најмалку три пати продавале накит, кој бил речиси безвреден, на златарници и трговци со злато.
Тројцата осомничени биле уапсени откако златар од Лудвигсбург минатата недела го прегледал претставениот накит и сфатил дека станува збор за бижутерија, а не за злато.
Наводно, 65-годишниот осомничен потоа ја вратил нараквицата во џеб и побегнал. При последователната проверка на 65-годишниот и неговите двајца помагачи, што ја извршиле службите за итна помош на Линденштрасе, бил запленет повеќе безвреден накит, по што мажите привремено биле уапсени.
„Понатамошните истраги открија докази дека истите осомничени веќе измамиле купувач на злато и златар неколку часа претходно во Вајхинген ан дер Енц и еден ден претходно во Баден-Баден“, соопшти полицијата.
На барање на државното правобранителство во Штутгарт денеска пред судијата на судот во Лудвигсбург се изведени тројца мажи со хрватско државјанство. Судијата издал налог за апсење и ги ставил во притвор. Истрагата е во тек.
Регион
Караџов за Коридорот 8: Николоски раскажува македонски приказни пред спиење, каде е да го потпише договорот

Имам чувство дека Николоски раскажува македонски приказни пред спиење, коментира вицепремиерот и министер за транспорт, Гроздан Караџов, во врска со зборовите на својот колега од РСМ дека Бугарија не прави ништо во врска со Коридорот 8, пренесуваат бугарските медиуми.
„Го испративме договорот, а каде е Николоски да го потпише“, праша Караџов во интервју за бугарскиот јавен медиум и продолжи: „Додека Николоски ги кажуваше овие зборови, возот помина низ Перник, низ Радомир и стигна до Ќустендил, а од таму стигна до последната станица Ѓуешево за да го чека македонскиот“.
Тој потсети дека Бугарија проектира 90 % сосема нова линија помеѓу Радомир и Ѓуешево за да ги прошири кривините овозможувајќи брзина на возовите од 160 километри на час.
„Во 2032 година, кога ќе достигнеме брзина на возот од 160 километри на час, ќе ги прашам од другата страна дали ќе има тунел или не“, вели Караџов.
Регион
Шест месеци по падот на настрешницата, собир на граѓаните во Нови Сад

Денеска во Нови Сад се навршуваат шест месеци од падот на настрешницата на влезот на железничката станица, кога 16 лица загинаа, а едно е тешко повредено и се уште е во болница.
Студентите во блокадата на Универзитетот во Нови Сад ги повикаа граѓаните да се соберат пред станицата за во 11:52 часот да им се оддаде почит на жртвите.
„Не ги забораваме жртвите од падот на настрешницата во Нови Сад. Тој настан, кој е резултат на невнимание, неодговорност и институционална негрижа, однесе животи и ги остави семејствата и заедницата во болка и со прашања на кои се уште не се одговорени“, велат новосадските студенти.
Откако ќе оддадат почит, насобраните во колона ќе тргнат по булеварот Ослободување до Мостот на слободата, кој ќе биде блокиран неколку часа.