Црна хроника
Глоба од 3.000 евра за осуммина штипјани кои не го почитувале полицискиот час
Седумина штипјани постапиле спротивно на одлуката на Владата за забрана и посебен режим на движење на населението од 21 до 5 часот и во време на забрана на движењето во вечерните часови се движеле пеш или со возила низ градот.
Еден од нив, државјанин на Република Грција, со привремено живеалиште во Штип, требало да биде во задолжителна самоизолација во согласност со донесените мерки за сузбивање на заразната болест Ковид-19. Тој во земјата влегол на Меѓународниот аеродром „Скопје“ на 17.3.2020 година, при што потпишал изјава за самоизолација, која требало да ја почитува во следните 14 дена. Но, во периодот од 17 до 19 март обвинетиот го напуштил своето престојувалиште и бил во својата канцеларија во градот.
Основното јавно обвинителство Штип со поднесените предлози за издавање казнени налози на надлежниот суд му предложи за седум обвинети, кои не го почитувале полицискиот час, да изрече парична казна во висина од 100 дневни глоби, секоја од нив од 20 евра во денарска противвредност. За обвинетиот, кој не постапил според должноста за самоизолација, Обвинителството му предложи на судот да му биде изречена парична казна во висина од 100 дневни глоби, секоја од нив од 30 евра во денарска противвредност.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
Уапсен крадец во Гостивар, фатен при извршување кражба во црква
Тој е задржан во полициска станица и по документирање на случаите против него ќе следува соодветна пријава.
Црна хроника
Нападнала ученичка во основно училиште: тетовка осомничена за насилство врз дете
СВР Тетово поднесе кривична пријава против Љ.М.(36) од Тетово.
Како што соопшти полицијата таа се сомничи за сторено кривично дело „насилство врз дете’’.
Имено на 08.10.2025 во службена просторија на основно училиште во Тетово, пријавената физички нападнала ученичка.
Црна хроника
Претепал лекар и полициски службеник: кривична за 29-годишник од Тетовско
СВР Тетово поднесе кривична пријава против М.М.(29) од с.Челопек, тетовско.
Според полицијата, тој се сомничи за сторени кривични дела: „спречување службено лице при вршење службено дејствие’’ и „напад врз службено лице при вршење работи од безбедноста“.
На 14.10.2025 во Ургентниот центар во Тетово, пријавениот физички нападнал лекар и полициски службеник додека извршувал службени дејствија.

