Македонија
Хирургот Горан Балевски е нов директор на охридската болница
Нов директор на охридската болница е хирургот Горан Балевски, информираше министерот за здравство, Венко Филипче.
Тој доаѓа на местото на Славица Малеска, која министерот Филипче ја разреши поради случајот со пациентката која во саботата почина од коронавирус, а не била примена во болницата и покрај упатот од матичниот лекар. Вонредниот инспекциски надзор во болницата завршил, а во тек се анализи на добиените информации.
„Се анализираат сите добиени информации околу третманот на пациентката од околината на Струга. Се анализираат документи од матичниот лекар, понатаму од болницата, интервјуата со доктори, има пропусти, но ќе почекаме да се финализира истрагата. Став ќе изградиме по заклучокот од инспекцијата “, рече министерот Филипче.
И директорката на Државниот санитарен и здравствен инспекторат, Иринка Сотирова – Бухова, денеска извести дека се утврдени прекршувања од здравствените работници кои биле на дежурство кога била донесена пациентката од околината на Струга.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Посебен режим на сообраќај денеска во Скопје
Денеска, во официјална посета на Република Северна Македонија ќе престојува генералниот секретар на НАТО, Н.Е. Марк Руте.
Поради посетата, Единицата за безбедност на патниот сообраќај ќе преземе мерки за воспоставување посебен режим на сообраќај во централното градско подрачје на Град Скопје.
СВР Скопје апелира до сите граѓани учесници во сообраќајот да ги почитуваат наредбите и насоките што ќе ги даваат полициските службеници, со цел безбедно и непречено одвивање на сообраќајот.
Македонија
Без вода делови од Центар и Сарај
Од ЈП Водовод и канализација – Скопје, известуваат дека денеска:
· Поради дефект на водоводна цевка со пречник од Ф-2 цол на улицата Св. Кирил и Методија 38 (на паркингот кај Трготекстил), 09:00 часот до санирање на дефектот, прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците на дел од ул. Св. Кирил и Методија, општина Центар;
· Поради чистење и дезинфекција на двете комори во резервоарот за питка вода во село Бојане, во наредните 4 дена (03.03 до 06.03.2026 година) помеѓу 08:00 и 13:00 часот, можно е да има намален притисок и краткотрајни прекини на водоснабдувањето во село Бојане, општина Сарај.
Македонија
Делови од Бутел и Карпош денеска без струја
Од ЕВН Македонија АД известуваат дека поради зафати во електродистрибутивната мрежа, денеска без електрична енергија ќе останат:
· од 08:30 до 15:00 часот, корисниците од стопанските објекти во Индустриската зона – Момин Поток, општина Бутел;
· од 09:00 до 15:30 часот, корисниците од ул. Јан Хус бр. 11а, општина Карпош.

