Забава
Мајкл Шин ја повикa Велика Британија да ги користи хотелите како засолништа додека трае изолацијата поради Ковид-19

Холивудскиот актер и активист Мајкл Шин ја повика британската влада да ги претвори празните хотели во засолништа за лица што бегаат од насилство дома додека трае карантинот против ширење на коронавирусот и предупреди дека ќе има драматично зголемување на семејното насилство.
Велшкиот актер, познат по своите улоги во фантастичната сага „Самрак“, како и во „Никсон и Фрост“ – филм номиниран за „Оскар“, во кој Шин го игра новинарот Дејвид Фрост – рече дека засолништата во Велика Британија се веќе преполни во шестиот ден од изолацијата, во која е ставена земјата.
„Во овие тешки времиња има тенденција на драматичен раст на случаите на семејно насилство“, вели Шин во видеото на „Твитер“, а ја повикува владата да обезбеди клучно финансирање за да може службите да одговорат на зголемениот притисок“.
„Според евиденцијата од други земји во периодот на изолација, пријавените случаи на насилнички постапки и семејно насилство се зголемиле 30, 40, па дури и до 50 проценти во некои случаи“, вели Шин.
Британија минатата недела им се придружи на Италија, Шпанија, Франција и други земји, кои им наредија на граѓаните да останат дома за да го спречат ширењето на вирусот Ковид-19, кој уби повеќе од 30.000 луѓе во светот.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Забава
Црвената полна месечина доаѓа и ќе „размрда“ четири знаци: „Ништо нема да биде исто“

Полната Месечина не е само момент на убавина на небото, туку моќна енергетска точка што ги осветлува скриените агли на нашата потсвест. Но, кога оваа лунарна моќ сјае во знакот на Стрелец, работите стануваат уште повозбудливи. Природата на Стрелецот е огнена, немирна, постојано бара повисоко значење и нови хоризонти. Во ова време, прашањата за слободата, верата, вистината и личниот развој доаѓаат до израз.
Месечината нè принудува да донесуваме одлуки – крајот на старото и смелиот влез во новото. Овој пат, полната Месечина, која пристигнува на 11 јуни, отвора простор за духовни увиди, важни заклучоци и фантастични промени – особено за четири хороскопски знаци.
Стрелец
За Стрелците, оваа лунарна кулминација ќе биде вистинска експлозија на вистината. Она што долго време крчка во нив, сега сака да излезе на површина. Внатрешните превирања ќе станат водич за важни животни одлуки.
Многумина ќе препознаат што ги спречува и храбро ќе ги прекинат врските со старите структури. Ова може да бидат врски, проекти или верувања кои повеќе не им служат на нивниот раст. Во овој период, Стрелецот ќе почувствува повик да биде поискреен со себе – и ќе ги донесува сите одлуки во оваа светлина.
Девица
Девиците, кои обично сакаат ред и планирање, ќе почувствуваат како нивниот систем се урива под влијание на оваа Месечина. Нема да има повеќе простор за микроменаџмент или прекумерна анализа.
Енергијата на Стрелецот ќе им всади потреба за слобода, забава и – верувале или не – спонтаност. Ова ќе биде време кога ќе мора да се откажат од уздите и да дозволат животот да ги изненади. Во оваа очигледна конфузија лежи нивниот напредок, дури и ако на почетокот изгледа хаотично.
Близнаци
За Близнаците, овој лунарен настан ќе биде како внатрешен дијалог кој нема да запре. Умот ќе каже едно, срцето нешто сосема друго. Но, иако ќе врие во нив, ќе им даде можност за значајна внатрешна трансформација.
Може да се појават информации кои ќе свртат сè наопаку, но исто така ќе го стимулираат личниот раст. Сè во што верувале ќе биде доведено во прашање – и во тоа лежи нивната сила. Тие ќе мора да ја бараат сопствената вистина, а не само онаа што им ја сервираат другите.
Риби
Рибите може да го почувствуваат влијанието на полната месечина најемотивно. Можеби ќе им треба повлекување, тишина, медитација или пишување. Во нив ќе се случи длабоко чистење, бидејќи старите огорчености, таги и неискажани емоции ќе се растворат.
Полната месечина ќе ги однесе во длабочини од кои можат да излезат појасни и полесни. Сега не е време да се преправате или да бегате – Рибите ќе треба да седнат со своите чувства и да им дозволат да ги трансформираат.
Иако влијанието ќе биде најочигледно кај четирите знаци, сите можеме да го почувствуваме овој повик за промена. Клучот е да се отвориме, да се слушаме себеси и да дозволиме месечината да свети точно таму каде што лежи нашата вистина. Средината на јуни не означува само крај на една ера – за многумина, се раѓа ново поглавје.
Забава
Грижите за парите ги стигнуваат: два хороскопски знаци ќе го паметат летото само по компликации

Додека некои знаци веќе сонуваат за патување и резервација на апартмани, припадниците на два хороскопски знака би можеле да имаат посериозни финансиски грижи ова лето.
Ѕвездите не им се наклонети во моментов кога станува збор за финансиска стабилност, а неочекуваните трошоци би можеле дополнително да ги комплицираат плановите за одмор.
Кои се овие хороскопски знаци?
Рак
Емоционалните Ракови секогаш го ставаат семејството на прво место и затоа често трошат повеќе отколку што можат да си дозволат. Во наредните недели, тие би можеле да се соочат со финансиски товар поради домашни трошоци, деца или помагање на најблиските.
Иако сонуваат да избегаат на море, во моментов ќе мора да изберат помеѓу одговорност и задоволство. Ако успеат да патуваат, веројатно ќе биде малку пократко и поскромно од вообичаеното.
Водолија
За Водолиите доаѓа период на напнатост кога станува збор за буџетирање. Може да има конфузија околу приходите, доцнење на плаќањата или неочекувани трошоци поради претходно запоставени обврски.
Нивниот авантуристички дух страда ако не можат да испланираат патувања, но оваа година ќе мора да прифатат дека не е вистинско време да трошат повеќе. Креативните решенија, како што се пократки патувања и спонтани еднодневни екскурзии, можеби се најдоброто што можам да го извлечам од ситуацијата.
Забава
(Видео) Џенифер Лопез шокираше со својата облека на настап: „Облечи нешто“

Џенифер Лопез (55) минатата недела настапи на World Pride Music фестивалот во Вашингтон, каде што повторно ја покажа својата склоност кон драматични и провокативни модни комбинации. Но, додека некои беа воодушевени, дел од публиката не штедеше критики.
Пејачката на сцената смени неколку впечатливи комбинации, меѓу кои највпечатлив беше сребрениот боди обложен со стотици светкави кристали. Луксузниот дизајн на модната куќа „The Blonds“ имаше длабоко деколте и висок изрез до бутовите, што, според многумина, откриваше повеќе отколку што требаше.
Jennifer Lopez makes out with her male and female dancers on stage during her performance at the American Music Awards. pic.twitter.com/NsjXU28DKb
— Oli London (@OliLondonTV) May 27, 2025
И покрај спектаклот што го создаде и нејзината енергија, коментарите на социјалните мрежи брзо се претворија во расправии. „Облечи нешто“, „Однесувај се како за твои години“, „Знаеме дека изгледаш одлично, но сега отиде предалеку“, „Ова е премногу“, беа коментарите. Некои отидоа чекор понатаму, нарекувајќи ја „очајна“ и обвинувајќи ја дека привлекува внимание по секоја цена.
Jennifer Lopez performing her new song with David Guetta at #WorldPrideFestival #SavemeTonigjt @JLo @JLotickets pic.twitter.com/O0RdpL97I2
— SebasBar (@sebasbar17) June 7, 2025
Но, Џеј Ло има и лојална армија обожаватели кои застанаа во нејзина одбрана. „Кога мислиме дека повеќе не може да нè изненади, таа оди чекор понатаму. Браво!“, „Да изгледав како неа, ќе покажев сè“, „Оние што ѝ пишуваат негативни коментари го прават тоа од љубомора“, напишаа нејзините обожаватели.