Свет
Голем пожар во Кина, загинаа најмалку 19 луѓе
Во голем пожар во југозападна Кина загинаа најмалку 19 луѓе, пренесуваат светските медиуми. Стотина пожарникари се испратени како засилување во борбата со огнот, како и поради евакуација на околните жители. Според информациите, огнот избувнал на фарма и бргу се проширил на околните планини поради силниот ветар.
Подрачјето што било зафатено од пожарот во провинцијата Сечуан е слабо населено, но нема процени колку луѓе се евакуирани од загрозената зона.
Државните медиуми пренесуваат дека се загрозени села, училишта, хемиска фабрика и други места.
Претставник на градот рекол дека еден од загинатите бил водич, а другите се пожарникари.
Почната е итна евакуација, а над 300 професионални пожарникари и уште 700 полицајци се испратени на помош.
Агенцијата „Синхуа“ јави дека уште 885 пожарникари од други градови во Сечуан се распоредени во Ксичанг заедно со 42 пожарникарски возила, шест водоводни системи и голема пожарникарска опрема.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Јапонскиот аеродром Кансаи не изгубил ниту еден багаж за 30 години работа
Јапонскиот меѓународен аеродром Кансаи (КИКС) прославува 30 години работа без да изгуби ниту еден багаж, соопштија од аеродромот.
Седмиот најпрометен јапонски аеродром соопшти дека не изгубил ниту еден патнички багаж од отворањето во септември 1994 година, објави Си-Ен-Ен.
На тој аеродром годишно во просек минуваат од 20 до 30 милиони патници.
Свет
Маж со нож нападнал луѓе во центарот на Осло, полицијата веднаш го уапсила
Норвешката полиција соопшти дека уапсила маж кој избодел едно лице со два ножа и нападнал неколку лица во центарот на Осло.
Инцидентот се случил пред местото на метрото кога расправија излегла од контрола и неименуван маж на возраст од триесет години избодел еден маж во раката и нападнал уште неколку луѓе во близина.
Полицаецот потоа го извадил пиштолот и му наредил на напаѓачот да ги спушти ножевите, пренесува Ројтерс.
Полицијата смета дека нападот не бил мотивиран од тероризам.
Свет
Кулеба: Повеќе од половина од енергетскиот систем на Украина е оштетен во нападите на руските сили
Повеќе од половина од енергетскиот систем на Украина е оштетен во нападите на руските сили, изјави министерот за надворешни работи на Украина Дмитро Кулеба.
Во интервју за Форин Полиси, тој рече дека Украинците најмногу страдаат од руските ракетни напади и дека руските балистички ракети се „вистинско зло“.
Наведувајќи дека руските сили користат балистички ракети главно за напади врз енергетскиот систем на Украина, Кулеба оцени дека која било друга земја, доколку претрпи таква штета на енергетските капацитети, ќе изгледа многу полошо од Украина.