Спорт
Лига 1 остана без 110.000.000 евра

Француската телевизија „Канал +“ нема да им ја исплати последната рата за телевизиските права на француските клубови. Лига 1 со „Канал +“ има потпишано договор за 740.000.000 евра.
На клубовите нема да им бидат исплатени телевизиските права за април, што значи дека ќе останат без 110.000.000 евра.
Поради пандемијата на вирусот Ковид-19 прекинати се сите национални првенства, исклучок е Белорусија. Клубовите во Европа веќе почнуваат да ги чувствуваат финансиските последици од коронавирусот.
„Канал +“ е првата телевизија која донесе официјална одлука да не исплати рата бидејќи нема натпревари.
„Канал + не е банка“, се вели во дел од соопштението.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Спорт
Тешки противници за Пелсистер во ЛШ

Шампионот на Максдонија, Еурофарм Пелистер, доби тешки противници во Лигата на шампионите.
Пелистер во сезоната 2025/2026 ќе се натпреварува во Б групата.
Противници ќе му бидат евеопслиот првак Магдебург, Барселона, Висла, ПИК Сегед, ГОГ Гудме, ПСЖ и Загреб.
Сезоната Пелистер треба да ја започне на домашен терен против ПСЖ.
Во А групата ќе се натпреваруваат: Фуксе Берлин, Алборг, Веспрем, Кјелце, Нанат, Спортинг, Динамо Букурешт и Колштад.
Спорт
Го оставија Ѓоковиќ за Синер – сега се разделија со Јаник

Улисес Бадио, физиотерапевт, и Марко Паники, тренер за кондиција, повеќе не се дел од тимот на Јаник Синер.
Веста прв ја објави италијанскиот „Скај Спорт“, со што се потврди раскинувањето на соработката што не траеше ниту една година.
Аргентинецот и Италијанецот се приклучија на тимот на Јаник во септември 2024 година, по неговата разделба со Умберто Ферара и Џакомо Налди поради скандалот со клостебол.
Претходно, Бадио и Паники беа во тимот на српскиот тенисер Новак Ѓоковиќ.
Се очекува во следните неколку часа да биде издадено соопштение, во кое ќе се прецизира што довело до разделбата. Во овој момент, италијанските медиуми не можат ни да шпекулираат што би можело да биде причината.
Остеопатот Андреа Чипола, со кого е на Вимблдон, останува во тимот на Синер.
Синер го освои Австралија Опен со Паники и Бадија во тимот на почетокот на годината, по што следеше пораз во финалето на Ролан Гарос. Значи, падот на формата можеме да го отпишеме од листата на причини, анализираат медиумите.
Спорт
Титулата во Шпанија не го спаси Чус Матео, Реал има нов тренер

Кошаркарите на Реал Мадрид станаа шампиони на Шпанија прексиноќа, бидејќи ја „исчистија“ Валенсија со победа од 3:0 во финалната серија, но таа титула не го спаси работното место на тренерот Чус Матео.
Тој беше заменет, а на негово место доаѓа закоравениот Серџо Скариоло, кој со тоа се враќа на клупата на Реал. Тој веќе беше тренер на „кралскиот“ клуб од 1999 до 2002 година, а за време на неговиот тригодишен мандат ја освои шпанската АЦБ лига во 2000 година.
По заминувањето од Реал, италијанскиот стручњак изгради брилијантна кариера. Како селектор на Шпанија, освои бројни медали, вклучувајќи злато на Европското првенство и Светското првенство во 2019 година.
Тој исто така раководеше со многу клубови од Евролигата, а беше и помошник тренер во Торонто Репторс, со кои ја освои титулата во НБА во 2019 година.
Чус Матео го однесе Реал на покривот на Европа пред две години, минатата сезона го загубија финалето на Евролигата од Панатинаикос, а оваа година не успеа да го однесе тимот до завршната четворка, бидејќи беше поразен од Олимпијакос во четвртфиналната серија.
Неуспехот во Евролигата, како и критиките за неговата нестабилна игра, го чинеа работа.