Македонија
ДУИ: Ветингот става крај на сваровски и луј витон-правдата
Демократската унија за интеграција соопшти дека се ангажира за потполно владеење на правото и правната држава, што, како што вели партијата, е апсолутен приоритет на сите.
„Ние продолжуваме силно да го поддржуваме правилното владеење на правото и за да стигнеме до европска правда, треба да ја искорениме селективната политички и етнички мотивирана правда со одлуки што се основаат на нарачки, а не на закон. Неселективната правда се постигнува преку целосен ветинг (проверка) на обвинителите, судиите и политичарите.
На кревката доверба на институциите на правдата во очите на граѓаните како последица на постојаните политички влијанија, потфрлувањето на специјалното обвинителство, рекетот и алчноста, Боки 13, сваровски и луј витон-мотивите треба да ѝ се стави крај.
Една земја членка на НАТО и во процес на преговори за членство во Европската Унија треба да се грижи за интегритетот на институциите, правната предвидливост и некорумпирана правда.
ДУИ го поддржува ветингот за сите и нема да го коментира денешниот случај сè до завршување на постапките во највисоките инстанци“, соопшти партијата.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Во прекин сообраќајот на граничниот премин Евзони
Од 17:30 часот сообраќајот на граничниот премин Евзони (Богородица) е во прекин, извести АМСМ.
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по претежно суви коловози.
Македонија
Во наредните десет дена изменет сообраќаен режим на автопатската делница во изградба од селото Требеништа до селото Мешеишта
СВР Охрид информира дека од денеска во наредните десет дена, на сила ќе бидат измените на сообраќајниот режим на автопатската делница во изградба од селото Требеништа до селото Мешеишта, општина Дебрца.
„На овој патен потег, сообраќајот ќе се одвива наизменично по левата сообраќајна лента гледано во правец од Охрид кон Кичево поради што, апелираме до возачите, крајно внимателно и со прилагодена брзина да ги управуваат своите патнички и други моторни возила и во согласност со поставената хоризонтална и вертикална сообраќајна сигнализација“, соопштуваат од СВР Охрид.
Македонија
СДСМ: „Тефтерчињата“ во судството од времето на Никола Груевски се вратија
„Го сменија јавниот обвинител за да постават обвинител под своја контрола. Сопруга на градоначалник од ДПМНЕ назначија за член на Судскиот совет, поставија партиски човек во Советот за јавни обвинители. ‘Тефтерчињата’ во судството од времето на Никола Груевски се вратија“, велат од СДСМ.
„Сите знаат, следува целосно погребување на правдата. Со неуставна Резолуција во Собранието ДПМНЕ-ЗНАМ ја гушат демократијата, слободата на говор и се обидува да ја замолчи опозицијата да не зборува за договорот мигранти за пари.
Дури и Катица Јанева ја пуштија од затвор. Три години порано ја пуштија надвор од затвор за 3 месеци да тера кампања. Copy-paste сценарија како методите на Никола Груевски и Вучиќ. Режим 2.0.
Затоа е потребен широк фронт за правда на сите слободоумни граѓани, опозициски партии, прогресивни сили, здруженија. Заедно ќе ја одбраниме демократијата, заедно ќе ја одбраниме Македонија!“, се наведува во соопштението на СДСМ.

