Спорт
Легендарниот голман во критична состојба
Здравствената состојба на легендарниот турски голман Рушту Речбер била критчна. Тој поради коронавирусот е хоспитализиран во саботата.
Турските медиуми кои известуваат за здравствената состојба на 46 годишниот Речбер тврдат дека со вирусот го заразила неговата сопруга која неодамна се вратила од САД и не ја почитувала изолацијата од 14 дена.
Според овие извори, веднаш по враќањето од САД веднаш заминал во својот салон за козметика и дека покрај сопругот загрозила уште неколку други лица.
„Навистина не ми е гајле за овој линч што се води против мене. Сега е најважно Рушти да закрепне“, порачала сопругата на легендарниот голман.
Рушту Речбер со 124 натпревари е рекордер според бројот на настапите за Турција. Бранеше на СП во 2002 година кога Турците го освоија третото место.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Спорт
Нејмар: Во боксерки преговарав со Гвардиола за трансфер во Баерн

Нејмар (33) откри дека бил блиску до преселба во Баерн Минхен од Сантос, на иницијатива на Пеп Гвардиола. Нејмар ја започна својата професионална кариера во бразилскиот клуб Сантос, каде што играше од 2009 до 2013 година.
„Откако ја освоив наградата Пушкаш, татко ми постојано ми се јавуваше во 2 часот наутро. Кога одговорив, ми рече да ја отворам вратата…“, се присети Нејмар.
„Бев во боксерки! Татко ми, Пеп Гвардиола и еден преведувач беа таму на видео повик за да започнат преговори со мене”, откри 31-годишниот Бразилец.
Од Сантос Нејмар замина во Барселона. Четири години (2013-2017) мина во Барселона, а потоа за рекордни 222 милиони евра се пресели во Пари Сен Жермен, каде што играше од 2017 до 2023 година. Потоа помина две години во Ал Хилал, а пред еден месец с врати во Сантос.
Пеп Гвардиола беше тренер на Баерн Минхен од 2013 до 2016 година. За време на неговиот тригодишен мандат, Гвардиола ја освојуваше Бундеслигата во сите три сезони. Тој исто така двапати го освои Купот на Германија во сезоните 2013/14. и 2015/16 година. Гвардиола го освои и германскиот Суперкуп со Баерн во 2013. На европска и светска сцена, Гвардиола го освои Суперкупот на УЕФА со Баерн во 2013 година. Истата година го освои и Светското клупско првенство на ФИФА. За време на неговиот престој во Минхен, Гвардиола постигна импресивна стапка на победи од 75%.
И покрај многуте успеси, Гвардиола не успеа да ја освои Лигата на шампионите на УЕФА со Баерн, што често се наведува како единствениот неуспех во неговиот инаку многу успешен мандат. Со Баерн освои вкупно седум трофеи, оставајќи неизбришлива трага во клупската историја.
Спорт
(Видео) Де Хеа замина бесплатно, дојде Онана да ги нервира навивачите на Јунајтед

Навивачите на Манчестер Јунајтед се уште жалат што Давид Де Хеа мораше да го напушти „Олд Трафорд“. Клуботреши да не му понуди нов договор на 34-годишниот Шпанец, кој го напушти Јунајтед по 12 години, пред почетокот на минатата сезона, бидејќи тогашниот менаџер Ерик тен Хаг сакаше голман кој знае да игра со нога.
Тен Хаг се реши за Онана со кого работеше во Ајакс, а Јунајтед на Интер му плати 50 милиони евра.
Сепак, поранешниот голман на Ајакс брани во променлива форма и се чини дека не може да ја убеди фудбалската јавност дека е долгорочно решение за „црвените ѓаволи“.
Неговиот најнов кикс во средата на натпреварот против Ипсвич уште еднаш ја покрена оваа тема и предизвика гнев кај навивачите на „Олд Трафорд“.
Англиските медиуми пресметаа дека Андре Онана направил 12 грешки за помалку од две години поради кои топката заврши во мрежата на Манчестер Јунајтед, што е драстично повеќе од Давид Де Хеа, кој направи само 17 такви грешки во текот на 12-те години во клубот.
Шпанецот од оваа сезона брани во Серија А за Фиорентина, па статистичарите го споредија учинокот на двајцата голмани во изминатиот период.
Онана бранеше на 27 натпревари од почетокот на сезоната и успеа да ја сочува мрежата на вкупно седум, исто како и Де Хеа, кој беше на голот на Фиорентина на четири натпревари помалку, Онана веќе прими 39 гола, Де Хеа 25. Процентот на успешни одбрани е исто така на страната на Шпанецот (72:65%).
Важно е и тоа што Фиорентина нема примено гол по грешак на Де хеа, за разлика од Онана.
Она во што Камерунецот е далеку подобар е играта со нога, има 300 додавања повеќе од Де Хеа. Прашање е дали вреди?
You be the judge.
David de Gea vs André Onana in the same situation in the same season. https://t.co/4779IFZ7xB pic.twitter.com/ACKMWUvKUq
— ☥ 🔞 𝕂 (@spyderkam) February 27, 2025
Спорт
Баерн се повлече од преговорите со Кимих – Капитенот ќе го напушти Минхен

Баерн Минхен се повлече од преговорите со Џошуа Кимих и нема да му понуди нов договор на капитенот, пишува „Билд“.
„На состанокот на Надзорниот одбор било одлучено да се напуштат преговорите бидејќи Кимих премногу се двоумела“, објави највлијателниот германски медиум.
Овој триесетгодишен фудбалер во Баерн пристигна во 2015 година од Лајпциг и оттогаш одигра повеќе од 400 натпревари за тимот од Минхен.
Кимих во Баерн заработува околу 20 милиони евра годишно, а новиот договор што му беше понуден подразбираше мало покачување на платата.
Одлуката на Баерн да се повлече од преговорите го вклучи алармот кај водечките европски клубови. Германските медиуми започнаа со лицитацијата каде Кимих ќе ја продолжи кариерата.
Според нив во пол-позицијата е Барселона, најмногу поради тренерот Ханси Флик, кој му беше тренер во Баерн и германската репрезентација.