Свет
Руските научници развиле високопрецизен тест за Ковид-19
Научниците од Централниот истражувачки институт за епидемиологија при Сојузната сужба за фитосанитарен надзор на Русија („Роспотребнадзор“) создале нов тест со висока прецизност за откривање на новиот коронавирус Ковид-19 кај луѓето, кој не дава лажна позитивна реакција, пренесува ТАСС.
„Дијагностичкиот комплет успешно ги помина клиничките испитувања и беше регистриран за употреба во Руската Федерација на 25 март 2020 година.
Новиот тест ги исполнува сите современи барања за сензитивност и специфичност овозможувајќи со едно тестирање не само да се открие САРС-КоВ-2 туку и да се разликува од другите САРС-ков-вируси, како и од МЕРС-КоВ“, се вели во соопштението на „Роспотребнадзор“.
Во петокот директорката на Институтот соопшти дека новите тестови за Ковид-19 ќе даваат резултати за 2,5 часа и дека значително ќе ја поедностават процедурата. Тие ќе помогнат да се идентификуваат луѓето и првенствено лекарите, кои веќе имаат имунитет на коронавирусот.
СЗО на 11 март прогласи пандемија на коронавирусот Ковид-19а. Досега повеќе од 720.000 луѓе се заразени во целиот свет, а повеќе од 35.000 починале.
Русија има 1.836 потврдени случаи на Ковид-19 и девет смртни случаи.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Три девојки планирале терористички напад во Париз
Девојки на возраст од 18, 19 и 21 година, беа уапсени и обвинети за терористичка завера и планирање напад во Париз, соопштија денеска истражните органи.
Како што е наведено, тие неколку недели планирале насилен терористички напад врз кафуле или концертна сала во Париз, јави РТЛ.
Апсењето и обвинението против трите жени е резултат на истрагата на Националното обвинителство за борба против тероризмот, која беше успешно завршена пред 10-годишнината од смртоносниот терористички напад на 13 ноември 2015 година во Париз.
Свет
Се запали магацин за парфеми во Турција, загинаа шест лица
Најмалку шест лица загинаа, а две се повредени во пожар што утрово избувна во магацин за парфеми во градот Диловаси, во северозападниот дел на Турција.
Според снимките што ги емитуваше турскиот канал НТВ, изгореле два ката од зградата во која се наоѓале магацинот и работилницата за производство на парфеми.
Засега нема информации за тоа што го предизвикало пожарот.
Свет
Зеленски: Русија ја нападна Украина со повеќе од 450 дронови и 45 ракети, повредени се и деца
Украинскиот претседател Володимир Зеленски денеска изјави дека Русија ја нападнала Украина од полноќ со повеќе од 450 дронови и 45 различни видови ракети.
– Во тек е спасувачка операција во Дњепар. Русија ноќеска го гранатираше градот, погодена е станбена зграда. Досега е познато дека се повредени 11 лица, вклучувајќи деца. За жал, едно лице почина. За жал, едно лице почина и во регионот Харков, има жртви во регионот Киев и Полтава, информира Зеленски во објава на Фејсбук.
Според него, руските сили ги нападнале и регионите Дњепропетровск, Кировоград, Николаев, Суми и Чернихив.
– Целите на терористите се непроменети, обичниот живот, станбените згради, нашата енергија, инфраструктурата. Прашањето е во ресурсите за убивање, за парите – потребни се санкции за да се лиши Русија од можноста да ја продолжи војната што ја почна и што се влече. Ги цениме сите чекори што нашите партнери веќе ги презедоа, но руските напади покажуваат дека притисокот мора да биде посилен, нагласи Зеленски.

