Македонија
Димитров телефонски разговараше со романскиот колега Ауреску
Министерот за надворешни работи, Никола Димитров, имаше телефонски разговор со министерот за надворешни работи на Романија, Богдан Ауреску. За денес беше планирана посета на романскиот министер во Скопје, која се одложи поради ситуацијата со пандемијата на коронавирусот (Ковид-19).
За време на разговорот беa упатени честитки од романска страна, како и искажаната благодарност од македонска страна за континуираната поддршка од Романија за европската и евро-атлантската интеграција на Република Северна Македонија, долгогодишни процеси, кои во март беа крунисани со успех – полноправно членство на земјата во НАТО на 27 март 2020 година и донесената одлука на Советот за општи работи на ЕУ на 24 март 2020 година за почеток на пристапните преговори со Северна Македонија.
Соговорниците разменија мислења и за актуелните состојби предизвикани од глобалната пандемија и коронавирусот, предизвиците и можностите за поддршка, при што беше истакната потребата од солидарност и соработка, како и вклучување на Западен Балкан во ЕУ-одговорот при справување со кризата и последиците.
Воедно, министрите изразија задоволство од досегашниот развој на билатералните односи и соработка, кои ги карактеризираат со отворен и конструктивен дијалог и заемно почитување. Истакнати беа заедничкиот интерес и заложбите за натамошен развој на севкупните односи и соработка, особено во сферата на економијата и во таа насока беа изразени и очекувањата во првиот можен иден период да се иницираат и реализираат билатералните посети и средби како потврда на овие заложби.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Во прекин сообраќајот на граничниот премин Евзони
Од 17:30 часот сообраќајот на граничниот премин Евзони (Богородица) е во прекин, извести АМСМ.
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по претежно суви коловози.
Македонија
Во наредните десет дена изменет сообраќаен режим на автопатската делница во изградба од селото Требеништа до селото Мешеишта
СВР Охрид информира дека од денеска во наредните десет дена, на сила ќе бидат измените на сообраќајниот режим на автопатската делница во изградба од селото Требеништа до селото Мешеишта, општина Дебрца.
„На овој патен потег, сообраќајот ќе се одвива наизменично по левата сообраќајна лента гледано во правец од Охрид кон Кичево поради што, апелираме до возачите, крајно внимателно и со прилагодена брзина да ги управуваат своите патнички и други моторни возила и во согласност со поставената хоризонтална и вертикална сообраќајна сигнализација“, соопштуваат од СВР Охрид.
Македонија
СДСМ: „Тефтерчињата“ во судството од времето на Никола Груевски се вратија
„Го сменија јавниот обвинител за да постават обвинител под своја контрола. Сопруга на градоначалник од ДПМНЕ назначија за член на Судскиот совет, поставија партиски човек во Советот за јавни обвинители. ‘Тефтерчињата’ во судството од времето на Никола Груевски се вратија“, велат од СДСМ.
„Сите знаат, следува целосно погребување на правдата. Со неуставна Резолуција во Собранието ДПМНЕ-ЗНАМ ја гушат демократијата, слободата на говор и се обидува да ја замолчи опозицијата да не зборува за договорот мигранти за пари.
Дури и Катица Јанева ја пуштија од затвор. Три години порано ја пуштија надвор од затвор за 3 месеци да тера кампања. Copy-paste сценарија како методите на Никола Груевски и Вучиќ. Режим 2.0.
Затоа е потребен широк фронт за правда на сите слободоумни граѓани, опозициски партии, прогресивни сили, здруженија. Заедно ќе ја одбраниме демократијата, заедно ќе ја одбраниме Македонија!“, се наведува во соопштението на СДСМ.

