Свет
(Видео) Гасоводот Иран-Турција во прекин по терористички напад?
Висок претставник на иранската државна компанија за гас тврди дека терористите стојат зад експлозијата и силниот пожар на цевководот кој пренесува природен гас од Исламската Република во Турција, пренесува „Ројтерс“.
„Утрово, терористите нападнаа цевковод за природен гас во Турција во близина на границата на Иран со Турција кај Базарган“, вели директорот за логистика во Националната иранска компанија за гас (НИГЦ), Мехди Џамшиди Дана.
Дана изјави за ИРНА дека борците на Курдската работничка партија (ПКК), герилска група активна во источна Турција, и претходно го напаѓале гасоводот.
Портпаролот на НИГЦ, Мохамед Асгари, во меѓувреме ја опиша експлозијата како инцидент, без да ја поврзе со тероризам. Според него, во инцидентот загинало најмалку едно лице.
Gürbulak sınır kapısı doğal gaz patlaması #gürbulak #gürbulaksınırkapısı #iransınırı pic.twitter.com/3N6RFB2Mwl
— Republicofgalatasaray (@Republicofgala1) March 31, 2020
Експлозијата го потресе гасоводот во близина на граничниот премин Гурбулак со Иран во турската источна провинција Агри околу 6 часот по локално време. Турските медиуми објавија дека експлозијата предизвикала огромен пожар, што можеле да го видат жителите во локалните села, при што огнот достигнал до 40 метри во висина.
Протокот на гас во гасоводот е прекинат бидејќи турските власти ја утврдуваат причината за експлозијата. Турските медиуми не пријавија жртви на терен.
НИГЦ соопшти дека извозот на гас во Турција ќе продолжи неколку дена по санирањето на гасоводот.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Регион
Дрвја и кал во БиХ, местата зафатени од поплавите се непрепознатливи
По поплавите што вчера ја зафатија БиХ, најтешка е состојбата во општина Јабланица, каде што најголем број урнати згради и објекти се под вода, а истото е и во Трусина и Бутуровиќ Поље, јави телевизијата БХТ1.
Новинарка на телевизијата, која известува од терен, изјави дека овие места се непрепознатливи.
-Можеме да видиме само дрвја и вода, кал, се’ лебди на површината на водата, можеме да видиме загрижени жители, изјави таа и додаде дека веќе се започнати хуманитарни акции за помош на загрозените.
Според последните неофицијални податоци само на територијата на Јабланица како исчезнати се водат 48 лица, додека официјалните податоци велат дека по поројните поплави и свлечиштата кај Јабланица, Кониќ, Крешево и Кисељак, потврдена е смртта на 19 лица, а дека по многу други уште се трага.
Населението во погодените подрачја има потреба од итна помош, а најитни се конзервираната храна и вода во шишиња.
Патната комуникација е отежната, а на места и целосно прекината.
Во страшните поплави кои зафатија делови од Босна и Херцеговина, една од жртвите е и 29-годишна трудница од Јабланица. Брачна двојка е пронајдена гушната во одроните во Доња Јабланица, а според првичните информации почина и уште еден брачен пар од овој крај.
Регион
Страшни детали од поплавите во Босна и Херцеговина, загина трудница, а брачен пар се најдени гушнати
Во страшните поплави кои зафатија делови од Босна и Херцеговина, една од жртвите е и 29-годишна трудница од Јабланица. Брачна двојка е пронајдена гушната во одроните во Доња Јабланица, а според првичните информации почина и уште еден брачен пар од овој крај. Најмалку 21 лице го загуби животот во поплавите во БиХ, од кои 16 се сметаат за исчезнати.
„Најмалку 16 лица од областа на северна Херцеговина во моментов се водат како исчезнати, откако беше потврдено дека исто толку луѓе загинале само на подрачјето на Јабланица“, изјави премиерот на Федерацијата на БиХ, Нермин Никшиќ.
Затрупани се многу куќи, а утринава пристигна и дополнителна механизација.
Во тек е состанок на кризниот штаб за координација на спасувачките активности, а по него треба да се дознаат подетални информации за состојбата на теренот.
Најтешка е состојбата во Долна Јабланица каде се сомнева дека каменолом ја предизвикал трагедијата во населбата која е целосно затрупана со отпад од гранит.с
Свет
Се повеќе мали деца се дебели, предупредува ФАО
Организацијата за храна и земјоделство на Обединетите нации (ФАО) предупреди дека прекумерната тежина кај деца под пет години, анемијата кај жените на возраст од 15 до 49 години и дебелината кај возрасните се во пораст во голем број земји.
Западен Балкан со 10,3 отсто и Кавказскиот регион со 9,1 отсто имаат највисока стапка на прекумерна тежина кај децата до пет години, додека стапката на дебелина кај возрасните исто така се зголемува.
Вредностите на анемијата кај жените на возраст од 15 до 49 години ја надминуваат глобалната проценка од 29,9 отсто во Киргистан со 35,8 отсто, Таџикистан 35,2 отсто и Азербејџан 35,1 отсто.
За да се справат со овие предизвици, сите актери во Европа и Централна Азија треба да се фокусираат на квалитетот на исхраната, осигурувајќи дека сите граѓани имаат пристап до разновидна и урамнотежена исхрана.
Никој не треба да се остави зад себе. Ова мора да биде поддржано со едукативни и кампањи за подигање на јавната свест кои поттикнуваат поздрав и поодржлив избор на храна, се додава во соопштението.