Македонија
Левицата: Дали фирмата „Еуробрик“ од Велес шест месеци не им дала плата на вработените?
Вработени лица во велешката фирма „Еуробрик“ (поранешна „Киро Ќучук“) се жалат дека шест месеци не потпишале договор за работа и во истиот период не зеле плата ниту, пак, им биле платени придонеси, соопшти Левицата.
„Неколку вработени веќе имаат поведено судски спорови против оваа фирма, но сѐ уште нема епилог од самите постапки. Оваа фирма често била предмет на инспекциски проверки од страна на Трудовиот инспекторат, УЈП, претставници на Министерството за екологија (поради тоа што биле големи загадувачи), но ретко кога била санкционирана.
Ние, како политички субјект, ваквиот случај го пријавивме до Државниот инспекторат за труд по што очекуваме надлежните институции во најбрз можен рок да ја испитаат целата ситуација и соодветно да постапат. Исто така, правниот тим на Левицата им стои на располагање на овие работници во рамките на своите можности и капацитети“, велат од партијата.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Нормализиран сообраќајот на патот Градско – Прилеп
Денеска во 20:25 час, сообраќајот на регионалниот пат Градско – Прилеп кај клучката Манастирец кој беше пренасочен по регионален пат Р1107 кон Кавадарци поради случена сообраќајна незгода помеѓу патнички автомобил и трактор е пуштен за сообраќај во целост.
Македонија
Сообраќајка меѓу патничко возило и трактор на регионалниот пат Градско – Прилеп, сообраќајот пренасочен
Денеска околу 19:00 часот поради случена сообраќајна незгода помеѓу патнички автомобил и трактор, регионалниот пат Градско – Прилеп кај клучка Манастирец е пренасочен по регионален пат Р1107 кон Кавадарци, соопшти АМСМ.
Македонија
МВР: Шалтер за „Безбеден град“, граѓаните од утре ќе можат да ги променат контакт-податоците
Од Министерството за внатрешни работи известуваат дека граѓаните од утре (17.12.2025), на посебен шалтер во Одделот за граѓански работи, во зградата на МТВ (приземје) во Скопје, кој ќе работи секој работен ден во периодот од 08:00 до 17:00 часот ќе можат да поднесат барање за промена на контакт-податоците кои ги доставиле при регистрација на возилата, доколку има настаната промена или во случај да имаат добиено известување со неточни податоци.
„Истото, ќе може да се изврши и низ станиците за технички преглед на возила во државата каде што е распореден деташиран референт на МВР.
Исто така, граѓаните по електронска пошта на [email protected] ќе можат да достават писмена забелешка доколку имаат нејаснотии, прашања или проблеми поврзани со функционирањето и примената на системот „Безбеден град“, при што сите доставени забелешки ќе бидат евидентирани и разгледани согласно утврдените процедури, со цел унапредување на работењето и поефикасна комуникација со граѓаните“, соопшти МВР.

