Свет
Зариф до Трамп: Иран не почнува војни, но им одржува лекции на оние што почнуваат

Иранскиот министер за надворешни работи, Мохамед Џавад Зариф, го предупреди американскиот претседател, Доналд Трамп, дека Иран никогаш не почнува војна, но им одржува лекција на оние што почнуваат, пренесува „Техран тајмс“.
Зариф го предупреди Трамп да не биде повторно заведен од вообичаените поттикнувачи на војна.
Предупредувањето од Зариф дојде кога Трамп во средата тврдеше на „Твитер“ дека Иран планира подол напад врз американските трупи или објекти во Ирак. Трамп предупреди дека Иран и неговите соработници можеби планираат напад, но вети дека ќе платат висока цена ако го сторат тоа.
„Според информациите и верувањето, Иран или неговите соработници планираат подол напад врз американските трупи и/или средства во Ирак. Ако се случи тоа, Иран навистина ќе плати многу висока цена!“, напиша Трамп.
Како одговор, Зариф рече дека Иран има пријатели, но никој не може да има милиони соработници додавајќи: „За разлика од САД – кои постојано лажат, мамат и убиваат – Иран дејствува само во самоодбрана“.
Претходно, портпаролот на иранското Министерство за надворешни работи, Абас Мусави, изјави дека Техеран смета оти потткнувањето војна од страна на американската војска во Ирак е опасно и потенцијално може да создаде катастрофални услови што ќе го дестабилизираат регионот.
Меѓународната коалиција предводена од САД во моментот ги преместува своите трупи во Ирак за да ги консолидира во подобро заштитени бази. Коалицијата официјално ја пренесе воздушната база К1 од северната ирачка провинција Киркук во Ирачките вооружени сили во неделата.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Свет
Објавена првата фотографија по апсењето на убиецот на Чарли Кирк

Медиумите ја објавија првата фотографија од 22-годишниот Тајлер Робинсон, осомничен за убиството на американскиот активист Чарли Кирк.
Гувернерот на Јута, Спенсер Кокс, претходно денес потврди дека клучна улога во неговото апсење имал неговиот татко.
Семејството изјавило и дека последниве години тој станал политички поангажиран, а непосредно пред доаѓањето на Кирк во Јута зборувал против неговите ставови.
Истражителите откриле и пораки меѓу Робинсон и неговиот цимер, во кои се споменува оружје, оставање пушка во грмушка и гравирани куршуми. Робинсон, наводно, рекол и дека морал да ја смени облеката.
Свет
Трамп: Губам трпение со Путин

Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека му снемува трпение со рускиот лидер Владимир Путин поради неговиот неуспех да ја заврши војната во Украина.
Во интервју за „Фокс њуз“, Трамп потсети дека имал добар однос со Путин, но нагласи дека ситуацијата станува сè понеприфатлива.
Како можни мерки ги наведе санкциите кон руските банки и нафтената индустрија, додавајќи дека за тоа е потребно и учество на европските држави. Притоа истакна дека веќе презел сериозни чекори – меѓу нив и воведувањето педесетпроцентни царини на извозот од Индија, земја која е еден од најголемите купувачи на руска нафта.
Свет
Убиецот го критикувал Кирк на вечера, на куршумите изгравирал „Еј фашист“ и „Бела чао“

ФБИ и гувернерот на Јута, Спенсер Кокс, потврдија дека уапсен е 22-годишниот Тајлер Робинсон за убиството на Чарли Кирк.
Клучна трага дало семејство кое пријавило признание од Робинсон.
Видео снимките покажале дека на 10 септември пристигнал на местото со „Доџ Челинџер“. Уапсен е на 12 септември во облека што одговара на видеото.
Семејството кажало дека бил „политички поактивен“ и зборувал против Кирк на вечера пред неговото доаѓање во Јута.
Во пораки со цимерот се споменувале наводен заговор, промена на облека и куршуми со гравирани пораки („Еј фашисто! Фати!“, „Бела чао…“, „Ако го читаш ова, си геј“, „OWO. Што е ова?“).