Спорт
Астон Мартин се враќа во Формула 1

Производителот на автомобили Астон Мартин од наредната сезона се враќа во првенството на Формула 1. Астон Мартин ќе го преземе Рејсин Поинт. Целата операција според шпекулациите вреди милијарда евра.
„Бренд со педигре и историја каков што е Астон мартин мора да биде конкурентен на највисоко ниво во авто-мото спортот“, рекол газдата на Рејсинг Поинт Лоренс Строл, кој го презеде Астон Мартин.
Астон Мартин последен пат во Формула 1 се натпреварувал во 1960 година.
Сезонава за Рејсинг Поинт возат синот на сопственикот Ленс Строл и ветеранот Серхио Перез.
Базата на Астон Мартин ќе биде во Силверстон, Велика Британија.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Спорт
Грег Поповиќ потврди дека ги води Спарс до крајот на сезоната

Тренерот на Сан Антонио, Грег Поповиќ потврди дека нема да го води тимот до крајот на сезоната, како што соопшти клубот пред неколку дена. Тој се уште се опоравува од последиците од благиот мозочен удар.
Оттогаш Сан Антонио го предводи неговиот помошник Мич Џонсон.
„Одлучив да не се враќам на клупата оваа сезона. Мич Џонсон и неговиот тим завршија прекрасна работа, а одлучноста и професионалноста што ја покажаа играчите беа извонредни. Сакам да се фокусирам на моето здравје со надеж дека ќе можам да продолжам да работам во иднина”, рече Поповиќ.
Грег е тренер на Сан Антонио од 1996 година и за тоа време освои пет шампионски титули во НБА.
BREAKING: Spurs head coach Gregg Popovich addressed team today for first time since suffering a stroke to update them on his recovery and to inform that he’s not returning this season, league sources tell me. pic.twitter.com/ECeDWmWjfx
— Chris Haynes (@ChrisBHaynes) February 27, 2025
Спорт
Влаховиќ би можел да се пресели во Интер, целата зделка зависи од ПСЖ

Душан Влаховиќ ќе го напушти Јувентус по завршувањето на сезоната. Неговиот договор истекува во јуни 2026 година, а откако одби да му биде намалена платата за да ја продолжи соработката, клубот јасно му стави на знаење дека ги брои последните денови во клубот. Математиката на Јувентус е јасна, летово мора до го продаде Влаховиќ за да заработи од неговиот трансфер.
Душан Влаховиќ, како што тврдат италијанските медиуми ќе го напушти Јувентус, но ќе остане во Серија А. За да се реализира ова сценарио во игра треба да влезе и ПСЖ.
Имено, во потенцијално еден од најневеројатните трансфери, Влаховиќ би се преселил во Интер. Од овој трансфер Јувентус би заработил помеѓу 25 и 30 милиони евра што е далеку под пазарната вредност на напаѓачот.
Во зелката треба да се вклучи и ПСЖ. Домино ефектото би го задржал Рандал Коло Муани во Јувентус, а Маркус Тирам од Интер би се преселил во ПСЖ.
Интер чека понуда за Тирам за да може да влезе во траката за потписот на Влаховиќ, тврди„ Тутомеркато“. Јувентус парите од трансферот на Влаховиќ би ги искористил да го откупи договорот на Коло Муани од ПСЖ.
Спорт
Ридигер ги провоцирал играчите на Реал Сосиедад, викал „да живее Атлетик Билбао“

Германскиот дефанзивец на Реал Мадрид, Антонио Рудигер предизвика бурни реакции по натпреварот во Сан Себастијан во Купот на кралот.
Реал го победи Реал Сосиедад со 1:0, во првиот полуфинален натпревар. По натпреварот Ридигер влего во соблекувалната на Реал Сосиедад и викал: „Да живее Атлетик Билбао“.
Според медиумите, провокативниот извик на Рудигер не бил упатен кон некој конкретен играч на Реал Сосиедад, но сепак предизвикал критики.
Коментаторот на Реал Мадрид, Маноло Лама, го изрази своето незадоволство од постапките на Рудигер, сугерирајќи дека тоа би можело да доведе до свирежи од навивачите кога 31-годишниот германски дефанзивец ќе се врати на стадионот на Реал Сосиедад.
Баскиските клубови Реал Сосиедад и Атлетик Билбао се големи ривали.
Инцидентот дополнително ја влоши полемиката околу натпреварот, кој веќе беше обележан со навреди упатени кон играчите на Реал Мадрид од страна на некои навивачи на Реал Сосиедад. Судијата беше принуден да ја прекине играта во првото полувреме за да го активира протоколот против ваквите постапки.