Економија
ОПЕК преговара за досега невидено намалување на производството на нафтата
Организацијата на земјите извознички на нафта (ОПЕК) и група независни произведувачи работат на договор за досега невидено намалување на производството, а кон иницијативата би требало да се придружат и други произведувачи.
Американскиот претседател, Доналд Трамп, вчера изјави дека разговарал со рускиот претседател, Владимир Путин, и саудискиот принц Мохамед бин Салман, кој, според него, се согласиле да го намалат производството за 10 до 15 милиони барели дневно. Количината одговара на 10 до 15 проценти од вкупното глобално производство, а ако биде постигнат договор, тоа ќе биде најголемото намалување на производството во историјата, пренесува „Ројтерс“.
Трамп исто така напомена дека не направил никакви отстапки кон Саудиска Арабија и Русија, како што е понуда за намалување на американското производство. „Ројтерс“ додава дека тој потег го забрануваат американските закони за заштита на рамноправноста на трката на пазарите.
Русија и Саудиска Арабија кон крајот на 2018 година договорија ограничување на производството за да се стабилизираат цените. Кон крајот на февруари годинава пропадна нивниот договор за дополнително ограничување на производството поради пандемијата на коронавирусот.
Саудиска Арабија вчера побара итен состанок на ОПЕК и независните произведувачи тврдејќи дека сака праведен договор за стабилизација на нафтените пазари, кои се урнати поради падот на побарувачката под влијание на пандемијата.
Произведувачите сакаат кон иницијативата да се придружат и другите произведувачи, особено САД.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Економија
Илон Маск го сруши сопствениот рекорд на богатство, има 347,8 милијарди долари
Богатството на американскиот тајкун Илон Маск достигна рекордни 347,8 милијарди долари во петокот, поттикнато од континуираните добивки во акциите на „Тесла“ и новата рунда на финансирање откако неговиот стартап со вештачка интелигенција беше проценет на 50 милијарди долари.
Многу компании на Маск забележаа пораст на нивната вредност откако изборната победа на Доналд Трамп го круниса со политичко внимание.
Акциите на Тесла пораснале за 3,8 отсто во петокот, продолжувајќи да го поттикнува оптимизмот дека плановите на тимот на Трамп за автономни возила и субвенции за електрични возила ќе и дадат предност на компанијата на Маск пред конкуренцијата.
Маск, најбогатиот човек на светот, сега го собори сопствениот рекорд од 340,4 милијарди долари поставен во ноември 2021 година, според индексот на милијардери на „Блумберг“.
Економија
BLACK FRIDAY во СЕТЕК со попусти и до 70 отсто
Акцијата BLACK FRIDAY во СЕТЕК ги носи најголемите попусти и до 70 проценти.
На едно место бирајте сè што ви е потребно од најпознатите светски брендови за бела техника, телевизори, ИТ, мобилни уреди, апарати за домаќинство и уште многу други останати производи за домот и деловниот простор.
Искористете ја можноста да купите најмногу техника со најниски цени за BLACK FRIDAY во сите салони на Сетек и онлајн на www.setec.mk .
Сетек и оваа година, со радост ве очекува во сите салони полни со вашите омилени производи и уникатно шопинг искуство.
Акцијата трае oд 25 ноември до 2 декември 2024.
Има зошто сите купуваат во СЕТЕК.
Сетек – сè од техника е помеѓу водечките во трговијата со техника.
Не пропуштајте, сè што е најдобро – сега е и достапно: бела техника, апарати за домаќинство, уреди за ладење и греење, телевизори, мобилни телефони, гејминг опрема и ИТ уреди.
Сетек континуирано, повеќе од 30 години ја развива својата мрежа и стратегија за блискост со купувачите. Со застапеност на 32 различни локации и модерни салони, вклучувајќи ја и онлајн продавницата, Сетек е достапен до секој миленик на современата техника.
Воедно Компанијата нуди и и многу помошни улуги како лојална програма, кешбек, премиум достава, можности за кредитирање, рати без камата и многу експертски услуги за правилен избор и корисна употреба.
(ПР текст)
Економија
Грин Машинс на БРАКО на клучен европски саем за зелена и циркуларна економија во Италија
Електричните и водородните возила на Грин Машинс на БРАКО учествуваа на еден од најзначајните европски настани, ECOMONDO во Римини, Италија, кој претставува еден од најзначајните саеми и конференции во Европа, и кој ги обединува и системизира клучните елементи кои ги дефинираат развојните стратегии на политиката за животна средина на Европската унија.
На овогодинешниот настан, Грин Машис го претстави 500H2, најсовремен чистач на улици со погон на водород, заедно со целосно електричните 500ze и 400ze.
Дилерот на Грин Машинс во Италија, Грин Форсес, известува за голема заинтересираност за македонските возила не само на саемот, туку и на италијанскиот пазар воопшто, во конкуренција со производители на возила за чистење од Европа, САД и други делови на светот.
Македонските возила имаат предност на светскиот пазар поради нивниот квалитет, ефикасност и современ дизајн, како и различите модели, кои се достапни на електричен, хидрогенски и класичен погон.
(ПР)