Свет
Пакистанскиот премиер ја спореди владејачката партија во Индија со нацистите

Премиерот на Пакистан, Имран Кан, жестоко ја критикува владејачката партија на Индија, Баратија Јаната (БЈП), споредувајќи ја со нацистичка Германија под Адолф Хитлер, пренесува „Спутник“.
Кан на „Твитер“ праша: „РСС го инспирира раководството на БЈП во 21 век отворено да зборува за 200 милиони муслимани исто како што нацистите зборуваа за Евреите“.
РСС (Rashtirya Swayamsewak Sangh) е националистичка и културна организација покрај тоа што е родителска организација на индиската владејачка партија БЈП.
Видеоклипот што го сподели Кан прикажува новинар кој разговара со пратеникот на БЈП, Субраманиан Свами, за влијанието на изменетиот Закон за државјанството (ЦАА) врз малцинската муслиманска заедница во Индија.
Свами во видеоклипот вели: „Знаеме дека таму каде што муслиманската популација е голема секогаш има проблеми…“
Новинарот го потсетува дека Индија ја има втората по големина муслиманска заедница во светот, Свами одговара: „Ако муслиманите станат повеќе од 30 отсто во одредена земја, таа земја е во опасност“.
Со ЦАА во Индија им се доделува државјанство на религиозно прогонети имигранти од хиндуистичката, христијанската, будистичката религија, на Сиките и на Парсите од Пакистан, Бангладеш и Авганистан, но ги исклучува муслиманите. Владата разјасни дека законот ги исклучува муслиманите затоа што тие не се изложени на верски прогон во земјите во кои доминираат муслиманите.
Кан во четвртокот ја обвини владата на индискиот премиер Моди дека нелегално ја менува демографијата во Џаму и Кашмир кршејќи ги сите меѓународни закони и договори. Обвинението се однесува на ланското повлекување на специјалниот статус на Џаму и Кашмир од страна на Индија, која ја претвори државата во федерално управувана територија и ја оддели од Ладак.
Кан побара интервенција од ОН и меѓународната заедница за да ги запре наводните повреди на Индија на резолуциите на Советот за безбедност на ОН и рече дека Пакистан ќе продолжи да го обелоденува индискиот државен тероризам.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Свет
(Видео) Трамп: Ја решив војната меѓу Албанија и Азербејџан

Американскиот претседател Доналд Трамп, во гостување на „Фокс њуз“, изјави дека успеал да реши војна меѓу Албанија и Азербејџан – конфликт што никогаш не постоел.
Очигледно, тој ја помешал Албанија со Ерменија.
Трамп раскажа дека, наводно, ги довел лидерите на „двете држави“ во својот кабинет и ги натерал да се прегрнат и помират.
„22 години се борев, убивав негови луѓе“, наводно рекол едниот; „Седум години убивав нивни луѓе“, додал другиот.
„Јас им реков: ’Ајде да се прегрнете’. И го решивме проблемот“, изјави Трамп.
Trump confused Armenia with Albania during a Friday interview on Fox News.
“I ended wars that were thought to be unsolvable. Azerbaijan and Albania. It went on for many, many years,” he said. pic.twitter.com/86KJvi17Rm
— NEXTA (@nexta_tv) September 12, 2025
Свет
Осомничениот за убиството на Чарли Кирк се брани со молчење

Тајлер Робинсон, осомничениот за убиството на Чарли Кирк, престанал да комуницира со истражителите откако ангажирал адвокат. Деталите од неговиот прв разговор со полицијата се непознати.
„Тајлер Робинсон, човекот осомничен за пукањето и убиството на Чарли Кирк во среда, не разговара со истражителите“, потврдија за „Си-ен-ен“ два извори запознаени со случајот.
Еден од изворите рече дека Робинсон првично комуницирал со полицијата, но набрзо замолчил откако утрово ангажирал адвокат. Засега не е познато што разговарал со истражителите пред да одлучи да молчи.
Свет
Убиецот на Кирк би можел да биде осуден на смрт со стрелање

Властите на Јута ќе бараат смртна казна за 22-годишниот Тајлер Робинсон кој се сомничи за убиството на соработникот на Доналд Трамп, политичкиот активист, Чарли Кирк. Јута е една од петте американски држави кои дозволуваат егзекуција со стрелање.
Можноста за барање најстрога казна претходно ја објави гувернерот на Јута, Спенсер Кокс, кој изјави дека смртната казна е опција.
Јута, државата каде што се случи пукањето, е една од петте американски држави кои дозволуваат егзекуции со стрелање.