Свет
Поради намалените приходи од туризам, слоновите на Тајланд гладуваат

Пандемијата на коронавирусот ги загрози светот на туризмот, а странските медиуми пишуваат дека поради неможноста на туристите да го посетат Тајланд, слоновите гладуваат.
Според „Сан“, просечно околу 2.000 слона гладуваат секој ден затоа што персоналот задолжен за нивна грижа нема средства ниту за своите трошоци ниту за да им обезбеди храна.
„Ако не добиеме поддршка да се грижиме за нив, овие слонови, од кои некои се бремени, или ќе умрат од глад или ќе бидат пуштени на улица да просат“, рече Лек Чејлерт, основач на фондацијата Save Elephantт.
Селаните донеле 70 слона на подрачјето бидејќи веќе не добивале пари од туризмот.
„Хранењето слонови е приоритет, но проблемот е во тоа што нема доволно шума за хранење“, рече Кери Мекреа, која води засолниште за слонови во северниот дел на Тајланд.
Тајланд ги затвори своите граници веднаш по објавувањето на пандемијата, па туристите не може да ја посетуваат оваа земја.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Свет
Објавена првата фотографија по апсењето на убиецот на Чарли Кирк

Медиумите ја објавија првата фотографија од 22-годишниот Тајлер Робинсон, осомничен за убиството на американскиот активист Чарли Кирк.
Гувернерот на Јута, Спенсер Кокс, претходно денес потврди дека клучна улога во неговото апсење имал неговиот татко.
Семејството изјавило и дека последниве години тој станал политички поангажиран, а непосредно пред доаѓањето на Кирк во Јута зборувал против неговите ставови.
Истражителите откриле и пораки меѓу Робинсон и неговиот цимер, во кои се споменува оружје, оставање пушка во грмушка и гравирани куршуми. Робинсон, наводно, рекол и дека морал да ја смени облеката.
Свет
Трамп: Губам трпение со Путин

Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека му снемува трпение со рускиот лидер Владимир Путин поради неговиот неуспех да ја заврши војната во Украина.
Во интервју за „Фокс њуз“, Трамп потсети дека имал добар однос со Путин, но нагласи дека ситуацијата станува сè понеприфатлива.
Како можни мерки ги наведе санкциите кон руските банки и нафтената индустрија, додавајќи дека за тоа е потребно и учество на европските држави. Притоа истакна дека веќе презел сериозни чекори – меѓу нив и воведувањето педесетпроцентни царини на извозот од Индија, земја која е еден од најголемите купувачи на руска нафта.
Свет
Убиецот го критикувал Кирк на вечера, на куршумите изгравирал „Еј фашист“ и „Бела чао“

ФБИ и гувернерот на Јута, Спенсер Кокс, потврдија дека уапсен е 22-годишниот Тајлер Робинсон за убиството на Чарли Кирк.
Клучна трага дало семејство кое пријавило признание од Робинсон.
Видео снимките покажале дека на 10 септември пристигнал на местото со „Доџ Челинџер“. Уапсен е на 12 септември во облека што одговара на видеото.
Семејството кажало дека бил „политички поактивен“ и зборувал против Кирк на вечера пред неговото доаѓање во Јута.
Во пораки со цимерот се споменувале наводен заговор, промена на облека и куршуми со гравирани пораки („Еј фашисто! Фати!“, „Бела чао…“, „Ако го читаш ова, си геј“, „OWO. Што е ова?“).