Спорт
Премиерлига нема да продолжи во мај, сезоната е одложена на неодредено!

Во официјалното денешно соопштение од Премиерлигата, сезоната 2019/2020 нема да продолжи во мај иако првите проценки беа дека фудбалот на Островот би можел да се врати на почетокот на следниот месец. Сепак на денешниот состанок било одлучено дека потребните услови не се створени, па сезоната е суспендирана на неодредено.
Се наведува и дека и со оглед на финансиските последици, сепак можното продолжение на сезоната во мај се исклучува.
Во соопштението стои дека Премиерлигата ќе продолжи кога за тоа ќе има услови.
Премиерлигата ќе донира 20 милиони фунти за здравството во Англија, додека 125 милиони фунти ќе им бидат поделени на клубовите во пониските лиги за да се избегне нивно згаснување.
The Premier League’s overriding priority is to aid the health and wellbeing of the nation and our communities. The 2019/20 season will only return when it is safe and appropriate to do so.
Full statement: https://t.co/Tv9Leq4GGp#WeAreOneTeam pic.twitter.com/XPLQ7ls422
— Premier League (@premierleague) April 3, 2020
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Спорт
Потер ќе биде новиот селектор на Шведска

Не помина долго време откако беше отпуштен од Вест Хем, а Греам Потер се чини дека е блиску до нов договор. Како што објави Би-Би-Си, Потер е во последната фаза од преговорите за позицијата селектор на Шведска.
Шведска го отпушти Јон Дал Томасон во вторник по лошиот настап во квалификациите за Светското првенство. Шведска е последна во Групата Б со само еден бод од четири натпревари.
Потер не е „странец“ за фудбалските фанови во Шведска. Од 2011 до 2018 година, тој го водеше Остерсунд, со кого стигна до првиот ранг од четвртата лига, и до титулата во Купот на Шведска во 2017 година.
Шведска се покажа исклучително лошо во квалификациите досега, но беше победник во својата група во Лигата на нации и на тој начин сè уште можеше да добие место во плејофот за Светското првенство, кое ќе се игра во САД, Канада и Мексико во 2026 година
Спорт
Аморим оптимист пред дербито со Ливерпул

Менаџерот на Манчестер Јунајтед, Рубен Аморим, нагласи дека неговиот тим мора да го потврди напредокот во претстојното дерби со Ливерпул.
Португалецот се осврна на нерешениот резултат 2:2 со Ливерпул во јануари, кој, според него, беше пресвртница во сезоната и доказ дека Јунајтед има потенцијал да се натпреварува со најдобрите.
„Се сеќавам дека тогаш одигравме многу добар натпревар. Бев разочаран по натпреварот бидејќи покажавме дека можеме да се справиме со секој ривал. Знам колку тој натпревар им значи на навивачите и колку е посебен за клубот. Но, сега мора да го повториме тоа и да докажеме дека сме напредувале“, рече Аморим.
Тој нагласи дека клучот за успехот во неделното дерби ќе биде ефикасноста во одлучувачките моменти:
„Мислам дека играме подобро од дуелот во јануари, но мора да бидеме подобри во двата шеснаесетника. Ова е уште еден натпревар што мора да го добиеме.“
Најголемото англиско дерби се игра в недела на „Енфилд“ од 17.30 часот.
Спорт
Бецеки го освои спринтот во Австралија, Дукати без подиум

Возачот на Априлија, Марко Бецеки, триумфираше на спринт трката што се возеше во рамките на Големата награда на Австралија, 19-то коло од овогодинешното Мото ГП првенство.
Италијанецот ја освои својата трета спринт победа оваа сезона на патеката „Филип Ајленд“, со повеќе од три секунди предност пред Раул Фернандез од Трекхаус.
На двајцата им се придружи на подиумот Педро Акоста од КТМ Рејсинг, кој во фото-финишот беше за 66 илјадити делови подобар од миленикот на локалната публика, Џек Милер.
Иако возачот на Јамаха, Фабио Квартараро, стартуваше од пол-позицијата, борбата за триумфот се сведе на Бецчеки и Фернандес.
На крајот, Квартараро мораше да се задоволи со седмото место, а освојувачите на поени ги комплетираа Лука Марини на Хонда и Пол Еспаргаро, кој го заменува повредениот Маверик Вињалес во тимот Тех3.
Спринтот на „Филип Ајленд“ беше обележан и со уште едно разочарувачко издание на Франческо Бањаја, кој заврши на 19-то место.
Повредениот Марк Маркез, кој веќе ја освои титулата, води во генералниот пласман со 545 поени, неговиот помлад брат Алекс е втор со 366, додека Бањаја е трет со 274, но Бецеки е само осум поени помалку од него.
Foto/ EPA