Македонија
СДСМ: Важно е секое работно место, секоја компанија, секој приход

Во време кога сите се соочуваме со последиците од коронавирусот, државата прави најголеми напори да го спаси секое работно место, секоја компанија и да се обезбеди приход за секој граѓанин. Вториот економски пакет на Владата вреден 200 милиони евра овозможува директна помош за сите граѓани, за работниците, за стопанството, малите и средни претпријатија, дуќаните, занаетчиите и сите оние кои се дел од неформалната економија, спортистите, уметниците, соопшти СДСМ.
„Во таа насока е и владината мерка со која се обезбедува по 14.500 денари за секој вработен за месеците април и мај во сите фирми кои се погодени од здравствено-економската криза при што ќе бидат опфатени околу 250.000 работни места и околу 35.000 компании. Износот на оваа финансиска поддршка, ќе се исплатува до 13-ти во месецот, за претходниот месец.
Како обврска од користењето на оваа мерка е работодавачот да го задржи истиот број на вработени што го имал во месецот кога побарал финансиска поддршка и тоа за времетраење од четири месеци после нејзиното престанување. Како алтернатива на оваа мерка, компаниите можат за изберат да ја користат и мерката за покривање на 50 отсто од придонесите на платите на своите вработени.
Со пакетот економски мерки, никој не е заборавен. Граѓаните кои останале без работа поради кризата, државата ќе им исплаќа месечна плата во висина од 50 проценти од просечната плата на работникот во последните 24 месеци. За граѓаните кои се дел од неформалната економија се обезбедува надомест од 7.000 денари по домаќинство.
Социјалдемократскиот сојуз на Македонија за изминатите 2.5 години покажа дека преку исправни политики, храбри чекори и цврсти одлуки можеме да се справиме со сериозни предизвици. Затоа веруваме дека заедно сите, сплотени и солидарни ќе успееме да се справиме и со здравствената и економска криза“ се наведува во партиското соопштение.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија
Без струја две улици во Илинден и Волково

ЕВН Македонија АД известуваат дека на денес без електрична енергија ќе останат:
· од 08.30 до 12.30 часот, корисниците на улица бр. 27 во нас. Илинден. (Општина Илинден)
· од 09.00 до 11.00 часот, корисниците на улица бр. 33 во нас. Волково. (Општина Ѓорче Петров)
Македонија
Сончево и многу топло, максималната температура до 40 степени

Времето денеска ќе биде сончево и многу топло. Ќе дува слаб до умерен ветер од југоисточен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 12 до 21, а максималната ќе достигне од 32 до 40 степени.
Во Скопје сончево и многу топло со слаб до умерен ветер од југоисточен правец. Минималната температура ќе се спушти до 17, а максималната ќе достигне до 39 степени.
Времето во наредните денови
Под влијание на многу топла воздушна маса во текот на оваа седмица ќе се задржи сончево и топло време со умерена облачност во текот на денот. Ќе дува слаб до умерен ветер од југоистоичен правец.
Македонија
Се’ уште гори кај Јасен, активни пожари на четири локации низ Македонија

Денес до 18 часот се регистрирани вкупно 10 пожари на отворен простор. Од нив, четири се активни и моментално се гаснат, додека шест се целосно изгаснати.
Активните пожари се лоцирани во различни делови на земјата. Еден од нив е во Националниот Парк Јасен во општина Македонски Брод, каде што гори мешана шума. Друг пожар е пријавен во село Теарце, општина Теарце, каде што се гори ниска вегетација. Во општина Сарај, во село Радуша, исто така се активни пожари кои зафаќаат сува трева и мешана шума. Четвртиот активен пожар е во општина Кичево, на потегот помеѓу селата Челопејци и Миокази, каде исто така гори мешана шума, соопшти Центарот за управување со кризи.
Надлежните служби постојано апелираат до граѓаните да ги почитуваат сите препораки и забрани за палење оган на отворен простор, со цел да се спречи ширење на пожарите и да се заштитат природните ресурси.