Спорт
Кака: Меси е гениј, Роналдо е машина

Лео Меси и Кристијано Роналдо обележаа една ера во фудбалската историја. Поради тоа вечна ќе биде дилемата кој од ови двајца е подобар. Свое мислење на оваа тема има најдобриот играч во светото во 2007 година, Кака.
„Играв со Кристијано и тој е неверојатен, но јас би го избрал Меси. тој е гениј, чист талент. Неверојатен е начинот на кој што тој игра“, рекол Кака.
„Кристијано е машина – не само што е силен, моќен и брз, туку е и ментално силен. Секогаш сака да победи, секогаш сака да игра и да биде најдобар. Тоа кај него е она што импресионира. Во историјата на фудбалот овие двајца дефинитивно се во Топ 5. Среќни сме што можеме да ги гледаме“, заклучил Кака.
Досега во кариерата Меси освоил шест „Златни топки“, една повеќе од Роналдо.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Спорт
Македонија повторно загуби од Романија

Македонската кошаркарска репрезентација го загуби и третиот натпревар во претквалификациите за пласман во квалификациите за Светското првенство. Вечерва, во Орадеа, Романија ја победи Македонија 79:66.
Првата четвртина го одреди текот на натпреварот, Романците ја добија со седум поени (26:19). На полувреме Романија имаше двоцифрена предностевет поени предност (45:34).
Македониај во еден дел од решавачката четвртина се доближи на разлика од три поени (69:66), Романците го одбија тој налет и ја забележаа втората победа во овие претквалификации.
Џејкоб Вајли со 19 поени беше најефикасен во нашиот табор, додека Магдевски постигна 13 поени. Кај победникот најдобар беше Стефан Грасу со 20 поени.
Со овој пораз македонските кошаркари на минимум ги сведоа шансите за пласман во квалификациите за Мундијалот во 2007 година во Катар.
На 20 август Македонија ќе ја пречека Унгарија.
Foto/ kfsm.mk
Спорт
Хојлунд е на чекор од трансфер во Милан

Милан продолжува со преговорите за Расмус Хојлунд со Манчестер јунајтед.
Преговорите со претставниците на играчот се во тек за да се разговара за проектот на клубот, а Хојлунд е отворен за доаѓање во Милан.
Деталите објавени минатата недела вклучуваат позајмица со надомест од 6 милиони евра, откупна клаузула од 45 милиони евра и покривањето на целата плата.
„Двете страни се блиску до договор“, тврди Фабрицио Романо.
Спорт
Лекип: Донарума се договорил со Сити

Еден од најдобрите голмани во светот, Џанлуиџи Донарума (26), чиј договор со ПСЖ истекува за 11 месеци, веројатно ќе ја продолжи кариерата во Манчестер сити.
Францускиот весник „Лекип“ тврди дека италијанскиот голман веќе ги договорил условите на договорот со „Граѓаните“, вклучувајќи ја и годишната плата. Според нивните изјави, раководството на ПСЖ бара обештетување од 50 милиони евра, а сè што останува е клубовите да го договорат обесштетувањето.
Донарума пристигна во Париз пред четири години од Милан, како слободен агент, без обештетување. Во сите сезони, тој се покажа како сигурен голман, па затоа шок предизивика одлуката на управата на ПСЖ да се откаже од италијанскиот репрезентативец.
ПСЖ веќе го пронајде наследникот на Донарума, а тоа е Лукас Шевалие, за кого Лил ќе добие 55 милиони евра обештетување (вклучувајќи бонуси).
За потсетување, ПСЖ официјално го објави списокот на играчи за финалето на Суперкупот на УЕФА против Тотенхем, потврдувајќи дека Италијанецот Донарума не е во тимот.
И покрај тоа што беше еден од клучните играчи во борбата на клубот за првиот трофеј во Лигата на шампионите минатата сезона, Донарума беше отстранет од составот и нема да патува на натпреварот од Суперкупот.