Македонија
(Видео) Арсовски: Кога ќе заврши кризата сите ќе ги видат вистинските лица на Заев и Филипче

Народот ќе биде запрепастен од улогата на Венко Филипче во оваа криза и претходно нормално сите знаеме за неговите сомнителни тендери, набавки и сомнителни дејанија кои се граничат, односно се надвор од законот. Сепак за тоа ќе разговараме откако ќе дојде време, изјави портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ, Димче Арсовски, одговарајќи на новинарско прашање во однос на ставовите на министерот Филипче за тестовите за коронавирус.
„Тоа ќе биде откако ќе заврши оваа криза сега ни е најважно здравјето на граѓаните и заживување на економијата. Видете Венко Филипче и Зоран Заев секој оној кој спротивно размислува од нивното мислење и кој ја кажува вистината на граѓаните тие сакаат да го етикетираат и да го прогласат за еретик кој шири лажни вести итн. ВМРО-ДПМНЕ нема да биде вовлечена во површни дискусии и ситни кавги. И оттука изјавата на Венко Филипче ќе ја гледаме само низ призмата на менталниот склоп на Зоран Заев.
Нема да реагираме со било каков напад бидејќи сега не е време за тоа, но верувајте кога ќе заврши сето ова, сите ќе го видат вистинското лице на Зоран Заев, на Венко Филипче и на сите оние кои се обидоа на било каков начин да профитираат од оваа криза и природна непогода која ги погоди граѓаните“ порача Арсовски.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија
Субвенции за струја за ранливи домаќинства: Обработени 745 апликации, следи исплата

Министерството за енергетика, рударство и минерални суровини ги финализира административните проверки на апликациите пристигнати по јавниот оглас за финансиска поддршка за потрошена електрична енергија за ранливи категории домаќинства во 2025 година.
Досега се пристигнати и првично прегледани вкупно 745 апликации од двете категории корисници:
· За домаќинства со деца со попреченост, пристигнати се 488 апликации, од кои 344 ја имаат доставено потребната документација, а 144 се одбиени по различни основи.
· За згрижувачки семејства, пристигнати се 257 апликации, од кои 110 се со уредна документација, а 102 се одбиени.
Комисијата која ја спроведува постапката веќе е во завршна фаза на разгледување и на останатите апликации, по што ќе следува дополнителна проверка на податоците со УЈП, Министерството за труд и социјална политика и ЕВН Хоум.
„Очекуваме во јуни 2025 година да бидат објавени конечните списоци за двете категории на домаќинства, по што ќе отпочне исплатата на субвенциите. Согласно Програмата за заштита на ранливи потрошувачи на енергија за 2025 година, секое домаќинство кое ги исполнува критериумите ќе добие субвенција од 1.000 денари месечно за покривање на дел од трошоците за електрична енергија, во траење од 12 месеци“, велат од Министерството.
Македонија
Делови од Центар, Аеродром и Ѓорче Петров без струја

ЕВН Македонија АД известува дека на ден 02.05.2025 година ( петок) без електрична енергија ќе останат:
– во периодот од 08.30 до 13.00 часот, дел од ул.Ленинова, реон кај Министерство за земјоделие (општина Центар )
– во периодот од 08.30 до 13.30 часот, дел од ул.Јордан Хаџиконстантинов Џинот (општина Центар )
– во периодот од 09.00 до 13.00 часот, дел од потрошувачки, односно полициска станица и базата на пожарникари во населба Ѓорче Петров.(општина Ѓорче Петров )
– во периодот од 09.00 до 13.00 часот, дел од ул.с.Горно Лисиче, после Кодакопласт по главниот пат.(општина Аеродром)
– во периодот од 09.00 до 13.00 часот, дел од с.Горно Лисиче, објектите околу Феромонт по главниот пат.(општина Аеродром)
– во периодот од 09.00 до 13.00 часот, корисниците од Стопански двор како и ТС Елма, Јованче Петрушевски, Ангел Релакс, Софија и ТС Рафмак.(општина Ѓорче Петров )
– во периодот од 11.00 до 13.00 часот, дел од потрошувачки на ул. Кадињача.(општина Ѓорче Петров )
Македонија
Сончево време, попладне локален дожд

Времето денеска сончево и топло со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец. Попладне ќе има локален развој на нестабилна облачност со краткотраен пороен дожд и појава на ретки грмежи, информира УХРМ.
Минималната температура ќе биде во интервал од 4 до 11, а максималната ќе достигне од 21 до 28 степени.
Во Скопје, сончево и топло со мала до умерена облачност. Ќе слаб до умерен ветер од северен правец. Минималната температура ќе се спушти до 10, а максималната ќе достигне до 28 степени.
Следува период на топло време. Од почетокот на новата седмица се очекува нестабилно време со локален пороен дожд, грмежи и засилен ветер.