Спорт
Тоти: Доколку заминев ќе уништев сѐ што ми беше важно

Легендата на Рома Франческо Тоти во интервју за „Скај Италија“ рекол дека пред крај на кариерата имал неколку понуди да го напушти клубот во кој ја мина целата кариера. Тоте ја заврши кариерата во 2017 година.
Франческо Тоти е рекордерот на Рома со 785 натпревари и 307 постигнати голови.
„Имав понуди да ја напуштам Рома на крајот од кариерата. Имав неколку понуди од Италија и од странство. Можам да кажам дека размислував да заминам, бидејќи имав идеја дека можам уште да играм фудбал. Сепак ништо немаше да ми значат уште една или две сезони на теренот, со тоа би си го уништил сонот низ целата кариера да го носам дресот на само еден тим. Доколку заминев ќе уништев се што ми беше важно во животот“, рекол Тоти.
Тоти открил дека имал понуди од САД и Обединетите Арапски Емирати но и дека челниците на Сампдорија имале конкретна понуда за трансфер.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Спорт
Историски резултат на Кими Антонели во Мајами

Тинејџерот Андреа Кими Антонели, ја освои пол-позицијата за спринт трката во Мајами. До најголемиот успех во кратката кариера, возачот на Мерцедес, дојде со најбрзиот круг 1:26.482 минути.
Со неполни 19 години, Антонели стана најмладиот освојувач на пол позиција во историјата на Формула 1, без разлика дали станува збор за Гран при или спринт трка.
Антонели зад себе ги остави возачите на Мекларен, Оскар Пајстри (+0.045) и Ландо Норис (+0.100).
Спринтот до Норис, од вториот ред ќе го започне актуелниот светски првак Макс Ферстапен (+0.255).
Петтото место во квалификациите му припадна на колегата на Антонели, Џорџ Расел. Зад него се возачите на Ферари, Шарл Леклер и Луис Хамилтон.
Во Топ 10 се пласираа Алекс Албон (Вилијамс), Иска Хаџар (Рејсинг Булс) и Фернандо Алонсо (Астон Мартин).
Спринт трката во Мајами се вози во сабота со почеток во 18 часот, а квалификациите за главната трка се закажани за 22. часот.
Спорт
Барселона избори „мајсторка“ против Монако

Кошаркарите на Барселона го победија Монако во „Блауграна“ со 79:72, во четвртиот натпревар од плејофот на Евролигата.
Барселона го израмни резултатот во плејоф серијата на 2:2, што значи дека „мајсторката“ во Кнежевството ќе го патникот на завршниот турнир.
Џабари Паркер ги предводеше Каталонците до победата со 22 поени и два скока, а го следеше Дарио Брисуела со 17 поени. Двоцифрен број на поени во редовите на Барселона постигна уште само Кевин Пантер 11, три скока и две асистенции.
За Монако се истакна Мајк Џејмс со 16 поени, четири скока и пет асистенции, а двоцифрен број на поени постигнаа и Алфа Дијало (3 поени, пет скока и две асистенции), Метју Стразел (10 поени и четири асистенции).
Претодно вечерва, Ефес го победи Панатинаикос по драмата во Истанбул со 85:82 и го израмни резултатот во плејоф серијата на 2:2.
Пласмна на завршниот турнир во Абуд Даби веќе изборија Олимпијакос и Фенербахче.
Спорт
(Видео) Де Брујне му донесе важна победа на Манчестер сити

Манчестер сити ќе помине најмалку два дена на третото место на табелата по 35-от одигран натпревар во Премиер лигата.
„Граѓаните“ на домашен терен славеа над Вулверхемптон со 1:0, и сега се два бода и еден натпревар пред Њукасл на третото место.
Вулверхемптон немаа среќа да го избегнат поразот. Рајан Аит Нури ја погоди стативата, а вториот обид беше блокиран од дефанзивците на Сити.
Нико О’Рајли ја имаше првата вистинска шанса за домашниот тим во 33-та минута, но Жозе Са скокна како мачка и го запре неговиот удар под пречката. Само две минути подоцна, Сити поведе.
Џереми Доку испрати одлична топка за Кевин де Брујне, кој рутински ја реши ситуацијата. Ова е еден од неговите последни, можеби и последен гол во дресот на Манчестер сити.
„Волците“ можеа да израмнат во неколку наврати. Тие ја имаа најдобрата шанса кога Матеус Куња ја погоди стативата во 57-та минута.
На крајот – 1:0 за тимот на Пеп Гвардиола, кој имаше само еден удар во рамките на голот во екот на целиот натпревар.