Црна хроника
Велосипедист загина во близина на Делчево

Делчевската полиција поднесе кривична пријава против 53-годишниот М.Т., осомничен за сторено кривично дело „тешки дела против безбедноста на луѓето и имотот во сообраќајот“.
Пријавениот во неделата, околу 16:50 часот, движејќи со неприлагодена брзина на патот Македонска Каменица – Делчево со комбе „Пежо Боксер“ удрил во велосипед управуван од 56-годишниот Ѓорѓи М., кој се здобил со тешки телесни повреди и по кратко време починал. /крај/мф/ач
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Црна хроника
Сообраќајна несреќа на патот Куманово – Крива Паланка, сообраќајот во прекин

АМСМ информира за прекин на сообраќајот на патот Куманово – Крива Паланка поради сообраќајна несреќа.
Поради сообраќајна незгода, сообраќајот на магистралниот пат Куманово – Крива Паланка, кај ресторан „Фемили“ од 13:00 часот е во прекин, соопштија надлежните.
Црна хроника
Загина 74-годишен маж: со возилото излетал од патот во Кичевско

Вчера во Полициската станица Кичево било пријавено дека околу 08.15 часот на регионалниот пат Кичево-с.Осломеј, кај с.Гарани, кичевско, патничко возило „волво“ со кичевски регистарски ознаки, управувано од С.С.(74) од с.Црвивци, кичевско, излетало надвор од патот.
Од здобиените повреди возачот С.С. починал на местото на настанот, а лекар од Итна медицинска помош констатирал смрт.
Извршен бил увид од увидна екипа од ОВР Кичево и по насоки на јавен обвинител телото на починатиот било дадено на обдукција.
Топ
Силувани деца на возраст од 3 и 10 години во Гостивар, мајката ги снимила и видеото го пратила на таткото

Основното јавно обвинителство Гостивар донесе Наредба за спроведување истражна постапка против мајка од гостиварско за која постои основано сомнение дека спрема нејзините две деца – девојче родено 2015 година и момче родено 2022 година, сторила кривично дело – Запуштање и малтретирање дете.
Како што информираат од обвинителството таа исто така се сомничи и за – Производство и дистрибуција на детска порнографија, додека две други жени се осомничени за – Силување на децата кои не наполниле 15 години.
Триесетгодишната мајка грубо ја запоставила својата должност за грижа за децата и дозволила двете 22-годишни жени да извршат полови дејствија со нејзините деца. За тоа време, мајката настанот го снимала со мобилен телефон, а видеото со детска порнографија преку апликација ја испратила на нејзиниот сопруг кој се наоѓал во Италија.
Јавниот обвинител до судијата на претходна постапка од Основниот суд во Гостивар достави предлог за определување мерка притвор за трите осомничени.