Македонија
Кумановец починал во Градската болница „8 Септември“, Филипче најави зајакнување на мерките

Освен 63-годишното лице од Лабуништа, кое починало на Инфективната клиника како последица на коронавирусот, во последниве 24 часа уште едно лице од Куманово починало во Градската болница „8 Септември“ од Ковид-19, со што бројот на смртни случаи се искачи на 19.
„Уште едно лице од Куманово во болницата ‘8 Септември’ е починато, тој бил детектиран како позитивен на вирусот Ковид-19 на први април“, информираше министерот за здравство Венко Филипче, кој не даде дополнителни информации за возраста на лицето и дали истото претходно страдало од хронични болести.
Министерот рече дека земјава влегува во втората фаза на епидемијата, па утре Комисијата за заразни болести во Владата ќе предложи зајакнување на мерките, со оглед на тоа што бројот на заболени лица дополнително ќе расте.
„Еден од главните проблеми е што има асимптоматски носители на вирусот, па оттаму ги повторувам препораките дека секој контакт треба да се избегнува“, рече тој.
На денешниот видео-брифинг меѓу новинарите и првите луѓе на здравствените установи надлежни за справување со коронавирусот, беше кажано дека од денеска и болницата „8 Септември“ е подготвена за дијагностицирање и лечење на забоелни од Ковид-19 и дека на располагање ќе бидат нови 400 болнички кревети,што ги нуди болницата. Каде ќе бидат сместени заболените ќе се одлучува во координација со директорката на Клиниката за инфектологија.
Како нов регионален центар за справување со пандемијата е и болницата во Битола каде што во моментов има 35 кревети на располагање, кои можат да се зголемат до 100.
Во меѓувреме, течат преговори со лабораторијата на МАНУ за дијагностицирање на заболени од Ковид-19 и за користење на нивната апаратура.
Во моментов, на Инфективната клиника сместени се 74 пациенти, од кои 11 дишат со помош на респиратори, а 15 се во тешка здравствена состојба.
Засега, најкритична точка е Куманово, град во кој од петокот е воведен полициски час и каде бројот на новодијагностицирани од коронавирусот секојдневно расте.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија
Променливо облачно време повремено со пороен дожд и грмежи

Времето денес ќе биде променливо облачно и посвежо, претпладне со повремено пороен локален дожд, грмежи и услови за појава на краткотрајно невреме. Ќе дува слаб до умерен западен, а долж Повардарието северен ветер, кој попладне наместа ќе засилува. Максималната температура ќе биде во интервал од 27 до 35 степени.
Во Скопје, променливо облачно, во претпладневните часови со повремен пороен дожд и услови за појава на ретки грмежи. Ќе дува слаб до умерен, попладне во делови од котлината повремено засилен северен ветер.
Максималната температура ќе достигне до 33 степени.
Македонија
Комисијата утврди дискриминација врз професионалните војници – синдикатот бара итни законски измени

Комисијата за спречување и заштита од дискриминација утврди индиректна дискриминација врз професионалните војници од страна на Министерството за одбрана, информира Независниот синдикат на професионални војници СО Скопје.
Претставката до Комисијата ја поднел Александар Насковски, претседател на синдикатот и професионален војник, на 12 ноември 2024 година. Според него, Министерството со години не го трансформира работниот однос на професионалните војници од определено на неопределено време, спротивно на член 46 од Законот за работни односи.
„Професионалните војници се единствената категорија вработени во државата кои работат и по 25 години со договори на определено време, често продолжувани и по седум или осум пати, без можност да остварат право на пензија“, изјави Насковски.
По долготрајна институционална игнорација, синдикатот на 3 јуни 2025 година достави предлог-закон за изменување и дополнување на Законот за служба во Армијата до Собранието и сите пратенички групи. Со предложените измени се предвидува конечно уредување на статусот на професионалните војници и спроведување на препораките од Комисијата.
Синдикатот очекува Министерството за одбрана и пратениците да постапат по препораките и да ја исправат, како што велат, децениската неправда, со што ќе се постигне и буџетска заштеда за институцијата.
Македонија
Ангелов на состанок во Берово: Планирање на акција за справување со пожарот над Русиново

Раководителот на Главниот штаб за управување со кризи и директор на Дирекцијата за заштита и спасување (ДЗС), Стојанче Ангелов, синоќа присуствуваше на координативниот состанок на Општинскиот штаб за заштита и спасување во Берово, предводен од градоначалникот Звонко Пекевски.
На работниот состанок се анализираа извештаите за движењето и интензитетот на пожарот во планината над селото Русиново. Како главни предизвици беа посочени променливиот ветер, остатоците од стари пожари – шупливи дрвја кои при горење паѓаат по стрмнините – како и непристапниот терен, што значително го отежнува гаснењето.
Според соопштението од ДЗС, состанокот траел подолго поради разгледување на повеќе стратегии за утринска интервенција. Се планира комбинирана акција со теренски сили, механизација и ангажман на воздухоплови, чија активност ќе се координира од земја во согласност со конкретните дневни услови.
Ова е дел од континуираните напори за справување со активните пожари во источниот дел на земјата.