Контакт

Свет

Разрешениот капетан на американскиот носач на авиони има коронавирус

Објавено пред

Капетанот во американската морнарица, кој со остро писмо чија содржина дојде и до јавноста, предупредуваше за здравјето на неговиот екипаж, по ширењето на коронавирусот на носачот на авиони „Теодор Рузвелт“ и самиот е позитивен на Ковид-19, пренесуваат светските агенции.

dobivaj vesti na viber

Поради тоа што содржината на писмото беше објавена во американските медиуми пред Генералштабот да донесе одлука за него, капетанот Брет Крозер пред три дена беше разрешен од функцијата, но неговиот екипаж на носачот на авиони го испрати како херој.

Одземањето на командата на Крозер врз бродот со екипаж од пет илјади војници, ја најави командантот на морнарицата Томас Модли, велејќи дека капетанот направил многу лоша проценка за време на кризата, непотребно ги вознемирил членовите на семејствата и го поткопал синџирот на команда.

Според Њујорк Тајмс, тестот за коронавирус на капетанот Крозер е позитивен. Според изјавите на неговите поранешни колеги од Поморската академија, знаците на болеста кај него започнале да се јавуваат во четвртокот.

Американскиот министер за одбрана Марк Еспер ја бранеше одлуката за разрешување на капетанот, додавајќи дека Модли донел тешка одлука кога го сменил од функцијата Крозер, додека носачот на авиони е закотвен на островот Гуам.

Еспер не кажа дали останатите официјални претставници на Пентагон се согласуваат со ваквата одлука, додавајќи дека истрагата е во тек. Тој за Си-ен-ен изјави дека половина од екипажот на „Теодор Рузвелт“ биле тестирани за коронавирус и дека досега има 155 позитивни.

Сепак, ниту еден од нив нема потреба од хоспитализација, рече Еспер.

На прашањето дали претседателот Доналд Трамп побарал смена на Крозер, Еспер одговори дека тоа е одлука на командантот на морнарицата, која претседателот ја поддржува.

Во своето предупредувачко писмо, кое го објавија американските медиуми, Крозер напиша дека екипажот не е во војна и дека морнарите не мора да умрат.

Голем број официјални претставници на Пентагон велат дека тој не требало да дозволи писмото да излезе во јавност.

Во неделата Трамп го поддржа неговото разрешување, велејќи дека тоа што го сторил капетанот е ужасно.

Носачот на авиони бил во Пацификот кога морнарицата го пријавила првиот случај на коронавирус на бродот пред една недела, по што вирусот започнал брзо да се шири меѓу морнарите.

 

 



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Свет

„Блумберг“: Трамп побарал од Орбан да го поддржи пристапувањето на Украина во ЕУ

Објавено пред

Од

Претседателот на САД, Доналд Трамп, вчера разговараше по телефон со унгарскиот премиер Виктор Орбан, по средбата со украинскиот претседател Володимир Зеленски и европските лидери.

dobivaj vesti na viber

Главна тема на разговорот беше блокадата на Орбан на преговорите за пристапување на Украина во Европската Унија, според извори запознаени со ситуацијата, објави „Блумберг“.

Повикот на Трамп до Орбан следеше по состанокот во Белата куќа, каде што тој разговараше со европските лидери за начините за завршување на војната во Украина. За време на состанокот, европските лидери го замолија Трамп да го искористи своето влијание врз унгарскиот премиер за да го убеди да се откаже од своето противење на кандидатурата на Украина за членство во ЕУ, велат изворите.

Украина со години се обидува да се приклучи на Европската Унија и го гледа членството како дел од поширок пакет безбедносни гаранции што би спречиле нови руски територијални претензии доколку се постигне прекин на огнот.

За време на разговорот со Трамп, Унгарија изрази интерес да биде домаќин на следната рунда разговори меѓу Владимир Путин и Зеленски, според изворите. По разговорот, Трамп ги објави своите планови за организирање самит на лидери меѓу Русија и Украина, по што ќе следи трилатерален состанок на кој и тој би учествувал. Времето и локацијата на тие состаноци сè уште не се објавени.

Фото: ЕПА

Прикажи повеќе...

Свет

Нетанјаху го обвини австралискиот премиер: Го предадовте Израел

Објавено пред

Од

Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху го обвини својот австралиски колега Ентони Албанезе за „предавство на Израел“ и „напуштање“ на еврејската заедница во Австралија, ескалирајќи ги веќе напнатите односи меѓу двете земји, објавува BBC News.

dobivaj vesti na viber

Нетанјаху рече дека историјата ќе го памети Албанезе „затоа што е слаб политичар“.

Овие остри зборови дојдоа откако Австралија вчера му забрани влез на крајно десничарскиот член на владејачката коалиција на Нетанјаху, Симча Ротман, со одземање на неговата виза пред планираната посета. Израел возврати со одземање на визите за австралиските претставници во Палестинската самоуправа, повикувајќи се на објавата на Канбера минатата недела дека ќе ја признае палестинската држава во септември.

Нема официјален одговор од премиерот Албанезе.

Австралија објави на почетокот на август дека ќе признае палестинска држава. Премиерот Албанезе во тоа време рече дека Нетанјаху „живее во негирање“ за последиците од војната врз невините луѓе.

„Прекинот на помошта што го видовме, а потоа и загубата на животи што ја гледаме околу овие точки за дистрибуција на помош, каде што луѓето што чекаат во ред за храна и вода ги губат своите животи, е едноставно целосно неприфатливо“, рече тој.

Објавата следеше по слични потези од Обединетото Кралство, Франција и Канада, на што Нетанјаху остро одговори, обвинувајќи ги лидерите на тие земји дека се на страната на „масовни убијци, силувачи, убијци на бебиња и киднапери“.

Државата Палестина моментално е признаена од 147 од 193 земји-членки на Обединетите нации.

Прикажи повеќе...

Свет

Турција ќе биде домаќин на НАТО самитот во 2026 година

Објавено пред

Од

Генералниот секретар на НАТО, Марк Руте, денес објави дека самитот на Алијансата во 2026 година ќе се одржи на 7 и 8 јули во претседателскиот комплекс Бештепе во Анкара, Турција.

dobivaj vesti na viber

„Сакам да ѝ се заблагодарам на Турција за домаќинството на овој важен состанок. Турција е силен сојузник на НАТО повеќе од 70 години и дава непроценлив придонес за нашата заедничка безбедност“, рече Руте.

Според него, на следниот самит, лидерите ќе продолжат да го зајакнуваат НАТО, правејќи го посилен, пофер и поефикасен сојуз, подготвен да одговори на клучните безбедносни предизвици.

Турција ќе биде домаќин на самитот на НАТО по втор пат, по Истанбул во 2004 година.

Самитите на НАТО ги собираат лидерите на сојузниците за да донесат одлуки за важни прашања со кои се соочува Алијансата.

Прикажи повеќе...

Најново

Свет5 часа

Каја Калас: На Путин не може да му се верува

Шефицата на европската дипломатија, Каја Калас, изјави дека Европската Унија ќе продолжи да ја таргетира воената економија на Русија и...

Македонија6 часа

Поради пожарот кај Јасен, затворен за сообраќај патот Македонски Брод – Скопје

Поради пожар во националниот Парк Јасен, регионалниот пат Р1106 Македонски Брод – Скопје затворен е за секаков вид на возила,...

Свет8 часа

Швајцарија му нуди имунитет на Путин ако дојде на мировна конференција

Швајцарија ќе му понуди имунитет на рускиот претседател Владимир Путин, и покрај неговото обвинение во Меѓународниот кривичен суд, под услов...

Македонија9 часа

Скопје, Јегуновце, Тетово, Гостивар и Кичево ќе ги поврзува модерна пруга – Владата почнува со подготвки, ЕУ поддржува со 5,3 милиони евра

Владата донесе одлука за започнување на подготовки за целосна реконструкција, модернизација и електрификација на железничката линија од Скопје до Кичево...

Македонија9 часа

Одложени рочишта во Кривичниот суд поради неспроведување на притвореници – Утковски: Затворот има недостиг на возила и кадар

Во изминатите два дена, речиси сите насрочени рочишта во Основниот кривичен суд Скопје биле одложени, со навремена достава на покани...

Топ11 часа

МВР со детали за смртоносната несреќа кај Ресен: двајца загинати, едниот 20-годишен

Две лица загинаа, третото е тешко повредено. Ваков е трагичниот биланс од смртоносната сообраќајна несреќа што се случи вчера на...

Македонија11 часа

На непристапен терен со силен оган, надлежните се борат од воздух – леталата ја формираат линијата на пресек кај Јасен

Шумскиот пожар во непристапниот терен кај Јасен е повторно активиран, а слабиот дожд не беше доволен за негово сопирање. Директорот...

Свет12 часа

Лавров: Трамп и неговиот тим сакаат да постигнат долгорочен и сигурен резултат

Рускиот министер за надворешни работи, Сергеј Лавров, го пофали Доналд Трамп за желбата за траен мир во Украина, а ги...

Свет13 часа

Зеленски: Веќе работиме на специфичната содржина за безбедносните гаранции

Американскиот претседател Доналд Трамп објави дека почнале подготовките за средба меѓу рускиот и украинскиот претседател, Владимир Путин и Володимир Зеленски....

Македонија14 часа

Државниот завод за ревизија: Отсуство на кадар и процедури го загрозуваат квалитетот на податоците во Централниот регистер на населението

Државниот завод за ревизија спроведе проверка на информациските системи со фокус на усогласеноста на процедурите за безбедност на податоците од...

Топ16 часа

(Фото) Во два одвоени случаја уапсени три лица во Кочани и Кочанско, пронајдена дрога

Вчера во 15:40 часот во Кочани, полициски службеници од СВР Штип – ОВР Кочани го лишиле од слобода 22-годишниот Б.Д....

Свет17 часа

Макрон по состанокот: Трамп верува во договорот, јас не верувам во Путин

Францускиот претседател Емануел Макрон изрази претпазливост во врска со средбата меѓу рускиот претседател Владимир Путин и украинскиот претседател Володимир Зеленски,...

Свет18 часа

Белата куќа објави фотографија: Трамп разговара по телефон со Путин

Американскиот претседател синоќа го повика Путин по средбите со Зеленски и европските лидери. „На крајот од средбите, го повикав претседателот...

Свет18 часа

Шефот на НАТО: Испраќањето војници во Украина не е дискутирано

Генералниот секретар на НАТО, Марк Руте, изјави дека за време на разговорите во Белата куќа, воопшто немало дискусија за испраќање...

Свет18 часа

Германскиот канцелар: Договорено е Путин и Зеленски да се сретнат во рок од две недели

Германскиот канцелар Фридрих Мерц се огласи кратко по завршувањето на разговорите во Белата куќа со Доналд Трамп. Мерц рече дека...

Свет18 часа

Зеленски: Путин во разговорот со Трамп предложил да се сретнеме

Украинскиот претседател Володимир Зеленски одржа прес-конференција пред Белата куќа по историската средба со американскиот претседател Доналд Трамп и европските лидери....

Свет18 часа

Трамп вели дека почнал со подготовките за средбата Путин – Зеленски

Доналд Трамп ги истакна можните следни чекори по средбите во Белата куќа. Тој, исто така, потврди дека разговарал со Владимир...

Свет1 ден

Заврши состанокот во Белата куќа, разговорите продолжуваат во нов формат

Состанокот во Белата куќа меѓу американскиот претседател Доналд Трамп, украинскиот претседател Володимир Зеленски и европските лидери заврши, но разговорите продолжуваат,...

Свет1 ден

Трамп верува дека може да се договори мир додека траат борбите: „На целиот свет му е доста од оваа војна“

Претседателот на САД, Доналд Трамп беше прашан дали ги разбира „коренските причини“ за војната за време на состанокот со украинскиот...

Свет1 ден

Tрамп на состанок со Зеленски: Украна ќе добие безбедносни гаранции

Претседателот на САД, Доналд Трамп за време на состанокот во Овалната соба со украинскиот претседател, Володимир Зеленски, рече дека Украина...