Црна хроника
Парична казна за тројца штипјани кои го прекршиле полицискиот час
Штипското обвинителство денеска побара парични казни во висина од по 100 дневни глоби, секоја од нив со висина од по 20 евра во денарска противвредност, за три лица кои го прекршиле полицискиот час.
За обвинетите се поднесени предлози за издавање казнени налози, бидејќи за време на епидемија не постапиле според прописите и наредбите со кои се определуваат мерки за нејзино сузбивање или спречување, односно одлуката за забрана и посебен режим на движење. Тие во одделни кривично правни настани, пеш или со патнички возила се движеле низ Штип на 25 и 26 март. Со тоа не постапиле според здравствени прописи за време на епидемија од член 206 став 1 од Кривичниот законик.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
Тешко повредена девојка од Скопје настрада откако четирицикл излета од земјен пат во Галичник
Вчера во 15.00 часот во СВР Тетово било пријавено дека од шумски земјен пат во атар на село Галичник, на место викано „Горно стопанче“, излетал четирицикл со скопски регистарски ознаки, управуван од Б.Л.(22) од Скопје.
Во несреќата со тешки телесни повреди се здобила сопатничката А.Ц.(23) од Скопје, додека возачот се здобил со телесни повреди, констатирани во Општа болница „8 Септември“ во Скопје. Увид на местото извршила екипа од ОВР Гостивар.
Црна хроника
Со „цитроен“ во Струмица маж излетал од патот, тешко повреден сопатникот
Во 00.15 часот во СВР Струмица било пријавено дека на бул.„Гоце Делчев“ во Струмица, патничко возило „цитроен“ со струмички регистарски ознаки, управувано од И.Н.(56) од Струмица, излетало надвор од патот.
Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил сопатникот Ж.А., констатирани во Медицински центар Струмица. Увид на местото извршила екипа на Полициската станица Струмица.
Црна хроника
Претрес во Мала Речица, пронајдена дрога
Вчера во 18.45 часот во Тетово, полициски службеници од Отсекот за недозволена трговија со дрога и оружје при СВР Тетово го лишиле од слобода А.Т.(35) од с.Мала Речица, тетовско.
При претрес во домот кој го користи под наем, извршен со судска наредба, биле пронајдени и одземени саксии со насади од растението канабис, шишиња со течност и други предмети поврзани со делото.
Лицето било задржано во полициска станица и по целосно документирање на случајот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава.