Свет
(Видео) Во Велика Британија се палат 5Г-кули поради теории на заговор за коронавирусот
Една од теориите на заговор, кои избувнаа среде пандемија на коронавирусот, е дека телекомуникациската мрежа 5Г предизвикува или ја влошува оваа зараза.
А во Велика Британија некои теоретичари на заговор не се задржале само на делење алтернативни тврдења на социјалните мрежи, туку тргнале во борба против 5Г во вистинскиот свет.
Последици од тоа се – запалени најмалку три 5Г-кули, а повеќе телекомуникациски техничари се изложени на малтретирање и закани на улиците поради оваа теорија дека 5Г ги прави луѓето да бидат подложни на коронавирусот.
Не постојат никакви официјални докази дека петтата генерација на мобилните комуникации, познати како 5Г, предизвикува или ја влошува новата болест Ковид-19, која предизвикува коронавирус САРС-КоВ-2. Со оваа тема, меѓу другото, се занимава и независната британска страница за проверка на фактите „Фул факт“.
„Главната импликација на тврдењето дека 5Г влијае на имунолошкиот систем целосно е неоснована. Нема докази што ги поврзуваат коронавирусот и 5Г“, заклучила „Фул Факт“.
5G tower set on fire in Birmingham, Acocks Green pic.twitter.com/1GNe2xxJLF
— Official #1 Birmingham Page (@imjustbrum) April 2, 2020
Снимки од над 20 метри високата кула во Бирмингем, која од четвртокот вечерта гори, изминативе денови почнаа да кружат на социјалните мрежи со коментари дека ја запалиле анти-5Г активисти. Една од снимките објави и британскиот таблоид „Сан“.
Мрежниот оператор ЕЕ за британски „Гардијан“ потврди дека во овој момент навистина се работи за подметнат пожар.
Во петокот вечерта во Ливерпул во оган пламна 5Г-кула, а пожарот набргу беше изгаснат. Градоначалникот на Ливерпул, Џо Андерсон, откри дека примил закани од анти-5Г теоретичари на заговор, пренесе „Гардијан“. Андерсон изрази неверување за оваа теорија, која е толку популарна на социјалните мрежи, и нагласи дека сите научни сознанија покажуваат дека 5Г-технологијата не е опасна за луѓето.
This is the consequence of those bonkers Facebook conspiracy theories about 5G. Key workers getting harassed on the street. pic.twitter.com/5z35r6sabp
— Charlie Haynes (@charliehtweets) April 2, 2020
И во Белфаст, главниот град на Северна Ирска, запалена е мобилно-телекомуникациската кула. Снимката што се појави на социјалните мрежи укажува на тоа дека ја запалиле анти-5Г активисти.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Сали и Бегај разговараа за политичката состојба и европската интеграција на двете земји
Првиот заменик‑претседател на Владата, Беким Сали, оствари официјална средба со Претседателот на Република Албанија, Бајрам Бегај, на која се дискутираше за актуелната политичка ситуација и за соработката помеѓу двете земји.
За време на средбата, двете страни разменуваа мислења за политичките случувања и за продлабочувањето на институционалната соработка помеѓу Северна Македонија и Албанија.
Првиот заменик‑претседател на Владата, Сали, истакна дека Албанците во Северна Македонија се претставени на најдобар можен начин, играјќи активна и конструктивна улога во државните институции, придонесувајќи во донесувањето одлуки и во клучните процеси кои се поврзани со стабилноста, демократскиот развој и европската перспектива на земјата.
На средбата беше нагласено дека Република Северна Македонија и Република Албанија, покрај тоа што се соседни и пријателски земји, имаат и заеднички аспирации во процесот на европска интеграција.
Свет
Две жртви во трамвајската несреќа во Милано, истрагата насочена кон возачот
Во тешка несреќа во Милано загинаа две лица, а 39 се повредени откако трамвај излета од шините и удри во зграда на улицата „Виале Виторио Венето“, во близина на „Порта Венеција“.
Една од жртвите е 60-годишен пешак кој останал приклештен под возилото, додека вториот загинат е патник кој починал во болница од здобиените повреди.
Истрагата е насочена кон возачот, кој наводно изјавил дека му се слошило непосредно пред несреќата. Се проверува можноста за ненадејна здравствена состојба, особено затоа што трамвајот ја прескокнал последната станица пред свиокот. Првичните проверки не покажале технички дефект.
Градоначалникот на Милано, Џузепе Сала, изјави дека најверојатно причината не е механички проблем и дека станува збор за ново возило управувано од искусен возач. Отворена е истрага.
Несреќата предизвика реакции од италијанските власти, кои изразија сочувство и најавија целосно утврдување на околностите.
(Видео) Трамвај излета од шините во Милано: загина пешак, речиси 40 повредени
Свет
Бил Клинтон сведочеше за Епстин: Ништо не видов и не направив ништо погрешно
Поранешниот американски претседател Бил Клинтон сведочеше пред Одборот за надзор на Претставничкиот дом во рамки на истрагата за починатиот финансиер и осуден сексуален престапник Џефри Епстин.
Во воведното обраќање, Клинтон изјави дека ништо не видел и дека не направил ништо погрешно, нагласувајќи дека неговото познанство со Епштајн било кратко и завршило години пред злосторствата да станат јавни.
„Знам што видов и, уште поважно, што не видов. Знам што направив и, уште поважно, што не направив. Не видов ништо и не направив ништо погрешно“, рече Клинтон. Тој најави дека на дел од прашањата веројатно ќе одговори со „не се сеќавам“, бидејќи од неговите контакти со Епстин поминале повеќе од 20 години.
Сведочењето се одржува зад затворени врати во Њујорк, но се снима и најавено е објавување на снимката. Претходно сведочеше и неговата сопруга Хилари Клинтон, при што расправата меѓу демократите и републиканците доби и политичка димензија.
Демократите побараа и актуелниот претседател Доналд Трамп да сведочи, тврдејќи дека неговото име често се појавува во документите поврзани со случајот. Трамп негира каква било поврзаност со злосторствата на Епштајн.
Фото: Depositphotos

