Македонија
АВМУ од утре ќе работи со изменето работно време
Согласно донесената одлука на Владата, за забрана и посебен режим на движење на населението (полициски час) на целата територија на државата, архивата на Агенцијата, почнувајќи од утре, ќе работи со изменето работно време од 9:00 до 14:00 часот.
Како и во изминатиот период, сите субјекти, правни и физички лица, целокупната документација во јасно читлива скенирана форма, можат непречено да ја доставуваат и преку е-адресата. Документацијата ќе се смета за уредно доставена, за што испраќачот ќе биде повратно известен.
Ваквиот начин на работење на Агенцијата останува на сила до завршување на ограничувањата пропишани од Владата.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
ВМРО-ДПМНЕ: Кога Лога сака да глуми заштитник на наводната независност на судските институции, да објасни врз основа на кои од двата отсто доверба во судството го темели овој заклучок
„Кога Кренар Лога ќе сака да глуми заштитник на наводната независност на судските институции добро е да објасни врз основа на кои од двата отсто доверба во судството го темели овој заклучок“, реагира ВМРО-ДПМНЕ на фејсбук објавата на министерот Кренар Лога.
„Зошто Лога не беше загрижен кога цело ДУИ и Зајас на Ахмети беше вграден во судскиот систем на државата?
Ислам Абази првиот човек на организиран криминал, Бурим Сејдини, претседателот на Управен суд и Али Ахмети, лидерот на интегративците се родум од кичевското село Зајас.
Претседателите на основните судови во Тетово и Кичево, Хасан Асани и Амдије Зенку се поранешни функционери и активисти на ДУИ. Во Врховниот суд е и Шпенд Деваја, сопругот на поранешната градоначалничка Теута Арифи.
Добрила Кацарска стана Уставен судија откако работата ја заврши со политичките прогони во основниот кривичен суд“, се додава во реакцијата на ВМРО-ДПМНЕ.
Македонија
„Остро ја осудуваме деградирачката реторика, ВМРО-ДПМНЕ да не се однесува како на изборна кампања“, реагира Лога
„Остро ја осудуваме деградирачката реторика на политичката партија која претендира да управува со оваа држава. Нападот врз независните институции е неприфатлив јазик за една земја членка на НАТО и земја која се наоѓа пред пристапување во Европската Унија“, реагира министерот за правда, Кренар Лога на соопштението на ВМРО-ДПМНЕ за претседателката на Уставен суд, Добрила Кацарска.
„Како министер и како министертво сме имале период на дебати и со претседателот и Уставниот суд воопшто, но во ниту еден момент тоа не било причина да се девалвира во јазик на омраза и лични квалификации кои потоа се манифестираат на улица и како закани кон носителите на јавни функции. Сè уште има одлуки на Уставниот суд за кои не делиме исти ставови, но во ниту еден момент истите не смеат да послужат како изговор за оспорување на тие пресуди и деградирачки коментари. Ја повикуваме политичката партија ВМРО-ДПМНЕ да се издигне на висината на задачата што ја чека, и да не се однесува како на изборна кампања. Патот на консолидирање на демократските институции поминува низ почитување од страна на партиите и релевантните институции“, се додава во реакцијата на министерот Лога.
Македонија
Водата во Куманово е исправна и може да се пие, извести Општински штаб за заштита и спасување
По извршениот инспекциски контролен надзор и по добиените резултати од ЦЈЗ – Куманово од испитаните примероци на вода, последователно од 25.05.2024, 26.05.2024 и 27.05.2024, констатирано е дека истите одговараат на законските и стручни прописи во однос на испитаните параметри, согласно Правилникот за безбедност на водата за пиење, издаденото Решение за забрана на водата за пиење е укинато.
„Со ова, ги известуваме граѓаните дека водата во целиот водоснабдителен систем е исправна и може да се користи и како вода за пиење“, извести Општински штаб за заштита и спасување на Куманово.