Вести
Деветмина убиени во престрелка на банди во САД

По престрелка меѓу две банди моторџии во ресторан во Централен Тексас, САД, убиени се девет моторџии, а 18 се повредени, соопшти полицискиот портпарол.
По престрелка меѓу две банди моторџии во ресторан во Централен Тексас, САД, убиени се девет моторџии, а 18 се повредени, соопшти полицискиот портпарол.
Насилството избило на пладне во неделаата, во трговскиот центар Вако. Според полицијата, осуммина биле убиени на местото на престрелката во ресторанот Твин Пикс, а еден починал во болница.
Сите деветмина убиени се членови на моторџиска банда, додека 18 повредни се пренесени во болница, а меѓу нив има и прободени со нож, но има и такви кои се ранети од огнено оружје. Некои се ранети и со нож и од пиштол.
„Ова е можеби најголемиот криминален случај што сум го видел во мојата 34 годишна кариера“, вели полицаецот Свантон. „Зачуден сум што немавме цивилни жртви, убиени или ранети“.
Најмалку 100 луѓе се приведени за распит.
Според Свантон, најмалку пет гангстерски банди се собрале во Твин Пикс на состанок за да се договорат за надлежностите за `тревата` (марихуана) и за регрутација на нои членови, како и за две територии околу кои бандите постојано се судират. Според првичниот извештај најверојатно расправијата почнала во тоалетот, па ескалирала со употреба на ножеви и огнено оружје, па се префрлила на паркингот пред ресторанот. Имало околу 150 до 200 членови на бандите. Се пукало и внатре и надвор.
Деветте убиени се членови на бандите Бандитос и Косакс./крај/ап/бб
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Вести
“Во основа е пекол на земјата”: Градот Газа оставен тотално без здравствената заштита

Во раните утрински часови во саботата, над купови бетон и урнатини, толпа лекари и пациенти пешачеа километри низ уништените улици на градот Газа, принудени да се евакуираат пеш од она што остана од болниците. Здравствените работници велат дека се плашат да ги оставаат критично болните пациенти зад себе во град кој сега во голема мера е сведен на урнатини, преземен израелските сили, со болници кои работат без струја, гориво, вода или храна, пишува британски „Гардијан“.
“Тоа е во основа пекол на земјата”, вели Вилијам Шомбург, шефот на Меѓународниот комитет на Црвениот крст во Газа, опишувајќи го она што остана од животот во градот.
Со недели, десетици илјади луѓе се надеваа дека во болниците во Газа ќе најдат засолниште кое е најблиску до безбедно бидејќи енклавата издржа интензивирачки бомбардирања.
Но, откако израелските сили се приближија до објектите и потоа ја нападнаа најголемата болница во Газа, Дар ал-Шифа минатата недела, илјадници луѓе беа раселени заедно со медицинскиот персонал, шетајќи низ уништените улици на југ од енклавата.
Палестинското министерство за здравство во Газа соопшти дека израелските сили побарале евакуација на болницата Ал Шифа вчераутро, три дена откога влегоа во објектот. Здравствените лица сведочат дека им им било кажано дека имаат еден час да ја евакуираат болницата која беше центар на здравствениот систем на Газа.
Најмалку 12.000 луѓе загинаа во израелскиот напад врз Газа по нападот на Хамас на 7-ми октомври, во кој загинаа 1.200 Израелци, а околу 240 луѓе беа заложници.
Вести
Борел: Целосно е невозможно да се евакуираат милиони луѓе од северот на Газа

Првиот човек на ЕУ-дипломатијата Жозеп Борел утринава на прес-конференција изјави дека евакуацијата на милиони луѓе од северниот дел на Газа е целосно невозможна.
Десетици илјади цивили почнаа да бегаат од јужниот дел на Газа вчера, откако Израел им порача на луѓето да ја напуштат областа пред очекуваната копнена офанзива.
„Да се замисли дека можеш да преселиш милион луѓе за 24 часа во ситуација во каква што е Газа, може да биде само хуманитарна криза“, рече Борел на последниот ден од тридневната дипломатска посета на Кина.
И покрај изјавата на ЕУ за поддршка на Израел, тој исто така предупреди дека и Израел е должен да го почитува меѓународното хуманитарно право во одбранбениот процес.
„Позицијата е јасна“, рече Борел. „Но, како и секое право, тоа има граница. А таа граница е меѓународното право“.
Вести
Проценки на ОН: Десетици илјади луѓе веќе ја напуштија Газа

Во текот на ноќта беа објавени најновите проценки на ОН за бројот на луѓе кои ги напуштиле своите домови во северниот дел на Газа.
Тие велат дека веруваат дека станува збор за десетици илјади кои се упатиле кон југ по предупредувањето за евакуација на Израел.
Пред наредбата за евакуација, повеќе од 400.000 Палестинци беа внатрешно раселени, според хуманитарната канцеларија на ОН OCHA.
Израелската војска им порача на околу 1,1 милион луѓе во северниот дел на Газа да заминат пред очекуваната копнена инвазија. Хамас, пак, ги повика луѓето да останат на место и да пркосат на израелската воена наредба.
Генералниот секретар на ОН, Антонио Гутереш рече дека наредбата од Хамас е „исклучително опасна – и во некои случаи едноставно не е возможна“.