Македонија
Долги редови пред банките во Куманово, се чека и по два часа
Метеж во сообраќајот, долги редици пред банките, маркетите и аптеките, оваа е сликата во Куманово веќе втор ден, по полицискиот час викендов.
Откако во градот беше воведена забрана за движење од 16 часот во работните денови, граѓаните во претпладневните часови масовно излегуваат и пазарат.

На сликите може да се забележи дека најголемиот дел се повозрасни лица кои дури се туркаат еден до друг и не го држат пропишаното растојание, како превентивна мерка за заштита од коронавирусот.
Пред некои од експозитурите на банките од утрово во ред се чекало и до два часа, раскажуваат кумановци. Пред банките има и полициски службеници кои ги опоменуваат граѓаните да ги запазат редот и растојанието.

Во изминатите два дена се повторува сликата во градот како онаа пред воведувањето на мерката за целосна забрана за движење во текот на викендот: панично се пазари во маркетите и аптеките, а во маалските продавници до пладне снемува леб и млеко.

Трговците во некои од малите продавници дури одвреме-навреме ги заклучуваат вратите во неможност да се справат со масата луѓе кои упорно сакаат да влезат и да пазарат.

Забрана за движење каква што од викендов важеше за Куманово, од утре ќе се применува на целата територија на државата.
Владата на предлог на Комисијата за заразни болести донесе одлука од среда, 8 април, да се забрани движењето за сите граѓани, секој работен ден, од понеделник до петок, од 16 часот до 5 часот наредниот ден.
За време на викендите целосно се забранува движењето за сите граѓани, односно забраната ќе почнува од петок во 16 часот и ќе трае до 5 часот во понеделник.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Сообраќајот на ГП „Богородица“ е нормализиран
Сообраќајот на граничниот премин „Богородица“ (ГП Евзони) од 21 часот е нормализиран, информира АМСМ.
Поради блокада на границата за влез и за излез во текот на целиот ден, колони возила чекаа на граничниот премин „Дојран“ за влез во земјава. Претходно од АМСМ информираа дека од 11:00 часот сообраќајот на ГП „Евзони“ (Богородица) е блокиран за влез и излез поради штрајк на земјоделците.

На ГП „Дојран“ сообраќајот се одвива непречено, но поради зголемен интензитет има задржувања за влез во државата.
Македонија
Алијанса за Албанците на 27 декември ќе одржи собрание за реогранизација на партијата
На последниот состанок на Претседателството на Алијансата за Албанците, каде што се дискутираше за политичките случувања во земјата и понатамошните чекори кон структурирање на органите, членовите на Претседателството едногласно гласаа за одлуката за свикување на партиското Собрание, соопштија од партијата.
Според најавата, Собранието ќе се одржи на 27 декември и ќе се дискутира за реорганизација на структурите и органите на партијата, партиските политики и важните стратешки документи.
„Алијансата за Албанците продолжува да останува во одбрана на националната кауза, гласот на артикулирање на уставните и законските права на Албанците и зачувување на евроатлантската ориентација на земјата како единствен пат за перспективата на граѓаните“, пишува во соопштението.
Македонија
Повторно во прекин сообраќајот на „Богородица“
Сообраќајот на граничниот премин „Богородица“ кон Грција (ГП „Евзони“) од 17:00 часот повторно е во прекин, информира АМСМ.
Сообраќајот беше во прекин од 11:00 часот поради штрајк на земјоделците.
Во 15 часот повторно беше нормализиран, а сега повторно е затворен.
На ГП „Дојран“ има задржувања за влез во државата.

