Македонија
Филипче ја посети болницата во Куманово каде 18 вработени се заразија со коронавирус
Министерот за здравство, Венко Филипче, денеска ја посети болницата во Куманово за да направи увид во работењето и капацитетите, откако 18 вработени во оваа установа се заразија со коронавирус.
На состанокот со менаџментот министерот оценил дека болницата работи непречено и дека организацијата на работата е добра.
„Откако 18 вработени се дијагностицирани со Ковид-19, направена е реорганизација на работата и сега болницата работи непречено. Од пред неколку денови во поддршка на вработените на инфективното оделение дојдоа двајца лекари од Штип и од Скопје со што капацитетите се задоволени“, информираат од ресорното министерство.
Во кумановската болница има вкупно 700 вработени и покрај оние кои се заболени од коронавирус нема друг персонал кој е во самоизолација.
Директорката на болницата го информираше министерот дека располага со сосема доволен број на заштитна опрема и истата се надополнува постојано.
Министерството за здравство продолжува интензивно да ја следи состојбата во Куманово и доколку има потреба од дополнителна поддршка во однос на ресурси итно ќе реагира.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Лукаревска: ВМРО-ДПМНЕ одби да се реконструира улицата Ленинова во Скопје
ВМРО-ДПМНЕ продолжува со константно одбивање на амандманите предложени од СДСМ. На денешната комисијата за финансирање на буџет одби да се обезбеда средства за реконструкција на улицата „Ленинова“ во Скопје, рече пратеничката на СДСМ, Сања Лукаревска.
– СДСМ поднесе амандман да се обезбедат средства за реконструкција на улицата „Ленинова“, на потегот од раскрсницата на булевар Илинден до паркот на Франкофонијата. Со помош на реконструкцијата ќе се заврши целото реконструирање на улицата Ленинова, која е една главните оски во рамки на општина Центар. Со ова ќе се растовари сообраќајниот метеж во општина Центар, а целиот простор дополнително ќе се уреди, додаде Лукаревска.
Заменик министерот за финансии и пратениците на ВМРО-ДПМНЕ, го одбија и овој амандман на СДСМ.
Македонија
Стојановски: ВМРО-ДПМНЕ ја поддржува иницијативата за водоводна мрежа во Љубанци и Љуботен во општина Бутел
Денес на седница на Град Скопје, каде што се разгледуваше предлог-одлука за воспоставување меѓуопштинска соработка помеѓу Град Скопје и Општина Бутел, со цел приклучување на населените места Љубанци и Љуботен на водоводната мрежа, говореше и советникот од ВМРО-ДПМНЕ Мартин Стојановски. Стојановски изрази поддршка за иницијативата и ја истакна важноста на овој проект за локалното население.
„Ние како советничка група на ВМРО-ДПМНЕ ќе гласаме за оваа точка од причина што јасно е дека во тој дел на Општина Бутел има проблем со водоснабдување затоа што тие места се на повисоките места во општината, а и во повисоките околу градот Скопје. Затоа сметаме дека оваа одлука ќе допринесе за подобар стандард на жителите на Љубанци и Љуботен во Општина Бутел“, истакна Стојановски
Стојановски дополнително ја поздрави иницијативата.
„Ја поздравувам оваа одлука на Градот Скопје и Општината Бутел, особено на Општината Бутел, за реализација на проект за водоводна мрежа“, изјави Стојановски.
Стојановски апелираше и други општини да го следат примерот.
„Се надевам дека и другите општини кои имаат вакви населени места на повисокиот дел на Град Скопје ќе воспостават меѓуопштинска соработка за водоводна мрежа за тие населени места каде што има слаб притисок или во одреден дел од годината има недостиг на вода“, кажа Стојановски.
Македонија
Тошковски: За пофункционален систем „Сејф сити“, отворена можност да ги искористиме искуствата од ОАЕ
Во рамките на посетата на Министерството за внатрешни работи на Обединетите Арапски Емирати, министерот Панче Тошковски оствари работни посети и на Одделот за менаџирање на сообраќајот, системот Safe City и Академијата за цивилна одбрана.
„Имав одлична можност одблиску да видам како функционира еден современ систем за побезбеден град, во кој се имплементирани највисоките технолошки достигнувања, како што е вештачката интелигенција, а во функција на поголема безбедност – помалку криминал, како и помалку жртви од сообраќајни незгоди. Имајќи предвид дека сме во фаза на имплементација на ваков сличен систем и во нашата држава, од особена корист ќе биде поголема соработка со МВР на ОАЕ сè со цел користење на искуствата што ги имаат стекнато во овој дел“, потенцира министерот Тошковски.
Во Академијата за цивилна одбрана министерот Тошковски се запозна со капацитетите за обука што ги имаат во делот на справувањето со пожари, особено во делот на специјализирани тренинзи во симулирани ситуации на пожар во разни објекти.