Вести
Медиуми: Вашингтон барал од Ирак да сопре со приближувањето со Русија

Координаторот на политиките на САД во борбата против Исламската држава, генералот Џон Ален, му соопштил на ирачкиот премиер Хајдер ал-Абади дека Вашингтон е загрижен од приближувањето на Багдад и Москва, пишува арапскиот весник Ашарк ал-Авсат кој излегува во Лондон, повикувајќи се на свои извори.
Кон крајот на септември, Русија, Ирак, Сирија и Иран објавија дека во ирачката престолнина Багдад воспоставиле разузнавачки центар за координирање на борбата против екстремната сунитска групација Исламската држава. Главната функција на овој центар е собирање, обработка, анализа и споделување на информациите за актуелните состојби на Блискиот исток во контекстот на борбата против терористите. Овие информации, исто така, се дистрибуираат до генералштабовите на споменатите земји за оперативно дејствување против екстремистите.
„Џон Ален го информираше Хајдер ал-Абади за тоа дека Вашингтон е загрижен од сојузот на Ирак со Русија, и му го кажа буквално следното: ‘Американскиот претседател Барак Обама е заинтересиран за улогата во борбата со Исламската држава. Зарем Ирак не треба да им биде благодарен на САД?’“, го цитира весникот својот соговорник кој прецизирал дека разговор со ваква содржина бил воден за време на посетата на генералот Ален на Багдад пред 11 дена.
Според изворот на весникот, Ален, кој треба да ја напушти челната позиција во коалицијата во ноември, исто така, побарал од ирачкиот премиер да не ја продолжува соработката со Русија. Како што пишува натаму весникот, ал-Абади од своја страна го уверил американскиот соговорник дека до тоа нема да дојде и оти Багдад, доколку е неопходно, ќе ги координира своите активности со Вашингтон и со коалицијата што ја предводат САД, којашто од август 2014 година изведува воздушни удари врз Исламската држава во Ирак.
Ашарк ал-Авсат натаму пишува дека премиерот ал-Абади на домашен терен се соочува со притисок од најголемата шиитска партија за вклучување на Русија во борбата против Исламската држава во Ирак, како што тоа го прави во соседна Сирија, а соговорникот на весникот тврди дека премиерот бил „заглавен“ меѓу задоволувањето на овие повици во земјата и неговата посветеноста на соработката со Вашингтон.
Ал Абади, исто така, бил под притисокот на ирачките шиитските милиции кои се поддржани од Иран, познати како Народна мобилизација. САД, инаку, се претпазливи во однос на вклученоста на ваквите милиции во борбата против Исламската држава, кои се обвинувани од меѓународни организации за човекови права, за наводни секташки напади врз сунитските цивили во областите кои се ослободени од контролата на џихадистите, бидејќи стравуваат дека тоа може да предизвика локална поддршка за екстремните сунитски групи.
Вашингтон инсистира на вооружување на локалните сунитски племенски милиции за да ѝ помогнат на владата во Ирак во борбата против Исламската држава, што е проблематичен потег за владата на Абади во која доминира шиитската исламска партија Дава.
Во меѓувреме Хади ал-Амери, челникот на влијателната групација Бадр, вооруженото крило на една од водечките шиитски политички партии Врховниот исламски совет на Ирак (ISCI) му порача на Абади дека областите кои се под контрола на исламската држава, како што е градот Рамади кој падна во мај, „не можат да бидат ослободени без вклучување на Народната мобилизација“./крај/мф/сн
Извор: Макфакс
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Вести
“Во основа е пекол на земјата”: Градот Газа оставен тотално без здравствената заштита

Во раните утрински часови во саботата, над купови бетон и урнатини, толпа лекари и пациенти пешачеа километри низ уништените улици на градот Газа, принудени да се евакуираат пеш од она што остана од болниците. Здравствените работници велат дека се плашат да ги оставаат критично болните пациенти зад себе во град кој сега во голема мера е сведен на урнатини, преземен израелските сили, со болници кои работат без струја, гориво, вода или храна, пишува британски „Гардијан“.
“Тоа е во основа пекол на земјата”, вели Вилијам Шомбург, шефот на Меѓународниот комитет на Црвениот крст во Газа, опишувајќи го она што остана од животот во градот.
Со недели, десетици илјади луѓе се надеваа дека во болниците во Газа ќе најдат засолниште кое е најблиску до безбедно бидејќи енклавата издржа интензивирачки бомбардирања.
Но, откако израелските сили се приближија до објектите и потоа ја нападнаа најголемата болница во Газа, Дар ал-Шифа минатата недела, илјадници луѓе беа раселени заедно со медицинскиот персонал, шетајќи низ уништените улици на југ од енклавата.
Палестинското министерство за здравство во Газа соопшти дека израелските сили побарале евакуација на болницата Ал Шифа вчераутро, три дена откога влегоа во објектот. Здравствените лица сведочат дека им им било кажано дека имаат еден час да ја евакуираат болницата која беше центар на здравствениот систем на Газа.
Најмалку 12.000 луѓе загинаа во израелскиот напад врз Газа по нападот на Хамас на 7-ми октомври, во кој загинаа 1.200 Израелци, а околу 240 луѓе беа заложници.
Вести
Борел: Целосно е невозможно да се евакуираат милиони луѓе од северот на Газа

Првиот човек на ЕУ-дипломатијата Жозеп Борел утринава на прес-конференција изјави дека евакуацијата на милиони луѓе од северниот дел на Газа е целосно невозможна.
Десетици илјади цивили почнаа да бегаат од јужниот дел на Газа вчера, откако Израел им порача на луѓето да ја напуштат областа пред очекуваната копнена офанзива.
„Да се замисли дека можеш да преселиш милион луѓе за 24 часа во ситуација во каква што е Газа, може да биде само хуманитарна криза“, рече Борел на последниот ден од тридневната дипломатска посета на Кина.
И покрај изјавата на ЕУ за поддршка на Израел, тој исто така предупреди дека и Израел е должен да го почитува меѓународното хуманитарно право во одбранбениот процес.
„Позицијата е јасна“, рече Борел. „Но, како и секое право, тоа има граница. А таа граница е меѓународното право“.
Вести
Проценки на ОН: Десетици илјади луѓе веќе ја напуштија Газа

Во текот на ноќта беа објавени најновите проценки на ОН за бројот на луѓе кои ги напуштиле своите домови во северниот дел на Газа.
Тие велат дека веруваат дека станува збор за десетици илјади кои се упатиле кон југ по предупредувањето за евакуација на Израел.
Пред наредбата за евакуација, повеќе од 400.000 Палестинци беа внатрешно раселени, според хуманитарната канцеларија на ОН OCHA.
Израелската војска им порача на околу 1,1 милион луѓе во северниот дел на Газа да заминат пред очекуваната копнена инвазија. Хамас, пак, ги повика луѓето да останат на место и да пркосат на израелската воена наредба.
Генералниот секретар на ОН, Антонио Гутереш рече дека наредбата од Хамас е „исклучително опасна – и во некои случаи едноставно не е возможна“.