Македонија
Општина Охрид бара да се редуцира движењето кон Струга и обратно
Кризниот штаб на Општина Охрид за превенција и справување со коронавирусот Ковид-19, во согласност со мерките и препораките на Владата за ограничено движење, упати известување до сите маркети и економски оператори на територијата на општина Охрид, кои се регистрирани за онлајн-продажба, дека ќе може да вршат достава на продукти за итни и неодложни потреби за време на полицискиот час во текот на викендот.
Тие задолжително мора да испратат барање до Кризниот штаб на Општина Охрид на следната електронска адреса [email protected] најдоцна до утре (среда) до 12 часот. Ќе биде дозволено движење на максимум 5 вработени лица (доставувачи) од маркет, кои треба да имаат соодветна заштитна опрема.
Се упатува известување до сите аптеки на територијата на општината, кои ќе работат за време на полицискиот час за време на викендот, задолжително да ги испратат потребните податоци на електронската адреса [email protected] најдоцна до утре (среда) до 12 часот. Ова е потребно за навремена координација со мобилните тимови на Општина Охрид и охридскиот Црвен крст и СВР Охрид.
Се упатува апел до филијалите и експозитурите на сите банки што работат на територијата на општина Охрид да обезбедат редарски мерки за клиентите што чекаат на шалтерите и пред влезовите на банките, како и за банкоматите што се наоѓаат пред објектите на банките. Се упатува препорака до маркетите да вршат задолжителна дезинфекција на објектите во утринските часови, пред почетокот на работното време.
Се упатува известување до сите граѓани на Охрид кои имаат потреба од движење за итни и неодложни потреби за време на траењето на полицискиот час за време на викендот да испратат барање до СВР Охрид до утре (среда) до 12 часот. Кризниот штаб на Општина Охрид упати барање до Кризниот штаб на Владата да изнајде решение за редуцирање или ограничување на движењето на граѓаните од Охрид кон Струга и обратно со цел поголема заштита и превенција на граѓаните.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Дел од Кисела Вода денеска без струја
Регионалниот центар за управување со кризи на Град Скопје, по добиеното известување од ЕВН Македонија АД, информира дека поради технички зафати во електродистрибутивната мрежа, без електрична енергија ќе останат:
· во периодот од 09.00 до 11.00 часот корисниците на ул. 368 бр.3 (општина Кисела Вода)
Македонија
Намалена видливост поради магла на неколку патни правци
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по претежно влажни коловози. Намалена видливост поради појава на магла до 200 метри на патниот правец Тетово – Гостивар, Сарамзалино – Штип 100 метри, намалена видливост до 200 метри на патниот правец Куманово – Страцин.
Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата.
АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.
Македонија
Без вода дел од Карпош
ЈП Водовод и канализација Скопје известува дека денеска поради промена на шибер од ф 100мм на улицата Драгиша Мишовиќ бб без вода ќе бидат корисниците од улицата Драгиша Мишовиќ.
Водоснабдувањето ќе биде прекинато од 09:00 часот до завршување на санацијата на дефектот.

