Контакт

Вести

Битка за Сенатот на САД

Објавено пред

Американските медиуми сметаат дека „битка за Сенатот“ може да се наречат тамошните парламентарни избори во вторник на коишто Демократската партија, која веќе е малцинска во Претставничкиот дом, лесно може да ја загуби контролата и над Сенатот и така претседателот Барак Обама да го остави без последното упориште во Конгресот.

dobivaj vesti na viber

Повеќе од 146 милиони Американци со право на глас во вторник ќе гласаат за сите 435 пратеници во Претставничкиот дом, кој инаку целосно се обновува на секои две години, Во овој дом Републиканската партија има мнозинство од 2010 година и според сите анкети таа превласт неизоставно ќе ја задржи. Уште повеќе, според аналитичарите, ќе ја зголеми и досегашната разлика од 234 наспроти 201 пратеник.Сепак во фокусот се изборите за Сенатот. Тие се парцијални, бидејќи на секои две години се обновуваат третина од мандатите, па од вкупно сто места се пополнуваат 36. Демократите имаат мнозинство од 53 наспроти 45 мандати, со два независни пратеника. Републиканците посакуваат контрола и над овој дом на Конгресот, а за да го остварат тоа мора на демократите да им преземат шест мандати. Во нивна полза оди и непопуларноста на претседателот Обама, кого според последните анкети не го поддржуваат 58 отсто од американските избирачи.Професорот Џејмс Тарбер од универзитетот Американ оценува дека идниот Конгрес, доколку со него целосно завладеат републиканците, на администрацијата на претседателот Обама во последните две години од неговиот мандат ќе ѝ донесе повеќе блокади, повеќе поларизирање и потешко владеење. „Ќе биде реализирано многу малку од законските програми на претседателот Обама“, смета Тарбер.За републиканците приоритет ќе биде целосното или делумно укинување на реформите на здравствениот систем познати како Обамакер од 2010 година. Со тие прашања, според предвидувањата, би требало да се занимава идниот состав на Конгресот чиј мандат започнува во јануари 2015 и трае до јануари 2017 година, кога должноста ќе ја преземе и новиот американски претседател.Сегашниот политички пејзаж во САД ѝ оди во прилог на Републиканската парија да ги преземе Сенатот, и демократите се навистина во незавидна позиција. Според анкетите, во сојузните држави Јужна Дакота, Западна Вирџинија и во Монтана, демократските сенатори имаат малку шанси да бидат реизбрани. Во десет други неизвесни трки, четири се во државите во кои Мит Ромни го победи Барак Обама на претседателските избори во 2012 година. Нема да им биде лесно ниту на демократите на конзервативниот југ кои во Сенатот влегоа на бранот одушевување од Обама при неговиот први избор во 2008 година. Од друга страна, само три актуелни републикански мандата се загрозени. Во таа математика, изборниот ден за демократите на крајот би можел да го спаси Канзас, каде независниот кандидат би можел да го победи републиканскиот ветеран Пат Робертс.Иако демократите последниот период почнаа да се дистанцираат од претседателот Обама, републиканците сакаат на овие парламентарни избори да им дадат значење на референдум против него и се фокусираа што повеќе да го инволвираат во предизборната трка. „Одлуката којашто Американците треба да ја донесат е јасна и појасна не може да биде: глас за демократскиот кандидат е глас за политиката на Обама“, изјави републиканскиот челник Рејнс Приебас. Поради тоа демократите на коишто им истекува мандатот редовно ја истакнуваа својата независност од политиките на Белата куќа. „Претседателот не е релевантен. За две години тој веќе нема да биде тука (во Белата куќа –з р.)“, порача викендов сенаторот од Алјаска, Марк Бегич. Претседателот Обама ја сфати реалноста и не се спротистави на таквата стратегија на своите демократски сенатори, а своето учество го сведе само на присуство на донаторските гала вечери. Правата дама Мишел Обама не се појавуваше на одредени собири за да им помогне на некои од кандидатите, а голема активност имаше поранешниот демократски претседател Бил Клинтон и неговата сопруга поранешната државна секретарка Хилари Клинтон во државите како Кентаки, каде што Обама го има статусот на непожелно лице.Изборните резултати можеби нема да бидат веднаш познати, Имено, двете држави, Луизијана и Џорџија, ќе го одржат вториот круг на 6-ти декември, односно на 6-ти јануари, доколку ниеден од кандидатите не добие апсолутно мнозинство, а таквата можност е голема поради независните кандидати.Интересно е што и покрај вака остриот судир, голем проблем за политичарите на овие збори претставуваше како да се привлече вниманието на гласачите. Според испитувањата на јавното мнение, Американците во моментов повеќе се фокусирани на вестите за проблемите со епидемијата на еболата и заканите од џихадистите на Исламската држава, а изборната кампања позаинтересирано ја следеле само 15 отсто./крај/мф/сн

Извор: Макфакс



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Вести

“Во основа е пекол на земјата”: Градот Газа оставен тотално без здравствената заштита

Објавено пред

Во раните утрински часови во саботата, над купови бетон и урнатини, толпа лекари и пациенти пешачеа километри низ уништените улици на градот Газа, принудени да се евакуираат пеш од она што остана од болниците. Здравствените работници велат дека се плашат да ги оставаат критично болните пациенти зад себе во град кој сега во голема мера е сведен на урнатини, преземен израелските сили, со болници кои работат без струја, гориво, вода или храна, пишува британски „Гардијан“.

dobivaj vesti na viber

“Тоа е во основа пекол на земјата”, вели Вилијам Шомбург, шефот на Меѓународниот комитет на Црвениот крст во Газа, опишувајќи го она што остана од животот во градот.

Со недели, десетици илјади луѓе се надеваа дека во болниците во Газа ќе најдат засолниште кое е најблиску до безбедно бидејќи енклавата издржа интензивирачки бомбардирања.

Но, откако израелските сили се приближија до објектите и потоа ја нападнаа најголемата болница во Газа, Дар ал-Шифа минатата недела, илјадници луѓе беа раселени заедно со медицинскиот персонал, шетајќи низ уништените улици на југ од енклавата.

Палестинското министерство за здравство во Газа соопшти дека израелските сили побарале евакуација на болницата Ал Шифа вчераутро, три дена откога влегоа во објектот. Здравствените лица сведочат дека им им било кажано дека имаат еден час да ја евакуираат болницата која беше центар на здравствениот систем на Газа.

Најмалку 12.000 луѓе загинаа во израелскиот напад врз Газа по нападот на Хамас на 7-ми октомври, во кој загинаа 1.200 Израелци, а околу 240 луѓе беа заложници.

Прикажи повеќе...

Вести

Борел: Целосно е невозможно да се евакуираат милиони луѓе од северот на Газа

Објавено пред

Првиот човек на ЕУ-дипломатијата Жозеп Борел утринава на прес-конференција изјави дека евакуацијата на милиони луѓе од северниот дел на Газа е целосно невозможна.

dobivaj vesti na viber

Десетици илјади цивили почнаа да бегаат од јужниот дел на Газа вчера, откако Израел им порача на луѓето да ја напуштат областа пред очекуваната копнена офанзива.

„Да се ​​замисли дека можеш да преселиш милион луѓе за 24 часа во ситуација во каква што е Газа, може да биде само хуманитарна криза“, рече Борел на последниот ден од тридневната дипломатска посета на Кина.

И покрај изјавата на ЕУ за поддршка на Израел, тој исто така предупреди дека и Израел е должен да го почитува меѓународното хуманитарно право во одбранбениот процес.

„Позицијата е јасна“, рече Борел. „Но, како и секое право, тоа има граница. А таа граница е меѓународното право“.

Прикажи повеќе...

Вести

Проценки на ОН: Десетици илјади луѓе веќе ја напуштија Газа

Објавено пред

Во текот на ноќта беа објавени најновите проценки на ОН за бројот на луѓе кои ги напуштиле своите домови во северниот дел на Газа.

dobivaj vesti na viber

Тие велат дека веруваат дека станува збор за десетици илјади кои се упатиле кон југ по предупредувањето за евакуација на Израел.

Пред наредбата за евакуација, повеќе од 400.000 Палестинци беа внатрешно раселени, според хуманитарната канцеларија на ОН OCHA.

Израелската војска им порача на околу 1,1 милион луѓе во северниот дел на Газа да заминат пред очекуваната копнена инвазија. Хамас, пак, ги повика луѓето да останат на место и да пркосат на израелската воена наредба.

Генералниот секретар на ОН, Антонио Гутереш рече дека наредбата од Хамас е „исклучително опасна – и во некои случаи едноставно не е возможна“.

Прикажи повеќе...

Најново

Свет2 часа

(Видео) Израелската армија доби ново моќно оружје – „Железниот зрак“

Израелското Министерство за одбрана објави дека првиот оперативен систем за пресретнување на ракети со ласер со голема моќност, развиен од...

Европа5 часа

(Видео) Лукашенко се судри со играч за време на натпревар во хокеј: снимката од неговото паѓање стана вирална

71-годишниот белоруски претседател Александар Лукашенко падна на мразот за време на натпревар во хокеј. Снимката од инцидентот стана вирална на...

Регион5 часа

(Видео) Курти убедливо победи на предвремените избори

Партијата на премиерот Албин Курти победи на парламентарните избори во Косово во недела, а прелиминарните официјални резултати сугерираат дека освоила...

Свет5 часа

(Видео) Воз со 250 патници излета од шините во Мексико, 13 мртви

Мексиканските власти вчера соопштија дека најмалку 13 лица загинале во железничка несреќа во државата Оахака. Речиси 100 лица се повредени...

Свет5 часа

Макрон најави нов состанок на Коалицијата на волните

Францускиот претседател Емануел Макрон најави состанок на сојузниците на Киев во Париз на почетокот на јануари за безбедносни гаранции за...

Свет5 часа

Фон дер Лајен: Постигнат добар напредок во преговорите за Украина

Претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен, го поздрави „добриот напредок“ постигнат вчера во мировните преговори за Украина. Нејзината...

Свет5 часа

(Видео) Трамп: Путин сака Украина да успее

Доналд Трамп ја изложи својата визија за улогата на Русија во повоената обнова на Украина, велејќи дека Москва ќе биде...

Македонија6 часа

Непречен сообраќај по претежно суви коловози

Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по претежно суви коловози. Од 22 часот вчера, патниот сообраќај на стариот регионален...

Топ15 часа

Оштетени 34 автомобили на паркинг во Аеродром, штетата над 10.000 евра

На паркинг простор на булеварот АСНОМ во скопската населба Аеродром биле оштетени 34 возила. Како што соопштуваат од МВР, оштетувањето...

Свет16 часа

(Видео) Трамп: Преговорите се во финална фаза, можен е брз крај на војната – состанокот со Зеленски е во тек

Во резиденцијата Мар-а-Лаго на Флорида започнаа разговорите меѓу американскиот претседател Доналд Трамп и украинскиот претседател Володимир Зеленски. Објавени беа и...

Свет21 час

Зеленски пред средбата со Трамп: Многу работи можат да се решат пред Нова година, одлуката зависи од партнерите

Украинскиот претседател Володимир Зеленски денес изјави дека Киев прави сè за да ја заврши војната со Русија, но дека на...

Топ22 часа

Хаос во центарот на Скопје: „Сеат“ удри во три паркирани автомобили, контејнери, автомобили во движење и семафор

Вистински хаос се случил во петокот околу 12:30 часот на улицата Григор Прличев во Скопје, кога патничко возило „сеат“ предизвикало...

Култура1 ден

Почина Брижит Бардо

Француската актерка Брижит Бардо починала денеска на 91-годишна возраст, пренесе „Гардијан“. Бардо, француска актерка и пејачка која стана меѓународен секс-симбол,...

Македонија1 ден

СДСМ: „Златната виза“ не е злато, туку налепница во пасош

Опозициската СДСМ реагираше на обвинувањата од ВМРО-ДПМНЕ, оценувајќи ги како измислени вести и дефокус од главните теми. Од СДСМ наведуваат...

Свет1 ден

Донбас и Запорожје во фокусот на разговорите Зеленски–Трамп

Украинскиот претседател Володимир Зеленски и американскиот претседател Доналд Трамп ќе се сретнат попладнево на Флорида за да разговараат за планот...

Македонија1 ден

ВМРО-ДПМНЕ: Филипче да ги објави документите или да одговори од каде 500 илјади долари за златна виза во Дубаи и инвестиции

Во свое појавување пред медиумите, Венко Филипче рече дека тој не бил бизнис партнер на Зоран Заев во градбата на...

Свет1 ден

Сојузниците му дадоа поддршка на Зеленски пред средбата со Трамп на Флорида

Сојузниците му дадоа силна поддршка на украинскиот претседател Володимир Зеленски во пресрет на неговата средба со американскиот претседател Доналд Трамп...

Македонија2 дена

Родителите за загинатите деца во Пулс со порака: Пред Нова година и Божиќ кога сите се радуваат, ние живееме во болка

Со солзи и голема болка денеска маршираа низ кочанските улиците семејствата на загинатите млади луѓе во кочанската дискотека „Пулс“. Во...

Македонија2 дена

Граѓанската иницијатива „Стоп за Усје“ ги објави заедничките усогласени барања

Граѓанската иницијатива „Стоп за Усје“ ги објави заедничките усогласени барања, кои, како што велат оттаму, се направени во отворена координација...

Македонија2 дена

Таткото на загинатата Надица во „Пулс“: До последен здив ќе се борам за правда за моето дете

Александар Наунов, татко на Надица која го загуби животот во трагичниот настан во дискотеката „Пулс“ во Кочани, денеска се обрати...