Спорт
Интер повторно ќе го испрати Наинголан на позајмица
Калјари нема да го откупи од Интер договорот на Раџа Наинголан. Поранешниот репрезентативец на Белгија стана вишок по доаѓањето на Антонио Конте во Интер. Наинголан игра одлично оваа сезона меѓутоа Калјари немаат пари за да го задржат на Сардинија.
Интер повторно ќе го испрати Наинголан на позијмица. „Ла Национе“ тврди дека Белгиецт ќе заврши во Фиорентина. Тој ќе биде позајмен но по завршувањето на сезоната 2020/2021 Фиорентина ќе мота да го откупи неговиот договор.
Се претпоставува дека „виолетовите“ тогаш ќе треба да платат 20 милиони евра за 31 годишниот фудбалер.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Спорт
Струга ја победи Шкендија во Тетотво – Еден бод ја дели од шампионскиот пехар
Фудбалерите на Струга го добија дербито за шампионската титула. Актуелните шампиони во Тетово славеа над Шкендија со 2:0.
Головите за Струга ги постигнаа Бесарт Ибраими ов 43.минута. Најдобриот стреец во историјата на Првата македонска фудбалска лига, погоди од 20-тина метри. Победата на Струга ја потврди неговиот партнер во нападот, Марјан Радески во 48.минута.
Струга на врвот има три бода повеќе од Шкендија, за да ја одбрани титулата во последното коло ќе и биде доволен еден бод против Шкупи.
Резултати, 32. коло:
Гостивар-Работнички 0-0
Македонија ЃП-Брегалница 2:1
Силекс-Вардар 1:1
Шкупи-АП Брера 0-0
Шкендија-Струга 0:2
Тиквеш-Воска спорт 0:0
Табела:
Спорт
(Видео) Нов гол на Миовски за Абердин
Македонскиот репрезентативец Бојан Миовски ја продолжи гол-серијата во Премиер лигата на Шкотска. Миовски постигна еден гол во убедливата победа на Абердин кај Хибернијан.
Миовски во 52.минута постигна гол за 3:0. За него ова беше 16.гол во шкотската Премиер лига, вкупно 26. во сите натпреварувања од почетокот на сезоната.
Абердин се наоѓа на седмото место во Шкотска, до крајот на сезоната ќе одигра уште два натпревари, прптив Ливингстон и Рос Каунти.
BM9 Bojan Miovski goal
3-0
Hibs are falling apart again pic.twitter.com/SUAVSsVaiM
— Rop Ted (@roptedmin) May 12, 2024
Спорт
(Видео) Проектилот на Де Пол го доближи Атлетико до ЛШ – Симеоне ја забележа 400. победа со „јорганџиите“
Фудбалерите на Атлетико Мадрид ја победија Селта со 1:0 на „Метрополитано“ во 35.коло од Ла Лига.
Херој во победата на Атлетик беше Родриго Де Пол, кој во финишот, во 84.минута, постигна еврогол за три бода со кои „јорганџиите“ веројатно го обезбедија пласманот во Лигата на шампионите. Ова беше 400. триумф на тренерот на Атлетико, Диего Симеоне, во Ла Лига.
Атлетико доминираше во текот на целиот натпревар, но имаше проблем со реализиацијата.
На голотна Селта блескаше Гуаита, кој имаше седум интервенции.
Селта единствената шанса за гол ја имаше во 59. минута кога ударот на Јаго Аспас спектакуларно го одбраи Јан Облак.
Атлетико на четвртото место има 70 бодови, осум повеќе од Атлетик Билбао, додека Селта е 16. со 34 бодови, пет повеќе од Кадиз кој е првиот тим под цртата.