Свет
Британските лекарите вршат притисок врз постарите граѓани да се откажат од правото на реанимација
Добротворните организации во Британија ги осудија извештаите дека лекарите вршат притисок врз постарите граѓани да потпишат формулар со кој се откажуваат од реанимација, пренесува „Брејтбарт“.
„Ејџ ју-кеј“, „Индепендент ејџ“ и други добротворни организации и регионални организации ги осудија извештаите за шокантни примери на постари, ранливи и критично болни луѓе што се чувствувале под притисок да потпишат формулар со кој се откажуваат од реанимација.
Писмото потпишано во понеделникот вели: „Покрај ова, многу од засегнатите луѓе почувствувале страв и вознемиреност и сметаат дека нивните животи и желби не се важни. Ова е срамно и неприфатливо. Само пациентот има право да одлучи дали сака да потпише формулар со кој се откажува од реанимација и има право да ја донесе таа одлука без притисок“.
Тие додаваат: „Не ги потценуваме значителните притисоци со кои се соочуваат сите вработени во нашите сектори за здравствена и социјална заштита во ова тешко време, но клучно е да продолжиме да ги заштитуваме основните човекови права на луѓето. Сосема неприфатливо е да се напуштат овие права во корист на носење сеопфатни дискриминаторски решенија“.
Интервенцијата следуваше кога минатата недела Би-би-си објави дека домовите за нега на стари лица во Брајтон и во Хов, јужна Англија, изразиле загриженост дека општите лекари вршат притисок врз своите пациенти со формулар со кој се откажуваат од реанимација.
Радиодифузерот видел документи испратени од Групацијата на клинички комисии на НХС до општите лекари од областа, во кои им се кажува дека повозрасните лица не може да бидат примени во болница со коронавирус и дека треба да проверат дали домовите за нега ги имаат потребните формулари за откажување од реанимација.
Документите содржеле дури и скрипта што лекарите треба да ја користат со пациентите и нивните семејства. Во дел од неа се вели: „Изнемоштени стари лица не реагираат на интензивното лекување потребно за компликации на белите дробови предизвикани од коронавирусот и ризикуваме нивниот прием во болница да биде засилување на нивните болка и страдање“.
„Затоа, нашата препорака е дека во случај на инфекција со коронавирус нивниот прием во болница е непожелен“, се додава во текстот.
Еден менаџер за нега во домашни услови изјавид дека еден општ лекар му кажал оти никој од луѓето за кои се грижи, а кои се постари од 75 години, нема да биде примен во болница.
Минатата недела имаше извештаи и дека хируршката клиника ГП во Велс била принудена да се извини по испраќањето писмо на ранливите пациенти, како што се оние што страдаат од неизлечиви болести, во кое нудат пополнување на формуларот за откажување од реанимација во случај нивната состојба да се влоши како резултат на коронавирусот.
Во писмото се тврди дека има неколку придобивки од откажувањето од нивното право на медицинска интервенција, вклучително и тоа дека амбулантните возила ќе се фокусираат на справување со младите и на тие во подобра здравствена состојба, кои имаат поголема шанса за преживување.
Писмото исто така ги охрабрува пациентите да размислат за заканата што ја претставуваат за пренесување на вирусот на медицински лица или членови на семејството ако одбијат да се откажат од реанимацијата.
Еден пациент на хируршката клиника „Линфи“ за писмото што го добил изјави: „Тоа не ме вознемири само мене, туку и моето семејство и блиските пријатели. Беше како да ми испратиле налог за смрт од косачот на смртта. Се почувствував безвредно. Живеам со карцином веќе осум години и сакам да живеам уште неколку години. Сè уште не си го копам гробот“.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Сè потензично меѓу Словачка и Украина: Зеленски и Фицо разговарале за руската нафта
Украинскиот претседател, Володимир Зеленски, и словачкиот премиер Роберт Фицо телефонски разговараа во услови на зголемени тензии поради прекинот на испораката на руска нафта преку нафтоводот „Дружба“, кој минува низ Украина.
Од кабинетот на Зеленски соопштија дека претседателот го поканил Фицо во Украина за да разговараат за сите отворени прашања.
Словачка и Унгарија го обвинуваат Киев за одолговлекување со повторното пуштање во работа на нафтоводот, чиј дел во Украина беше оштетен во руски напади во јануари. Тие тврдат дека е поправен, но Зеленски посочи дека работите сè уште не се завршени и ја повика Будимпешта да разговара со Москва, која, според него, повеќепати го бомбардирала нафтоводот.
Унгарскиот премиер Виктор Орбан соопшти дека со Фицо формирале заедничка истражна комисија и побара Украина да дозволи унгарски и словачки инспектори да влезат во земјата. Во меѓувреме, Орбан го блокира заемот од 90 милијарди евра од Европската унија за Украина и нови санкции против Москва, сè додека не продолжат испораките преку „Дружба“.
Свет
Врховниот суд на Израел ја стопира владината забрана за хуманитарните организации во Газа
Израелскиот Врховен суд привремено ја блокира одлуката на владата со која на 37. меѓународни хуманитарни организации, меѓу кои и „Лекари без граници“ и Норвешкиот совет за бегалци, им беше наложено да го прекинат работењето во Газа и на Западниот Брег, освен ако не ги прифатат новите услови, вклучително и доставување список на палестински персонал.
Седумнаесет здруженија пред шест дена побараа од судот итно укинување на одлуката, предупредувајќи на тешки хуманитарни последици.
Со привремената одлука на судот, организациите ќе можат да продолжат со поголемиот дел од активностите додека не се донесе конечна пресуда. Израелските власти тврдат дека мерката е неопходна за да се спречи злоупотреба на хуманитарната помош од палестински вооружени групи.
Свет
„Политико“: Демократите бараат итно објавување на транскриптот од сведочењето на Хилари Клинтон
Демократите во Претставничкиот дом бараат целиот транскрипт од сослушувањето на поранешната државна секретарка Хилари Клинтон пред членовите на Надзорниот комитет, во врска со истрагата за осудениот сексуален престапник Џефри Епстин, да биде објавен во рок од 24 часа.
Како причина за ова барање, демократите ја наведуваат ограничената транспарентност на постапката зад затворени врати, пишува американскиот „Политико“.
Демократските конгресмени Роберт Гарсија, Јасамин Ансари, Весли Бел, Сухас Субрамањам и Џејмс Вокиншо, кои се и членови на Надзорниот комитет на Претставничкиот дом што го спроведе сослушувањето, го поднесоа ова барање, но како што е наведено, веројатноста за објавување на транскриптот во толку краток временски период е многу мала.
Постапката бара судскиот записничар да го врати транскриптот во Комитетот по неколку дена, а правниот тим на Клинтон мора да го разгледа пред да биде објавен.
Сепак, демократите бараат итно објавување на транскриптот бидејќи Хилари Клинтон побара сослушувањето да биде отворено за јавноста, што беше одбиено.
Гарсија, исто така, рече дека Клинтон одговорила на сите прашања за време на сослушувањето и дека не се повикала на Петтиот амандман и дека не дала никакви информации што би биле корисни за истрагата на комисијата.
„Сведоци сме на неверојатно лекомислена кловновска претстава на сослушувања каде што членовите на Конгресот и Републиканската партија се повеќе загрижени за добивање можност за фотографирање со секретарката Клинтон отколку за тоа да дојдат до вистината и да повикаат некого на одговорност“, им рече Ансари на новинарите.

