Контакт

Вести

Израел ја засилува копнената офанзива, расте бројот на жртви во Газа

Објавено пред

Најмалку дваесет Палестинци се убиени во израелското бомбардирање на квартот Шеџаија во Газа од каде во неделата бегаат илјадници жители, на 13-от ден од офанзивата против палестинското исламистичко движење Хамас кој ја контролира палестинската енклава Појасот Газа каде што израелската армија којашто во саботата загуби уште два војника ја засилува копнената офанзива со што нејзините загуби се искачија на вкупно седум, додека бројката на палестински жртви се приближува до 400. 

dobivaj vesti na viber

Во израелското бомбардирање во неделата се убиени најмалку дваесет Палестинци во споменатата источна населба на градот Газа, пренесува Reuters повикувајќи се на болнички извори и очевидци. Во извештајот се додава дека болницата „Шифа“ во Газа е преполна со ранети довезени токму од квартот Шеџаија, која е оддалечена три километра.

Репортерите на AFP пренесуваат дека многу тела лежат на улиците, а екипите на медицинските екипи не можат да им пријдат поради интензивниот оган од израелските тенкови. Се додава дека палестинската телевизија al-Ketab прикажува грозоморни снимки на изгорени и растргани човечки тела, меѓу кои има и деца.

„Во копнената операција ’Линија на одбраната’ се вклучуваат дополнителни сили поради сузбивањето на тероризмот во Појасот Газа и воспоставување на сигурноста“, се истакнува во соопштението на израелската армија објавено во неделата. Израелската команда во неделата потврди дека загубила уште двајца војници во борбата при одбивањето на палестински специјален вод кој преку тунел влегол на територијата на Израел од центарот на Појасот Газа. Така, досега во речиси двете седмици борбени дејствија загинаа вкупно пет војници а 17 се ранети, покрај двете жртви од палестинските ракетирања на јужните делови од Израел, 400-те хоспитализирани од кои 283 биле во состојба на шок без телесни повреди.

Во Газа во неделата пред операцијата во Шеџаија каде што живеат 200 илјади жители од кои 40 илјади ја напуштиле населбата, биле убиени 12 Палестинци, така што бројот загинати изнесува над 370 луѓе, а ранети се повеќе од три илјади лица од почетокот на израелската офанзива на 8-ми јули. Според податоците на Обединетите нации меѓу загинатите и ранетите повеќе од три четвртини се цивили, додека УНИЦЕФ истакнува дека се убиени најмалку 73 малолетници.

Обединетите нации наведуваат дека во Газа примиле досега 62 илјади раселени, што е веќе поголем број од оној во судирот од ноември 2008 до јануари 2009 година, кога беа убиени повеќе од 1.400 Палестинци и стотина Израелци.

Израелската армија соопшти дека во саботата од позиции на палестинските милитанти биле истрелани 130 ракети, од кои 20 биле насочени кон Тел Авив. Според податоците од службата за односи со јавноста на Армијата за одбран на Израел (ЦАХАЛ), од почетокот на копнената фаза на операцијата во Појасот Газа биле убиени најмалку 130 Палестинци, од кои 110 биле активисти на радикални движења и организации, пренесува Итар-Тасс. За време копнената операција војската уништила 40 подземни тунели, поврзани со местата од кои се истрелуваат проектилите, како и складишта со оружје и командни центри. Токму уништувањето на овие тунели е објавената цел на израелската копнена операција.

Претседателот на палестинската самоуправа Махмуд Абаз во неделата во Доха би требало да се сретне со шефот на Хамас во егзил Калед Мешал, според палестински извори блиски до Абаз. Хамас, кој во вторникот го одби египетскиот предлог за примирје, во саботата навечер ги предаде своите услови за примирје на Египет, Катата, Турција, Арапската лига и на претседателот Абаз, откако не успеа иницијативата на шефот на француската дипломатија Лорен Фабиус по неговите разговори со израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху и претставници на палестинските милитанти.

Условите за примирје на Хамас се прекин на агресијата кон палестинскиот народ, целосно укинување на блокадата на Појасот Газа од копно, море и воздух која трае од 2006 година, отворање на преминот Рафах на границата со Египет, слобода на движењето на населението на Газа покрај границата со Израел, укинување на „тампон зоната“ на границата каде е забранет пристапот за палестинското население на Газа, која инаку е пренаселена со 1,8 милиони жители, овозможување за рибарење на 12 поморски милји од брегот на Газа, како и ослободување на палестинските затвореници кои беа ослободени во рамките на договорот за ослободување на израелскиот војник Гилад Шалит во 2011 година, повторно затворени по киднапирањето и убиството на тројцата израелски тинејџери во другата палестинска енклава Западниот брег./крај/мф/сн

Извор: Макфакс



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Вести

“Во основа е пекол на земјата”: Градот Газа оставен тотално без здравствената заштита

Објавено пред

Во раните утрински часови во саботата, над купови бетон и урнатини, толпа лекари и пациенти пешачеа километри низ уништените улици на градот Газа, принудени да се евакуираат пеш од она што остана од болниците. Здравствените работници велат дека се плашат да ги оставаат критично болните пациенти зад себе во град кој сега во голема мера е сведен на урнатини, преземен израелските сили, со болници кои работат без струја, гориво, вода или храна, пишува британски „Гардијан“.

dobivaj vesti na viber

“Тоа е во основа пекол на земјата”, вели Вилијам Шомбург, шефот на Меѓународниот комитет на Црвениот крст во Газа, опишувајќи го она што остана од животот во градот.

Со недели, десетици илјади луѓе се надеваа дека во болниците во Газа ќе најдат засолниште кое е најблиску до безбедно бидејќи енклавата издржа интензивирачки бомбардирања.

Но, откако израелските сили се приближија до објектите и потоа ја нападнаа најголемата болница во Газа, Дар ал-Шифа минатата недела, илјадници луѓе беа раселени заедно со медицинскиот персонал, шетајќи низ уништените улици на југ од енклавата.

Палестинското министерство за здравство во Газа соопшти дека израелските сили побарале евакуација на болницата Ал Шифа вчераутро, три дена откога влегоа во објектот. Здравствените лица сведочат дека им им било кажано дека имаат еден час да ја евакуираат болницата која беше центар на здравствениот систем на Газа.

Најмалку 12.000 луѓе загинаа во израелскиот напад врз Газа по нападот на Хамас на 7-ми октомври, во кој загинаа 1.200 Израелци, а околу 240 луѓе беа заложници.

Прикажи повеќе...

Вести

Борел: Целосно е невозможно да се евакуираат милиони луѓе од северот на Газа

Објавено пред

Првиот човек на ЕУ-дипломатијата Жозеп Борел утринава на прес-конференција изјави дека евакуацијата на милиони луѓе од северниот дел на Газа е целосно невозможна.

dobivaj vesti na viber

Десетици илјади цивили почнаа да бегаат од јужниот дел на Газа вчера, откако Израел им порача на луѓето да ја напуштат областа пред очекуваната копнена офанзива.

„Да се ​​замисли дека можеш да преселиш милион луѓе за 24 часа во ситуација во каква што е Газа, може да биде само хуманитарна криза“, рече Борел на последниот ден од тридневната дипломатска посета на Кина.

И покрај изјавата на ЕУ за поддршка на Израел, тој исто така предупреди дека и Израел е должен да го почитува меѓународното хуманитарно право во одбранбениот процес.

„Позицијата е јасна“, рече Борел. „Но, како и секое право, тоа има граница. А таа граница е меѓународното право“.

Прикажи повеќе...

Вести

Проценки на ОН: Десетици илјади луѓе веќе ја напуштија Газа

Објавено пред

Во текот на ноќта беа објавени најновите проценки на ОН за бројот на луѓе кои ги напуштиле своите домови во северниот дел на Газа.

dobivaj vesti na viber

Тие велат дека веруваат дека станува збор за десетици илјади кои се упатиле кон југ по предупредувањето за евакуација на Израел.

Пред наредбата за евакуација, повеќе од 400.000 Палестинци беа внатрешно раселени, според хуманитарната канцеларија на ОН OCHA.

Израелската војска им порача на околу 1,1 милион луѓе во северниот дел на Газа да заминат пред очекуваната копнена инвазија. Хамас, пак, ги повика луѓето да останат на место и да пркосат на израелската воена наредба.

Генералниот секретар на ОН, Антонио Гутереш рече дека наредбата од Хамас е „исклучително опасна – и во некои случаи едноставно не е возможна“.

Прикажи повеќе...

Најново

Свет34 минути

Маж е застрелан откако се обидел нелегално да влезе во имотот на Трамп во Флорида

Mаж е убиен откако се обидел нелегално да влезе во имотот на Трамп во Флорида, објави Скај њуз. Како што...

Свет1 час

Гласањето за трговскиот договор ЕУ–САД може да се одложи поради хаосот со тарифите

Претседателот на Комитетот за меѓународна трговија на Европскиот парламент, Бернд Ланге, предложи одложување на гласањето за трговскиот договор меѓу ЕУ...

Свет3 часа

Унгарија: ЕУ сака утре да го усвои 20-тиот пакет санкции кон Русија, ние ќе го блокираме

Унгарскиот министер за надворешни работи, Петер Сијарто, преку две објави на X повторно ја засили реториката кон Украина поради транзитот...

Свет5 часа

Индија го одложи патувањето на трговска делегација во Вашингтон поради нејасности околу царините на САД

Индија го одложи планираното испраќање трговска делегација во Вашингтон оваа недела, главно поради неизвесност по одлуката на Врховниот суд на...

Свет5 часа

(Фото) Трамп објави дека испратил болнички брод на Гренланд, Данска вели дека нема сознанија

Американскиот претседател Доналд Трамп повторно го стави Гренланд во фокусот со објава на Truth Social, тврдејќи дека испраќа голем болнички...

Свет6 часа

(Видео) Први масовни студентски протести во Иран по жестокото задушување на демонстрациите

Студенти на неколку универзитети во Иран излегоа на протести против владата – први вакви масовни собири откако минатиот месец властите...

Свет7 часа

(Фото+видео) Терористички напад во Лвов: загина полицајка, десетици ранети

Најмалку едно лице загина, а десетици други се ранети во експлозии што рано утрово го потресоа западниот украински град Лвов....

Свет7 часа

(Видео) Експлозии во Киев: Русија нападна со балистички ракети, повредени жена и дете

Русија лансираше балистички проектили врз главниот град на Украина, Киев, а во нападите во приградските делови повредени се жена и...

Свет8 часа

„Ова е целосна збрка за целиот свет“, велат експерти за новите царини на Трамп

Одлуката на Доналд Трамп да ја зголеми царината на американскиот увоз на 15 отсто дополнително ја зголемува глобалната нестабилност на...

Економија1 ден

(Видео) Мицкоски: 17 нови проекти вредни 650 милиони евра ќе донесат до 5.000 работни места

Премиерот Мицкоски денеска изјави дека во моментов се во почетна фаза на реализација или во фаза на потпишување договори за...

Економија1 ден

(Фото+видео) Николоски: Со одлична динамика се гради автопатот Гостивар – Букојчани

Задоволство е да се гледа прогрес и да се гледааат добри резултати во изградбата на автопатот Гостивар – Букојчани. Имаме...

Македонија1 ден

Филипче: Единствениот булинг на македонскиот народ му го прават ВМРО-ОКГ и Мицкоски

Претседателот на СДСМ, Венко Филипче, реагираше на изјавите на премиерот Христијан Мицкоски. „Наместо да ги спроведе реформите што Европа ги...

Македонија1 ден

(Видео) Не гледам потреба за одржување на предвремени парламентарни избори, вели премиерот Мицкоски

Премиерот Христијан Мицкоски не гледа потреба за одржување на предвремени парламентарни избори. Тој нагласи дека во разговорите со меѓународната заедница...

Македонија1 ден

(Видео) Манасиевски: Партиските притисоци предводени од СДС и ДУИ разрешувале судии за еден ден, морало се да оди по насока на Заев

Партиските притисоци предводени од СДС и ДУИ разрешувале судии за еден ден, кажа денеска на прес-конференција, Валентин Манасиевски, член на...

Македонија1 ден

(Видео) Мицкоски: Македонија е жртва на класичен булинг на земји членки кои од внатре го уценуваат интегрирањето во ЕУ

Европската интеграција на нашата земја, можеби е единствен случај во Европа чијашто интеграција во рамките на самата Европска Унија не...

Свет1 ден

(Фото+видео) Украински напад врз руска фабрика за ракети – 11 лица повредени

Единаесет лица се повредени во напад со беспилотно летало врз фабрика за производство на ракети во Удмуртија, Русија. Три од...

Свет1 ден

Макрон ја поздрави пресудата на Врховниот суд против царините на Трамп

Францускиот претседател, Емануел Макрон, ја поздрави одлуката на американскиот Врховен суд да ги поништи царините што претседателот на САД, Доналд...

Регион2 дена

(Видео) Насилни протести во Албанија: Фрлени молотови коктели врз зградата на владата

Во Албанија се одржа нов антивладин протест, кој беше обележан со тензии и судири со полицијата, пренесува Анадолија. Опозицискиот протест...

Македонија2 дена

Сиљановска-Давкова: Европа не може да биде целосно безбедна се додека Западен Балкан е надвор од Европската Унија

Без поцврста и поодлучна ЕУ, Балканот останува простор каде што надворешните сили ќе продолжат да ја тестираат својата моќ, порача...

Свет2 дена

Плановите за напад на Иран влегуваат во последна фаза: поамбициозни се отколку што се сметаше претходно

Американските воени планови за операции во Иран се во завршна фаза, со опции кои вклучуваат таргетирање поединци или дури и...