Спорт
Мбапе најскап, Меси деветти, Роналдо далеку од Топ 10
Откако ќе заврши пандемијата што ја предизвика вирусот Ковид-19 ништо нема да биде исто во светот на фудбалот. Финансиската криза што ги зафати клубовите ќе се почувствува и на трансфер-пазарот. Најавите се дека неколку години нема да има трансфери од над 100 милиони евра. Специјализираниот портал за фудбалски трансфери „Трансфермаркт“ ја објави моменталната цена на најдобрите фудбалери на денешнината. Забележливо е дека цените се пониски во однос на минатиот месец.
Прв на листата е Килијан Мбапе од Пари Сен Жермен, чија цена „паднала“ за 20 милиони евра. Најдобриот играч во светот Лионел Меси се наоѓа на деветтата позиција, тој вреди 28 милиони евра помалку од пред еден месец. Кристијано Роналдо се наоѓа на 46. место, цената му „паднала“ за 15 милиони евра. Најскап играч од регионот е голманот на Атлетико Мадрид, Јан Облак. Словенецот се наоѓа на 19. место, а проценет е на 80 милиони евра.
Топ 10:
1. Килијан Мбапе (ПСЖ) – 180 милиони евра
2. Рахим Стерлинг (Манчестер сити) – 128 милиони евра
3. Нејмар (ПСЖ) – 128 милиони евра
4. Садио Мане (Ливерпул) – 120 милиони евра
5. Мохамед Салах (Ливерпул) – 120 милиони евра
6. Хари Кејн (Тотенхем) – 120 милиони евра
7. Кевин Де Брујне (Манчестер сити) – 120 милиони евра
8. Џејдон Санчо (Борусија Дортмунд) – 117 милиони евра
9. Лионел Меси (Барселона) – 112 милиони евра
10. Трент Александер-Арнолс (Ливерпул) – 99 милиони евра.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Спорт
(Видео) Сити го прегази Јувентус

Фудбалерите на Манчестер сити го декласираа Јувентус во Орландо (5:2) и ја освоија првата позиција во Групата Г на Светското клупско првенство. .
Џереми Доку постигна гол за „граѓаните“ во деветтата минута, Пизедначи Теун Копмајнерс две минути подцна, а потоа следувше канонада кон голот на Јувентус.
Мрежата на „старата дама“ ја погодија Пјер Калулу (автогол) во 26-та минута, Ерлинг Халанд во 52-та, Фил Фоден во 69-та минута и Савињо во 75-та минута. Вториот гол за Јуве го постигна Душан Влаховиќ во 84-та минута.
Сити и Јувентус од оваа група се пласираа во осминафиналето.
Спорт
Младинците на Холандија го освоија Европското првенство

Холандската фудбалска репрезентација ја победи Шпанија со 1:0 во финалето на Европското првенство во фудбалери до 19 години, кое се одржа во Романија.
Шпанците не успеаја да слават по 13-ти пат, за среќа на Холанѓаните, кои за прв пат станаа европски шампиони во оваа категорија.
Двата тима внимателно влегоа во финалето, а клучниот момент се случи во 63-та минута кога шпанскиот репрезентативец Раул Хименез си постигна автогол, кој подоцна ќе се покаже како одлучувачки.
Залудно, до крајот на натпреварот, Шпанија се обидуваше да го промени резултатот, и покрај нападите, реализацијата изостана, а титулата европски шампион отиде во рацете на Холандија.
Спорт
Европско првенство во џудо за кадети од денес во Скопје

Отворено е Европското првенство (ЕП) во џудо за кадети, во организација на Европската џудо-унија (ЕЏУ), кое од денес до недела ќе се одржи во Скопје
Под мотото „Младите ѕвезди на иднината“, овој престижен настан ќе ги собере најдобрите млади џудисти од целиот континент, кои ќе се натпреваруваат за европските медали и ќе ги покажат својата сила, техника и спортски дух.
Македонија за првпат е организатор на Европско првенство во џудо, а по тој повод на отворањето на настанот се обрати министерот Панче Тошковски кој рече дека чест и задоволство е што државата ги пречекуваме младите џудисти и нивните поддржувачи од цела Европа.
„Џудото нè обликува преку дисциплина, почит и стремеж кон извонредност – вредности што силно ги цениме. Ова првенство е вистинска манифестација на младешкиот дух, истрајноста и светлата иднина на овој благороден спорт.“, потенцираше министерот.
Претходно беше потпишан Мемнорандум за разбирање помеѓу Министерството за внатрешни работи, Европската џудо федерација и Националната џудо федерација на Македонија. Целта е соработка на проекти за промоција и џудото Македонија, со посебен фокус на едукација на полициски службеници во областа на џудо спортот и самоодбраната. Планирани се програми за физичка обука базирани на џудо за полициски службеници за подобрување на самоодбраната, техниките на ограничување на движењето и целокупната физичка подготвеност и соработка во многу други активности кои го промовираат спортот, дисциплината и здравото живеење на младите.