Спорт
Баерн го продава Мануел Ноер?

Долгогодишниот голман на Баерн Минхен Мануел Ноер би можел да добие дозвола да го напушти клубот. Челниците на Баерн биле незадоволни и разочарани од неговиот однос кон клубот.
Преговорите на Ноер и Баерн околу новиот договор завршиле по само четири минути. Голманот бил незадоволен што клубот му понудил соработката да ја продолжи до 2023 година. Ноер барал договор до 2025 година, односно имал желба кариерата да ја заврши во Баерн.
Баварците веќе донесоа еден голман за наредната сезона. Во Минхен како слободен играч требада пристигне голманот на Шалке Александер Нубел.
Ноер и со ова одлука на клубот не се согласува, јавно изјави дека нема намера да биде резерва ниту на натпреварите во Купот на Германија.
Ноер се поврзува со Челси, но неговиот став е јасен не сака да замине од клубот во кој пристигна пред девет години.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Спорт
(Видео) Сити го прегази Јувентус

Фудбалерите на Манчестер сити го декласираа Јувентус во Орландо (5:2) и ја освоија првата позиција во Групата Г на Светското клупско првенство. .
Џереми Доку постигна гол за „граѓаните“ во деветтата минута, Пизедначи Теун Копмајнерс две минути подцна, а потоа следувше канонада кон голот на Јувентус.
Мрежата на „старата дама“ ја погодија Пјер Калулу (автогол) во 26-та минута, Ерлинг Халанд во 52-та, Фил Фоден во 69-та минута и Савињо во 75-та минута. Вториот гол за Јуве го постигна Душан Влаховиќ во 84-та минута.
Сити и Јувентус од оваа група се пласираа во осминафиналето.
Спорт
Младинците на Холандија го освоија Европското првенство

Холандската фудбалска репрезентација ја победи Шпанија со 1:0 во финалето на Европското првенство во фудбалери до 19 години, кое се одржа во Романија.
Шпанците не успеаја да слават по 13-ти пат, за среќа на Холанѓаните, кои за прв пат станаа европски шампиони во оваа категорија.
Двата тима внимателно влегоа во финалето, а клучниот момент се случи во 63-та минута кога шпанскиот репрезентативец Раул Хименез си постигна автогол, кој подоцна ќе се покаже како одлучувачки.
Залудно, до крајот на натпреварот, Шпанија се обидуваше да го промени резултатот, и покрај нападите, реализацијата изостана, а титулата европски шампион отиде во рацете на Холандија.
Спорт
Европско првенство во џудо за кадети од денес во Скопје

Отворено е Европското првенство (ЕП) во џудо за кадети, во организација на Европската џудо-унија (ЕЏУ), кое од денес до недела ќе се одржи во Скопје
Под мотото „Младите ѕвезди на иднината“, овој престижен настан ќе ги собере најдобрите млади џудисти од целиот континент, кои ќе се натпреваруваат за европските медали и ќе ги покажат својата сила, техника и спортски дух.
Македонија за првпат е организатор на Европско првенство во џудо, а по тој повод на отворањето на настанот се обрати министерот Панче Тошковски кој рече дека чест и задоволство е што државата ги пречекуваме младите џудисти и нивните поддржувачи од цела Европа.
„Џудото нè обликува преку дисциплина, почит и стремеж кон извонредност – вредности што силно ги цениме. Ова првенство е вистинска манифестација на младешкиот дух, истрајноста и светлата иднина на овој благороден спорт.“, потенцираше министерот.
Претходно беше потпишан Мемнорандум за разбирање помеѓу Министерството за внатрешни работи, Европската џудо федерација и Националната џудо федерација на Македонија. Целта е соработка на проекти за промоција и џудото Македонија, со посебен фокус на едукација на полициски службеници во областа на џудо спортот и самоодбраната. Планирани се програми за физичка обука базирани на џудо за полициски службеници за подобрување на самоодбраната, техниките на ограничување на движењето и целокупната физичка подготвеност и соработка во многу други активности кои го промовираат спортот, дисциплината и здравото живеење на младите.