Свет
Борел: Русија и Кина ја користат пандемијата за да го прошират своето влијание
Високиот претставник на ЕУ за надворешни работи и безбедносна политика, Жозеф Борел, смета дека Русија и Кина ја користат здравствената криза предизвикана од Ковид-19 и им даваат помош на другите земји во обид да ја зголемат својата геополитичка улога во светот. Тој го изрази овој став во денешното интервјуто за „Ла Република“.
„Очигледно е дека Кина и Русија сакаат да го зголемат своето влијание на глобално ниво. Логично е дека ја користат и здравствената во таа насока, применувајќи ги сите свои способности. Оваа стратегија се заснова на покажувањето дека одредени политички системи се поефикасни од нашиот во борбата против пандемијата“, изјави Борел.
Според него, најголемите сили, како Кина и Русија, ги користат медиумите за да го искористат ефектот на нивната помош, ја зголемуваат својата геополитичка улога во светот со формирање на јавното мислење, меѓу другото.
Високиот претставник потсети дека ЕУ, исто така, обезбедила помош прво на Кина, а подоцна и на Италија, што вклучуваше испраќање медицинска мисија финансирана од ЕУ во Ломбардија.
Претходно, рускиот амбасадор во Италија, Сергеј Разов, изјави за ТАСС дека не постојат геополитичко мотиви зад руската помош за Италија и потсети дека постојат и благородни причини, како што се солидарноста, меѓусебната помош и поддршката.
Кон крајот на декември 2019 година, кинеските власти ја известија Светската здравствена организација (СЗО) за појава на претходно непозната пневмонија во градот Вухан, централна Кина. Оттогаш, се пријавени случаи на Ковид-19 во секој агол на светот, вклучително и Русија.
На 11 март 2020 година СЗО го прогласи појавата на коронавирус за пандемија. Според најновите статистички податоци, повеќе од 1.500.000 луѓе се заразени во светот и пријавени се повеќе од 88.000 смртни случаи. Покрај тоа, досега над 331.000 лица закрепнале од болеста. Досега, вкупно 10.131 случаи на коронавирус се потврдени во Русија, при што 698 пациенти закрепнале од вирусот. Москва има најголем број случаи (6.698). Најновите податоци на Русија покажуваат 76 починати на национално ниво.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Трамп: Секој Евреин што ќе гласа за Мамдани е глупав човек
Американскиот претседател Доналд Трамп ги повика Евреите во Њујорк да не гласаат за кандидатот на левото крило на Демократската партија, Зохран Мамдани, нарекувајќи го „докажан мразител на Евреите“.
„Секој Евреин што ќе гласа за Зохран Мамдани е глупaв човек!“, напиша Трамп на својата платформа Truth Social, обвинувајќи го 34-годишниот кандидат дека „ги мрази Евреите“. Мамдани, муслимански демократски социјалист роден во Уганда, е познат поддржувач на палестинската кауза и застапник на кампањата за бојкот и санкции против Израел.
Во обид да ги смири реакциите, Мамдани во последните месеци јавно се изјаснува против антисемитизмот. Тој води во анкетите со 41 отсто поддршка, пред поранешниот гувернер Ендру Куомо, кој има 34 отсто и ја има поддршката на Трамп.
Трамп претходно се закани дека ќе му ги ускрати федералните средства на Њујорк ако Мамдани победи на изборите за градоначалник.
Свет
Глобалното затоплување ќе ја надмине границата од 1,5 степени, предупредува ОН
Светот нема да го исполни климатскиот цел од ограничување на затоплувањето на 1,5 степени Целзиусови, соопшти Програмата на Обединетите нации за животна средина (UNEP). Според годишниот извештај, поради недоволните мерки за намалување на емисиите на стакленички гасови, глобалната температура во следната деценија ќе ја надмине целта утврдена со Парискиот договор од 2015 година.
UNEP предупредува дека сегашните политики водат кон раст на температурите од 2,3 до 2,5 степени, што ќе биде „тешко да се преобрати“. Иако е постигнат напредок во однос на пред десет години – кога прогнозите укажуваа на пораст до четири степени – емисиите и понатаму растат, бидејќи земјите се потпираат на јаглен, нафта и гас за производство на енергија.
Овие податоци, според агенцијата, дополнително ќе го засилат притисокот пред климатскиот самит COP30, на кој државите ќе разговараат за побрзо финансирање на мерките за ублажување на глобалното затоплување.
Свет
Германија им нуди пари на Авганистанците ако се откажат од доаѓање во земјата
Германската влада им понудила финансиска надомест на Авганистанците кои имаат одобрение за прием во Германија, доколку доброволно се откажат од тоа одобрение за влез во земјата.
Според документот на Германското друштво за меѓународна соработка, понудата се однесува на околу 660 лица кои сега се во Пакистан. Поединци што ќе прифатат, ќе добијат еднократна исплата — 1500 евра во Пакистан и дополнителни 5000 евра како „помош за нов почеток“, но со тоа ќе се откажат од сите идни побарувања кон германската влада.
Министерството за внатрешни работи објаснило дека не може да гарантира навремен завршеток на програмата за прием поради административни пречки и рокови што ги поставила пакистанската влада.
Хуманитарни организации ја осудија понудата, нарекувајќи ја „лоша“ и „недоволна“. Според нив, износот не го покрива ниту дел од трошоците што бегалците веќе ги направиле, а враќањето во Авганистан би значело ризик за нивниот живот под талибанскиот режим.
Во меѓувреме, неколку авганистански семејства што поднеле тужби против германската држава успеале да добијат дозвола за влез и пристигнале во Хановер.

