Европа
Холанѓанка со 107 години го преживеала вирусот откако се заразила на миса

Холанѓанка на возраст од 107 години заздрави од коронавирусот и најверојатно ќе стане најстарата личност во светот која ја пребродила болеста.
Корнелија Рас се разболела на 17 март, ден по нејзиниот 107. роденден, објави холандскиот весник АД, откако била на миса со свои пријатели од старскиот дом во Горе-Оверфлке, остров во југозападниот дел на земјата.
Таа со 40 други лица од домот кои присуствувале на мисата била тестирана како позитивна на вирусот.
Во меѓувреме, дванаесет лица од таа група починале, но лекарите на госпоѓа Рас во понеделникот и соопштиле дека таа ја пребродила болеста.
„Не очекувавме дека ова ќе го преживее“, изјавила нејзината внука Маике де Грут.
„Таа не користи лекови, сè уште се движи, а секоја вечер клекнува и му благодари на Господ за долговечноста. Како што стојат работите, се чини дека и натаму ќе може да го прави тоа”, рекла внуката.
Пред Корнелија Рас, најстариот документиран преживеан пациент од коронавирус беше 104-годишниот Американец Бил Лапшис.
Холандија денека потврди уште 148 смртни случаи од коронавирус, со што сега бројката изнесува вкупно 2.396. Заразени се околу 21.000 луѓе.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Европа
Млад човек упадна во компанија во Германија: уби едно лице со нож и тешко повреди уште двајца

Дваесет и едногодишен маж избодел тројца вработени во компанијата за електрична енергија „Уберландверке Рен“ во Германија, соопшти полицијата.
Еден вработен е убиен, а двајца се тешко повредени во Мелрихштат, мал град источно од Франкфурт во јужна Германија, соопшти полицијата во објава на социјалните мрежи.
Според „Билд“, вработениот починал откако претрпел повеќекратни убодни рани во горниот дел од телото, вклучувајќи го и вратот.
Осомничениот, 21-годишен германски државјанин, е уапсен, потврди портпаролот на полицијата. Сè уште не е јасно каква е неговата поврзаност со компанијата или кој би можел да биде неговиот мотив за нападот.
„Грижата за повредените е наш врвен приоритет, како и разјаснувањето на точните околности на инцидентот“, изјави портпаролот на полицијата.
Европа
Данска го презема претседавањето со Европската Унија

Данска денес го презема од Полска ротирачкото шестмесечно претседавање со Европската Унија.
Се очекува владини претставници од Копенхаген да претседаваат со бројни министерски состаноци во текот на следните шест месеци и да дејствуваат како медијатори во споровите меѓу 27-те земји-членки на ЕУ.
Тематски, Данците сакаат да се фокусираат на заеднички проекти за вооружување против заканата од Русија и зголемена конкурентност во рамките на ЕУ под мотото „Силна Европа во светот што се менува“.
Тие, исто така, се надеваат дека ќе ги унапредат законските проекти за борба против несаканата миграција и климатските промени.
Главните предизвици за данското претседателство веројатно ќе бидат тековната унгарска блокада на Украина во преговорите за пристапување кон ЕУ и трговскиот спор со Соединетите Американски Држави.
Се закануваат дополнителни спорови околу финансиските прашања, бидејќи дискусиите за долгорочниот буџет на ЕУ од 2028 до крајот на 2034 година треба да започнат во наредните месеци.
Ставовите на земјите-членки варираат во голема мера. На пример, Германија, како нето придонесувач, се спротивставува на зголемувањето на буџетот, кој неодамна изнесуваше повеќе од еден билион евра.
Европа
Русите целосно го окупираа регионот Луганск: руски гувернер тврди дека е така

Русија целосно ја презеде источната украинска покраина Луганск, објавија вчера окупаторските власти.
Извештајот за целосното преземање дојде пред два дена, изјави на руската државна телевизија гувернерот на регионот назначен од Москва, Леонид Пашечник.
Досега нема потврда од Киев.
Министерството за одбрана во Москва, исто така, сè уште не извести за целосната окупација на Луганск. Сепак, во минатото, официјалната потврда од Москва обично доаѓаше кратко време по извештаите за успех од локалните окупациски власти.
Источниот украински регион Луганск веќе беше под делумна контрола на сепаратистите поддржани од Москва во 2014 година. На почетокот на целосната инвазија во февруари 2022 година, Русите успеаја да го освојат поголемиот дел од регионот во рок од неколку месеци.
За време на нивната контраофанзива на есента 2022 година, Украинците успеаја да ги вратат некои области во северен Луганск. Сепак, неодамна држеа само неколку квадратни километри територија.
Рускиот претседател Владимир Путин тврди дека украинските региони Луганск, Донецк, Запорожје и Херсон, заедно со Крим, кој беше анектиран во 2014 година, се целосно руска територија.