Спорт
Рускиот шампион во удирање шлаканици VS бразилскиот ѕвер Зулузињо во затворска пресметка (видео)
Во време на спортска досада, без многу случувања на целата планета, на сцена доаѓаат најбизарните работи, како најновиот дуел на популарниот руски шампион во удирање шлаканици, Василиј Хамотскиј, против ММА-ѕверот од Бразил, Зулузињо, во пресметка за пари во еден неидентификуван затвор.
Хамотскиј минатата година стана феномен на интернет кога победи на локалното натпреварување во удирање шлаканици во Сибир во март 2019 година, а сега во последната пресметка за награда од 150.000 рубли (околу 2.000 долари) тој се упати во затворска келија.
Противникот овој пат беше огромниот бразилски ММА-борач, Вагнер да Консеисао Мартинс, попознат како Зулузињо. Џиу-џицу специјалистот со ММА-скор од 14-9, Зулузињо, поголемиот дел од мечевите го имаше во ПРАЈД и К-1 промотерските куќи, а имаше борби и со ММА-легендите Антонио Ногуера и Федор Емелијаненко.
Борбата почна со удар на Русинот, но тој не го помрдна Бразилецот и остави само бела трага на неговиот образ. Зулузињо врати со удар, кој, според правилата на овој бизарен спорт, беше неправилен бидејќи го погоди во увото. Во следниот обид Русинот го закачи противникот во окото и увото и двајцата мораа да добијат помош за закрепнување.
Третиот обид на Хамотскиј беше најимпресивниот по што Бразилецот доби медицинска помош пред тој да врати во петтата рунда. Сепак, на крајот мечот заврши со реми, а наградниот фонд беше поделен.
До следната бизарна пресметка.
Рускиот шампион во удирање шлаканици доби шокантен нокаут: Ме стави во кома! (видео)
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Спорт
(Видео) Хаос на Африканскиот куп – Се степаа фудбалерите, навивачите го демолираа стадионот, нападнати и судиите
Нигерија се пласираше во полуфиналето на овогодинешниот Африкански куп на нации со победа од 2:0 против Алжир. Стрелци беа Виктор Осимен во 47-та минута и Акор Адамс во 57-та минута.
Во полуфиналето, Нигерија ќе игра против домаќинот на турнирот, Мароко.
Четвртфиналниот натпревар помеѓу Нигерија и Алжир, имаше и трето полувреме. Алжирците тешко се справија со елиминацијата.
Додека Нигеријците го славеа пласманот во полуфиналето, разочараниот Лука Зидан, синот на легендарниот Зизу и голман на Алжир, влезе во вербалена, а потоа и физичка пресметка со неколку противнички играчи.
На теренот настана метеж, а во последен момент, редарите спречија дел од алжирските навивачи да истрчаат на тревникот, со што избегнаа посериозни инциденти.
Chaos broke out after Algeria lost woefully to Nigeria as Algeria’s goalkeeper Luca Zidane fought Fisayo Dele-Bashiru. pic.twitter.com/U9t4uMa5ky
— Linda Ikeji Blog (@lindaikeji) January 10, 2026
Инцидентите не запреа на теренот. Она што започна таму продолжи во тунелот и микс зоната на стадионот во Маракеш.
Фудбалерите од Нигерија и Алжир сакаа да ги израмнат сметките на патот кон соблекувалните. Алжирците го нападнаа и судијата на натпреварот. Иса Си од Сенегал успеа да избега со помош на обезбедувањето.
AFCON 2025 🇲🇦
Terrible scenes as Algeria 🇩🇿 players attacked match referee after the loss to Nigeria 🇳🇬 Super Eagles.
I wonder why they could dispute a very clean win.
Sanctions are on the way this is not sportsmanship @soka25east pic.twitter.com/ms7hXOhRav
— Collins Okinyo (@bedjosessien) January 10, 2026
Имаше судири и на трибините. Навивачите на Алжир, огорчени од испаѓањето кршеа столчиња на стадионот. Дури и новинарите се судрија во микс зоната.
Foto/ EPA/JALAL MORCHIDI
Спорт
Шредер суспендиран, сакал физички да се пресмета со Дончиќ
НБА го суспендираше кошаркарот на Сакраменто Кингс, Денис Шредер, на три натпревари, поради обид да го удри Лука Дончиќ по поразот од Лос Анџелес Лејкерс.
Настанот се случил на 28 декември минатата гоидна, по натпреварот што Лејкерс го добија како домаќини со 125:101.
Дончиќ и Шрудер имале неколку вербални конфликти во текот на натпреварот.
За време на еден тајмаут, Дончиќ го провоцирал Шредер, велејќи му „требаше да го потпишеш тој договор“, алудирајќи на четиригодишното продолжување од 82 милиони долари што Шредер го одби од Лејкерс пред неколку години, а потоа мораше да се задоволи со многу помалку профитабилен договор.
Страстите се чинеше дека се смирија по завршувањето на натпреварот. Сепак, германскиот репрезентативец кога ја напуштил соблекувалната го забележал Дончиќ и се стрчал кон него пред соблекувалната на Лејкерси.
Четириесет минути по последниот звук на сирената, Шредер се упатил кон Дончиќ, велејќи му дека не може да го нарече навредлив на теренот, а потоа надвор од теренот да се однесува како сè да е во ред. НБА заклучи дека се обидел да го удри Дончиќ.
Центарот на Лејкерси, Деандре Ајтон, се обидел да го повлече Шрудер настрана, додека исплашениот Дончиќ веднаш се оддалечил, а морало да интервенира и обезбедувањето.
Шредер на крајот беше испратен до тимскиот автобус додека тренерот на Кингс, Даг Кристи, и неколку соиграчи се обидувале да разберат што всушност се случило.
Лејкерси и Кингс ќе се сретнат повторно во понеделник, во Сакраменто, а Шредер ќе го пропушти и тој натпревар поради суспензијата.
Спорт
Уште еден тренер во Премиер лигата ќе остане без работа
Тотенхем целосно ја изгуби довербата во Томас Франк и се очекува наскоро да му врачи отказ.
Поразот од Астон Вила и елиминацијата од ФА купот, ја прели чашата на „Вајт Харт Лејн, клупските челници се подготвени да го заменат Томас Франк, кој целосно потфрли откако го замени Ангелос Постекоглу.
Под палката на Франк, Тотенхем забележа само 11 победи во 31 натпревар, со осум нерешени резултати и дури 12 порази, и не изгледа дека Данецот може да ја подобри формата на тимот.
Освен резултатите, прилично неубедливата и играта, во споредба со минатата сезона со Постекоглу.
Засега нема индикации кој би можел да биде замена за Франк, особено среде сезоната. Најценетите менаџери во Премиер лигата се Андони Ираола и Оливер Гласнер, но тие нема да ги напуштат Борнмут и Кристал Палас пред крајот на сезоната.
Се шпекулираше дека Тотенхем би бил среќен да го врати Маурисио Покетино, но Аргентинецот е фокусиран на натпреварување на Светското првенство со селекцијата на САД. Сепак, тој е под договор на крајот на Мундијалот и нема да биде достапен до летото.

