Црна хроника
На летот Каракас-Париз најден кокаин во вредност од 200 млн евра
Француската полиција за борба против наркотиците неодамна запленила во авион на воздухопловната компанија „Air France“ кој летал од Каракас повеќе од тона чист кокаин, едноставно спакуван во триесетина ковчези кои не припаѓале на ниеден од патниците за Париз.
На конференцијата за медиумите во саботата навечер во канцеларијата на централното биро за сузбивање на криумчарењето на наркотици во француското гратче Нантер во близина на Париз, францускиот министер за внатрешни работи Мануел Валс им честиташе на истражните органи на оваа заплена, најголемата досега во Франција. Додал дека неколку лица досега се притворени во врска со овој случај.
Според властите на Венецуела, станува збор за истрага којашто траеле неколку седмици во соработка со француската, шпанската, британската и холандската полиција, операција којашто овозможила во петокот да бидат запленети 1.300 килограми висококвалитетен чист кокаин чијашто вредност во препродажба се проценува на околу 200 милиони евра. Оваа афера „ја илустрира целта на јакнењето на меѓународната соработка во борбата против криумчарите“, истакнал францускиот министер Валс.
„Криумчарите секогаш преземаат нови стратегии, ги менуваат патиштата на дрогата. Оттаму мораме постојано да ги прилагодуваме нашите служби и нашите стратегии во тој напредок“, додал Валс.
„Неколку припадници на злосторничката организација се притворени во последните 24 часа“, истакнал министерот, но одбил да прецизира колку лица точно се приведени.
Во Каракас истовремено венецуелските власти најавија отворање голема истрага за да се утврди потеклото на оваа дрога./крај/мф/сн
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
Дете нападнато од врсници во Карпош, едниот снимал со телефон
Вчера во 18:30 часот во СВР Скопје, Ј.Ц.А. (45) од Скопје пријавила дека околу 14:45 часот на подрачјето на Карпош, нејзиниот малолетен син бил физички нападнат од двајца малолетници кои ги познавале, информираат од МВР.
Според пријавата, едниот од напаѓачите го снимал настанот со мобилен телефон.
Од полицијата соопштуваат дека се преземаат мерки за расчистување на случајот.
Црна хроника
Приведен 15-годишен кумановец поради кражба на автомобил и приватни имоти
На 23 февруари 2026 година во 11:10 часот, полициски службеници од СВР Куманово лишиле од слобода 15-годишник од Куманово, информираат од МВР.
Според полицијата, тој одзел паркирано патничко моторно возило „форд ескорт“, сопственост на Р.Ј. (25) од Куманово. Дополнително, се сомничи дека влегол во два приватни имоти и одзел повеќе предмети.
Малолетникот бил приведен во полициска станица, а по целосно документирање на случајот против него ќе следува соодветна пријава.
Фото: илустрација
Црна хроника
14-годишно дете возејќи автомобил во Дебреште удрило во бетонски столб, повреден е и неговиот малолетен сопатник
Синоќа во полицијата било пријавено дека во село Дебреште, општина Долнени, патничко возило „опел“ со прилепски регистарски ознаки, управувано од 14-годишен малолетник од селото, удрило во бетонски столб, соопшти МВР.
Во несреќата, 14-годишен сопатник од Дебреште се здобил со тешки телесни повреди, додека возачот и 16-годишен сопатник се здобиле со телесни повреди, констатирани во Градската општа болница Прилеп.
Увид на местото извршила увидна екипа на ОВР Прилеп.

